http://www.youtube.com/watch?v=MiIysI3rG7Q Nip/Tuck е американска серија креирана од Рајан Марфи. Серијата го прати животот на двајца пластични хирурзи од Флорида - Шон Мекнамара и Кристијан Трој, тие се најдобри другари уште од студентските денови и заедно ја основале клиниката за пластична хирургија која со напорна работа ја издигнале како една од најпрестижните во Мајами. Како едни од поглавните ликови исто така се појавуваат сопругата Џулија и синот Мет на Шон, Кимбер Хенри љубовницата на Кристијан, и анестезиологот Лиз Круз. Со самиот почеток серијата во 2003 година привлекла огромно внимание со своите табу теми и несекојдневни заплети, а досега се снимени шест сезони. Мислам дека нема ваква тема Ја гледа ли некој серијава? Во секоја епизода се прикажани козметички промени на еден или повеќе пациенти, како и проблемите во приватниот и професионалниот живот на главните протагонисти. Создавачот на шоуто Рајан Марфи вели дека 90% медицинските случаи кои се прикажани во шоуто се базирани на факти. Контроверзни и провокативни теми заедно со еден поинаков поглед кон пластичната хирургија. Жанр: медицинска драма, психолошки хорор.
Ја фаќам на А2 чат-пат, ама главно ја гледам поради човеков. Spoiler Инаку интересна е, интересни дешавки има. Не знаев дека толку многу сезони биле снимени.
Уф,серијава ја гледав редовно, ама ја снема А1,а на другиве телевизии не ја даваат,а на интернет да седам и да гледам,не ме држи место,а сигурно и без превод се. Баш интересна серија ми беше,добро беше да се види гледиштето на еден "лош" и еден добар хирург.
Таа ми е 1виот серијал кој си го симнав и го гледав !!! Мене ми е супер...дури и брат ми ја изгледа иако несака да се занимава со СЕРИЈАЛИ