Не знам колку е издржано ова со карлицата, мене во првата бременост ми се скрати нагло во 26та недела, касно беше за серклаж, а во втората бременост (со направен превентивен серклаж во 20та недела) почна да се крати во 31ва недела. Затоа според мене мора да се биде претпазлив независно од неделите. Стравот и неизвесноста ги имам поминато 2 пати, сум лежела еднаш 8 недели без серклаж и еднаш 7 недели со серклаж. Па затоа би рекла независно дали без или со серклаж, мирувањето многу значи, бидејќи нема притисок на грлото.
Јас со првото не успеав ни со лежење, но имав бактерија, без серклаж издржавме до 22ра Оваа тема ми е особено простудирана, барајќи одговори. Тој е периодот кој статистички е најкритичен за цервикална инсуфициенција. Секако може да се јави и порано и подоцна. Да појаснам и јас затоа што очигледно не се изразив добро, при состојба на скратување/омекнување на цервикс, претходна историја на предвремено породување или индикации за истото, клучно е мирување без разлика дали со серклаж или без и без разлика на која недела. Прогестеронска терапија исто е многу битна и антибиотска доколку причинител е бактериска инфекција вагинално/цервикално или детектиран слаџ. Барајте жени втори, трети мислења, ако сте во ваква ситуација...
Дали после тоа остана пак трудна, и во која недела се породи? Негде прочитав коментар од тебе ама не се сеќавам точно.
Многу ми е жал што завршило така, да можеше никој да не доживува стресна бременост и губиток на бебе. Во мојот случај фала му на Господ двете бремености завршија добро, иако првото сепак ми е предвремено родено. Инаку и јас читав и медицински факти, и туѓи примери, што наши на форуми, што по странски форуми, но сепак на крајот на денот секој е приказна за себе. Имаше некои кои првата бременост имале проблем, втората најнормално ја поминале, но за жал кај мене не беше така. Затоа и јас сакам да ги советувам сите да се чуваат и да примаат терапија, ако треба да побараат и второ мислење.
Исто и кај мене не беше така. Секое кратење и омекнување на грло на матка 90% е ризик и за следна бременост. Кај мене 12 години е разликата од едно до друго породување. Првото во 24 недела отидов во хитна со 8 прсти отворена, сега со оваа бременост благодарение на брзата интервенција од докторите успеавме да ја спасиме и се породив во 29 недела со серклаж .
Кај мене се разлика 3.5 години. Првата бременост имав супер грло, во мајчината книшка пишуваше 5цм, за да ете се спушти нагло 26та недела до 1цм и немав ни опција за серклаж, само лежење до 34+4. А во втората бременост беше пократко од самиот старт на бременоста околу 3-3.5цм, 20та недела серклаж, грлото остана 3цм до 31 недела и тогаш исто се скрати на 1.5цм, но со лежење издржав до 37+4.
Да Бокаче, моментално сум трудна, со серклаж, засега е се ок, во трет триместар сум. Максимално се штедам и не оставам ништо на случајност, будно следам се'. Со Господ напред во исчекување сум да си го дочекам живо и здраво виножитцето