Гарниер ме разочараа 100%. Лицето катастрофа ми го направија, црвенила и мали брунчиња бев цела по образите. CeraVe Hyaluronic Acid Moisturizing Serum, The Ordinary Hyaluronic Acid, Dr. Viton Hyaluronic Acid Serum. Јас го користам La Roche‑Posay Hydraphase Intense Hyaluronic Acid Serum, само што мојата кожа е премногу сува и овој перфектно ми одговара.
Го имам серумот со Ц витамин на q+a, ама не најдов никаде да пишува дека се чува во фрижидер. Дали мора?
Да ми препорачате проверен серум за флека од сонце? Секоја година на истото место ми се прави, досега секогаш со третмани средував, но да пробам и на овој начин доколку има нешто ефикасно.
Нема нешто со кое трајно може да се изгубат. Бев и на дерматолог и пробав и ласерски третман. Клучот е користење на серум кој постојано ќе се бори против хиперпигметацијата. Мене до сега најдобри ми се покажаа Novexpert серумот против флеки (зелениот) и MelaB3 на LaRoche. Моите се прилично темни на образите и со овие два најмногу ми избледеа. Заради флеките вметнав и Ретинол (на CeraVe) ама не мислам дека тој конкретниот нешто помогна, иако има и ниацинамид во него.
Фала ти на препораките, ќе ѕирнам на Белина. Мене од лето до наредно лето ми изчезнува, но еве и покрај користење на фактор, носење капа, пак на истото место се прави - на десниот агол на главата, на линијата кај што ми почнува косата... Не се ни гледа кога ми е пуштена косата, но не сум раат кога ја носам фатена. Лани докторката поради флеката ми направи хемиски пилинг (или како и да се вика) со киселини на целото лице, флеката подисчезна, но целото лице ми се излупи, розацеата ми се влоши, одвај го смирив лицето. Сега се двоумев да земам азелаична киселина или витамин ц, но не сум сигурна од кој бренд да барам.
@sia.bella ако не ти е толку видлива флеката, а имаш розацеа тогаш подобро азелаична киселина. Инаку за флеки од сонце се подобри коична киселина и трансексамична киселина. Е ново нешто што се рекламира е thiamidol на Еуицерин и Нивеа. Тие ги немам пробано. La-Roche имаат нивна состојка melasyl која исто избледува флеки.
Јас го користам на The ordinary, неколку шишенца имам потрошено, ептен ми е погоден. Ги имаат и кај нас донесено по аптеки
јас па и на раце ставав. Такви грди флеки ми се направија летово.... страв ми фати да не добијам рак на кожа. И да знаеш сами како ми ги исчисти рацете.
Нормално ќе те фати, знам мицеларните нивни беа као канцерогени нешто имаа, се шушкаше нешто. Не знам зошто не се повлечени од продажба уште.