Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серклаж

Дискусија во 'Бременост' започната од Bela-30, 30 септември 2014.

  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    2.481
    Не знам колку е издржано ова со карлицата, мене во првата бременост ми се скрати нагло во 26та недела, касно беше за серклаж, а во втората бременост (со направен превентивен серклаж во 20та недела) почна да се крати во 31ва недела. Затоа според мене мора да се биде претпазлив независно од неделите.

    Стравот и неизвесноста ги имам поминато 2 пати, сум лежела еднаш 8 недели без серклаж и еднаш 7 недели со серклаж. Па затоа би рекла независно дали без или со серклаж, мирувањето многу значи, бидејќи нема притисок на грлото.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    1.256
    Пол:
    Женски
    Јас со првото не успеав ни со лежење, но имав бактерија, без серклаж издржавме до 22ра :( Оваа тема ми е особено простудирана, барајќи одговори. Тој е периодот кој статистички е најкритичен за цервикална инсуфициенција. Секако може да се јави и порано и подоцна.

    Да појаснам и јас затоа што очигледно не се изразив добро, при состојба на скратување/омекнување на цервикс, претходна историја на предвремено породување или индикации за истото, клучно е мирување без разлика дали со серклаж или без и без разлика на која недела.
    Прогестеронска терапија исто е многу битна и антибиотска доколку причинител е бактериска инфекција вагинално/цервикално или детектиран слаџ. Барајте жени втори, трети мислења, ако сте во ваква ситуација...
     
    На Isabel и Cloverrrr им се допаѓа ова.
  3. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Дали после тоа остана пак трудна, и во која недела се породи?
    Негде прочитав коментар од тебе ама не се сеќавам точно.
     
  4. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    2.481
    Многу ми е жал што завршило така, да можеше никој да не доживува стресна бременост и губиток на бебе.
    Во мојот случај фала му на Господ двете бремености завршија добро, иако првото сепак ми е предвремено родено.
    Инаку и јас читав и медицински факти, и туѓи примери, што наши на форуми, што по странски форуми, но сепак на крајот на денот секој е приказна за себе. Имаше некои кои првата бременост имале проблем, втората најнормално ја поминале, но за жал кај мене не беше така.
    Затоа и јас сакам да ги советувам сите да се чуваат и да примаат терапија, ако треба да побараат и второ мислење.
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене не беше така.
    Секое кратење и омекнување на грло на матка 90% е ризик и за следна бременост.
    Кај мене 12 години е разликата од едно до друго породување.
    Првото во 24 недела отидов во хитна со 8 прсти отворена, сега со оваа бременост благодарение на брзата интервенција од докторите успеавме да ја спасиме и се породив во 29 недела со серклаж .
     
  6. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    2.481
    Кај мене се разлика 3.5 години. Првата бременост имав супер грло, во мајчината книшка пишуваше 5цм, за да ете се спушти нагло 26та недела до 1цм и немав ни опција за серклаж, само лежење до 34+4. А во втората бременост беше пократко од самиот старт на бременоста околу 3-3.5цм, 20та недела серклаж, грлото остана 3цм до 31 недела и тогаш исто се скрати на 1.5цм, но со лежење издржав до 37+4.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    1.256
    Пол:
    Женски
    Да Бокаче, моментално сум трудна, со серклаж, засега е се ок, во трет триместар сум. Максимално се штедам и не оставам ништо на случајност, будно следам се'. Со Господ напред во исчекување сум да си го дочекам живо и здраво виножитцето :sun:
     
    На Feniksgirl, Rozevata, Fenix05 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, сакам да ве прашам колку се движите по дома неколку недели по поставување на вагинален серклаж? Дали само до тоалет за физиолошка потреба и туш, или си зимате сами храна или пак имате ритуал наутро или навечер по неколку минути раздвижување? Исто така, на кој начин се депилирате, дали смее депилација со топол восок? Благодарност и поздрав
     
  9. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Ја со брич се средував колку фатив толку и ич не се замарав.
    Пола бев средена пола со по 5сц влакна :rofl:
    Доколку ти дозволи докторот движење можеш по некоја минута на нозе и толку , не километри да правиш.
    Јас во Хрватска морав два спрата да ги одам за да си земам за јадење, но таму ми беше 30мм цервиксот.
    Гледај помалку да седиш , и повеќе во кревет легната. Која недела си?
     
    На Frida- му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Јас првите две три недели станував само за бањање и до вц, после почнав набрзина и сама јадење да си правам и земам. Како проаѓаа неделите докторот ми дозволуваше по 10-15 минути да се движам, ама тоа зависи од која недела во бременоста си, должина на цервикс, како држи серклажот… Ме носеа на депилација со восок во лежечка положба во кола, никогаш не сум користела брич. Седење ми беше забрането од старт.
     
    На dromka и Frida- им се допаѓа ова.
  11. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    @bokace1 сега сум 24 недела и 5 дена,, серклажот го имам од 18 недела. Засега не е мрднато грлото, околу 25мм е, со тоа што првите две недели само до тоалет за краток туш а потоа почнав до кујна да одам да си земам храна затоа што голем дел од времето сум сама и немав избор ( среќа кујната ми е многу блиску).
     
  12. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Мој совет исто како до сега да си продолжиш и понатаму .
     
    На dromka и Frida- им се допаѓа ова.
  13. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Погоре прочитав дека и вие сте биле со серклаж до 29 недела. Дали се помина добро со пораѓајот? Добро е бебето?
     
  14. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Да , на бокс ми го тргнаа серклажот и за саат време се породив. Бебето беше 54 дена на ОИНТ и сега си се гушкаме дома:inlove:
     
    На Candle, Mumoftwo30 и Frida- им се допаѓа ова.
  15. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Супер, се радувам баш на позитивни искуства, на интернет има многу малку споделени информации за серклаж, а ова ми дава многу надеж ❤️
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anajlin

    Anajlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Јас исто имав серклаж во 20та недела ставено, ми го извадија во 37 недела а се породив во 39 недела природно. Слушај ги докторите, тие неколку недели откако ќе го ставиш серклажот се најбитни да мируваш. Јас строго лежев 4 недели откако го ставив серклажот, со контроли секоја недела. После тоа се движев умерено, скали никако, стоење подолго од 5 минути исто не, напрегање во форма на чистење по дома не, седење не, само полулежечка позиција, перница под газ цело време и истерав до крај.

    Со лесно нека ти е!
     
    На dromka и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  17. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Многу ме буни перницата под газ, не знам до кога смееме да лежиме на грб? Читав по нет дека најдобро било да лежам на лева страна и сега по цел ден само страни менувам, првите две недели и јас ставав перница ама во последно време не (се уфилмав дека притиска на артериите и дека може ми е голем стомакот). Патем само една контрола имав, две недели по интервенција и сега ми рекоа следно здравје 28 недела ( во меѓувреме бев на скрининг и бев самоиницијативно на дежурен на контроли неколку пати затоа што имав болки, за среќа се беше океј).
    Многу ти благодарам што го сподели твоето искуство ❤️
     
  18. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Мислам дека болки се јавуваат од самиот серклаж . Грчеви.
    Јас имав контроли на две недели. Кај мене беше многу ниско серклажот дека имав паднат водењак во канал, и не смеев да патувам. Јас патував со авион (facepalm)
    Не се грижи , води грижа и за инфекции , уринокултура и брисеви да се чисти :l:
    Ќе биде се во ред :hug:
     
    На Frida- му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    5.539
    Пол:
    Женски
    Ох мн се плашам заа втора бременост, првата се породив во 31+5, со лежење од 20+5 натака... а почна да се крати од 16та од нетретиран слаѓ. Сега не сум психички спремна за второ од сите трауми и стрес од цела бременост и пораѓај. Сите ми викаат ааа нема може вториот пат ќе е све ок. Ама и може нема да е и несакам стресови више.
     
  20. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Дали имаше серклаж? Доколку се решиш за второ мислам дека жените поминуваат добро со абдоменален серклаж, тој го праат пред бременост.

    @bokace1 многу благодарам за цела поддршка, ќе пишам до која недела ќе издржам ❤️