Немој, немој уште еднаш да помислиш на такво нешто, а камо ли да го сториш! НИКАКО!! Продолжи да бидеш храбра и борбена ќе видиш ќе ти се исплати. Ете, уште малку ќе бидеш полнолетна, и да не одиш на факултет ќе си најдеш работа и ќе си изнајмиш станче или гарсоњеричка, ке си имаш свој мир и спокој. Не дозволувај зборовите на родителите да те обесхрабруваат, напротив докажи им дека можеш многу да постигнеш во животот. За дечковците не се замарај ич, че доаѓаат и ќе си одат, се додека не дојде тој правиот. Во меѓувреме работи на себе, читај, вежбај, било што, за да ти се оттргнат црните мисли и најбитно САКАЈ СЕ СЕБЕ СИ. ВРЕДИШ!!
Многу се израдував кога видов дека повторно си вклучена на форумот. И кај мене дома е исто и јас ако имам дечко ќе морам да го кријам од моите родители и сл. И јас сакав да се самоубијам, но не можев бидејќи верувам во господ исто како тебе, не можам затоа што сватив дека смрта не решение. Мораме да бидеме силни
@edna_malecka Признавам, се исплашив за тебе. Ама длабоко во себе знаев дека си добро. Ниеден проблем не е нерешлив, посебно сега за млада личност како тебе, уште многу разочарувања те очекуваат низ животот но и уште безброј убави моменти што вреди да ги изживееш. Не знам дали и колку можам да ти помогнам, но можам да те ислушам. Слободно пиши ми ако имаш потреба од разговор
Нема ништо негативно во споделување чувства. Воопшто нема потреба да размислуваш така. Проблемот со твоите дома е решлив. Набрзо ќе завршиш средно, ќе имаш шанса за работа, а со тоа ќе можеш да си дозволиш барем кирија со цимери. Ќе имаш шанса да избегаш од токсичната средина и да запознаеш нови луѓе. Не мора да споделуваш дома со твоите ништо непотребно освен формална комуникација. За дечковците само ќе кажам услуга ти направиле кретените што се тргнале од тебе. Но ниту тие, ниту твоите се репер за тоа колку треба да си сакана. Родители што не си сакаат дете се токсични створења и во нив е вината. Сакај си се себе си, небитно од тоа што зборат тие.
@edna_malecka океј. Како се чувствуваш сега? Дали се чувстуваш подобро или полошо? Како и да е, навистина ми е жал за се што си претрпела до сега и за тоа како си се чувстувала вчера и денес. Дали разговорите прават да се чувстуваш подобро, вака кога ќе се искажиш како ти е? Кога ќе напишиш се како стои и како се чувствуваш вистински, дали ги помага? Дали имаш пробано да разговараш со твоите родители за ова? Ќе бидам искрена, немам читано за каков ти е односот дома сем нели, лош према ова овде шо читав, но ако знат како се чувстуваш ти, дали мислиш дека ќе се смени нешто? Ако искажување на емоции ти олеснува, by all means пишувај почесто, чисто за да се искажиш. Те молам размисли на овие прашања, одговори ги ако сакаш јавно, ако не сакаш и не мора. Што ти треба во моментов е стручна поддршка и верувај ми, ќе биди подобро. Под подобро мислам, самата поддршка од стручно лице помага, ќе те насочи вистински кога ќе те запознае тебе и твојот проблем и ќе ти биди поддршка која ти треба. Ова нека не ти е најдолу на листата, туку најгоре. Во меѓувреме ќе ти пишам како да се справиш, ама имај на ум, се шо ќе ти пишам е повремено. Повремено ќе ти поможи. Ама за долгорочен ефект потребна е терапија и тоа не е ништо лошо, ни срамно. Прочитав дека си верник, оди во твојот свет храм и разговарај со свето лице. Прво за да добиеш сенс на мир кој е многу потребен во вакви ситуации. Следно, знам дека ова е клише, ама физичка активност. Физичка активност сама по себе не решава проблем, но е привремена алатка за вадење на негативност од себе и од после да се чувствуваш олеснато. Практикувај дишење длабоко, и полека. Секој пат кога ти бегаат мислите, врати ги кон дишењето. Како оди внатре во тебе воздухот. Како го вадиш надвор. И уште нешто, имај си играчка покрај себе. Stress ball на пример, лично имам четири различни коцки. Кога имаш нагон, како нелагодност, како место да не те држи, прицкај на нешто, во случајов топче, дур паралелно дишиш длабоко и се концентрираш само на тоа. Ова не е многу, и пак ќе речам, ова е се краткотрајно. Дури и би ти рекла, земи пдф од книги за самопомош, даваат моментален сенс на мир и среќа. И тоа ти треба, па зошто да не го земиш? Следно можиш да се приклучиш на апликации за емоционална и ментална поддршка како, на англиски 7Cups, кога бев тин јас лично врвев многу време тука и ако е барем пола од страната што беше - феноменална е. Или уште подобро, но со симболична цена, разговоримк. Со лиценцирани и обучени психолози е. Имам близок пријател на таа страна и од таму знам дека има квалитет. Кога беше карантинот излезе листава, не знам дали уште важи. Се памтам уште една листа вака со бројчиња, ако најдам ќе ја прикачам. Не сакам да те форсирам во барање на помош, ама барање на помош не е слабост, и е клучно за подобрување. За твое добро. И за крај неќам да се повторвам со сите, зошто поубави работи од тука немам прочитано. Позитивни, прекрасни. Навистина. Ама уште малку ќе бидиш полнолетна и топката ќе биди во твои раце и се ќе се смени! Нели тоа е нешто за кое вреди да се продолжи? И тука ќе бидиме сите пак да ти сме поддршка за подобро утре. А, подобро утре постои. Тоа можам со цела душа да го гарантирам. Прегратки.
@edna_malecka Мила, што и да треба пиши ми.Се растревожив кога те читав.Во целата негативност ќе најдеш нешто позитивно што ќе те натера да живееш.Животот е многу убав подарок.Искористи го тој подарок максимално.
Те разбирам се што ти се случува, очигледно е голем проблемот посебно со домашните. "Сечење вени" за мене е несфатливо а и не сакам уште еднаш да слушнам од тебе такво нешто. Видов дека си пишала дека си верник, а смислата на христијанството е животот. Исус го распнаа и се жртвуваше за нас, за спасение на нашите животи. Надевај се на Господа од се срце и не се потпирај врз твојот разум. И јас имам проблеми и јас сум тинејџер, се плашев од другите што ќе речат, ме озборуваа. Но никогаш не помислив на вакво нешто. Млада си, наскоро ќе почниш на факултет/работа ќе промениш средина. И јас годинава почнав на факултет и промената ми делуваше позитивно. Ќе запознаеш нови луѓе, ќе имаш доста обврски ќе имаш цел а и со самото тоа ќе имаш смисла за живот. Толку лие лесно да се умре? Колку и да ти згрешиле домашните сепак тие ти се родители сепак нив најмногу ќе ги боли, болка која е неопишлива. Те молам, не прави глупости и вразуми се. Доколку тие потребен разговор, сите од форумов сме тука ако треба ќе организираме и физичка средба да ти помогниме. Те замолувам како постар, (можеби не премногу сепак 1-2 години), те замолувам како брат, не прави ништо лошо. Нели гледаш колку луѓе сме со тебе? Половина форум сме со тебе, собери сила и ќе издржиш! Победник е оној кој ќе го издржи крајот, а крајот е секогаш најтежок.
Единствениот грев што го правиш за себе е што не бараш помош од онаму каде квалитетно ќе ја добиеш. Сечењето, мислите, нагоните се производ на душевна болка и секој за себе само знае како да ја протолкува и манифестира. Но, едно реторичко прашање, знаеш што ти носи следното утро, недела, месец, година, деценија? Никој не знае. Вреди да се живее за утре, не за минатото. Барем направи се што ти лежи на срце, секоја мисла створија во реалност пред да се откажеш. Ќе сфатиш дека не вреди за ДРУГ, ти да страдаш, нека страда оној кој тебе ти носи чемер, агонија и меланхолија. Гризи малечка, ржи, најди ја храброста да се бориш против сите направени неправди за тебе. Ако на другите не им е гајле за твоите чувства и како те афектираат, ,,закопај" ги во минатото каде и треба да бидат. Биди себична, егоист, чувај ја љубовта за себе, а давај ја само по заслуга. Ти вредиш, ти си битна! Нека ти остане ова како лекција, следен пат ќе бидеш помудра и ќе знаеш како да застанеш зад себе. Со секое наредно будење ти се отвараат нови можности, рестарт на животот, зграби ги, покажи која си ти. Еден ден ќе го најдеш мирот, ти ветувам. Но, сите мораме да пројдеме низ трња, сито и решето, само така ќе го цениш животот. Сонувај, прави планови, реализирај и никогаш не се откажувај, затоа што никогаш нема да ги искусиш убавините кои може животот да ти ги донесе. Веднаш оди на психолог, не чекај. Никогаш нема да помислиш на самоубиство.
Најбитно е што си сега тука. Ќе завршиш средно уште малку, нова етапа во животот ќе почнеш. Сигурно ќе биде подобро. Ако можеш да најдеш некоја работа, на пола работно време. Ем ќе имаш заштеда, ем ќе ги тргнеш малку мислите од проблемите дома. Дечковците заборави ги, пола од форумов сеуште ја немаме најдено љубовта на нашиот живот. И може нема да ја најдеме ни во следните 10 години, не е тоа ништо страшно. Сите поминуваме/сме поминувале низ лош период. Нема ништо лошо да си ги искажеш маките и проблемите тука, само може полесно да ти биде. Пак ќе ти кажам, секогаш можеш да ми пишеш да разговараме, секогаш е подобро да се има подадена рака кога минуваме низ лош период.
Види, ти си уште мала, нормално карактерот не ти е доизграден, кога ќе се оформи тој, многу полесно ќе се носиш со сите предизвици. Самото време ќе те зајакне. Животов е нешто привремено и живеј го до кога ти е дадено, не се мешај во тоа. Исто како што не можеш да одлучуваш другите до кога ќе живеат, ни за себе не изигрувај Господ. И така си верник, нека ти биде ова еден механизам.
@edna_malecka Немој да држиш во себе.Слободно споделувај. Види,куп луѓе сме тука за тебе. Најдобронамерен совет и од мене,побарај помош од стручно лице. Тргни ги негативните мисли. Малечка,тие личности не се битни,туку ти.Ти си битна! Мисли на нешто убаво. Можеби ќе се вработиш или ќе студираш.Ќе запознаеш нови луѓе. Животот вреди,верувај.
Игнорирај ги твоите, нели оваа година ќе станеш полнолетна? Те читав во темата за токсична врска со родителите и не сакам да те навредам, ама твоите родители се сè, но родители не. Не им кажувај за твоите желби зашто ти ги саботираат со тоа што ти го велат, гледаш и сама. Гледај си го учењето, зборувај си овде со нас, ние можеме да ти помогнеме. Најди си некое хоби, така ќе си ги оттргнеш тие мисли. Оваа година мислам ќе завршиш и средно, па ако не друго, барем работа ќе можеш да си најдеш и да не зависиш од твоите. И никогаш повеќе да не помислиш на такво нешто.
ако имаш потреба од разговор Пипи ми во порака. Само да знаеш ниеден проблем не се решава со ова. Сум имала периоди кога не сум можела воопшто да издржам сум се молела да умрам да ме нема да се случи чудо ама да се самоубијам не. Во моменти на тежина и безизлезноат човек на се може да помисли. Ама освен на себе треба и да помислиме на другите. Ние можеби ќе се спасиме ама тешко на тие кои имаат навистина потреба од нас (потесното семејство)
Девојче во најубавите години си кои никогаш не се враќаат. Зошто дозволуваш заради нив сама да се повредуваш и пак ти да страдаш? Игнорирај колку можеш, не споделувај планови и замисли, никој нема право да ти ги руши соништата. Никој. Биди тука со нас, разговарај и не си ја мачи душата. Дружи се со свои врсници. Те молам за твое добро разговарај со стручно лице, не знам дали имаме некој на форумов. Не сум од Ск ама има членки кои сигурно би ти помогнале и би те насочиле за контакт. Сите ти мислиме само добро, верувај. Темните облаци кои надвиснале еден ден ќе ги снема. Тука сме сите за тебе, е отворено, како ти е полесно така.
Не е негатива, океј е така да се осеќаш, ние сме само поддршка за да го пребродиш периодов полесно. Пиши почесто, вади го лошото во текст.
@edna_malecka сѐ што може да се каже ти го кажале ,само сакам да надополнам. Прво не шириш никакви негативности ,баш си супер активна ,со паметни совети и многу разбирање. Сите ние понекогаш пишуваме нешто негативно ,што за да добиеме совет што за да само се олесниме. И јас за некои работи утеха тука барам иако сум 27 г. мажена и со бебенце,некои работи не можеш ни себе си да ги кажеш гласно,а не на некој околу тебе. Затоа и постои форумот. За со родителите не те читав ,ама ќе прочитам. Според ова тука што го пиша за станот можам само да ти кажам да избегнуваш многу комуникација,во смисла колку што мораш седи со нив без да кажуваш желби,планови остатокот од времето во соба. За дечковците од мене имаш браво,сум била во двете ситуации ,во втората и повеќе пати ,а за да излезам од првата ми требаа 2 години. Исто и во оваа ситуација кога сакаш да си сториш нешто бев ама тука не би пишувала се ,ем долго е ем премногу е лично ,ем не сакам баш многу да се потсетувам ,но ако ти значи би ја поделила со тебе мојата приказна ,само пиши ми ЛП. И немој сигурно имаш барем една личност што ќе ја боли ова да го знае. Не мора да се родителите тоа ,размисли добро.
@edna_malecka мислам дека тука негде сме со години. Година сум постара од тебе можда. Пиши ми слободно кога и да ти треба муабет со некој. Ако сакаш и инста ќе ти дадам.