Дај кажвајте лек. Не мож правилно да функционирам. Некој вирус дали ме фати, докторка матична ми рече дека според крвна слика не е за антибиотик, од алергијата ми било. Буквално 3 дена дишам низ уста, се препотувам само насабалје цело време ( ок, плус и добив), ко ќе излезам надвор на 100м се задушувам и ми се врти. Едвај стојам на нозе. Омалаксана се осеќам. И сите мислат дека претерувам со седење дома. Првите денови имав, болка под десниот синус. Отечени очи И како болка во ушето. Спреј за нос За грло исто земам (, пошто 2 дена ме болеше и ме напна гласот скроз) За шмукање земам од др. Тајзиз Инхалации со Синомарин две, или дирек ставам в ноздри. 1000мг витамин Ц Жеелзо Омега 3 И преку еден ден Цинк и Селен.
Вирус штом имаш плус ова луда температура тоа е. Многу е топло. Самото време малаксува, плус имаш циклус, сето тоа допринесува. Седи дома под клима додека не ти е подобро и пиј електролити. Друго нема, ќе чекаме есен да дојде а како е тргнало може и есен ќе нема директно на зима, па снег ќе чекаме.
Луѓе, дали имате огромни главоболки? Станав сабалјево, огромна болка, по препорака од ОРЛ ми рече да пијам Дефринол, ама поради тоа што еднаш имам пиено и на гладно ме уби желудник... Риностоп. И следам упатства од него спрејови, Серапептазе и сл. И си перам нос и КТ направив
Дали ви се случило да ви прокрвари нос? Се преплашив. Бев излезена и кога се вратив дома. Мала локва крв иссекнав од носот. И ми течеше крв. Сега седам, нанапред и ми помина.
Не, од болни синуси не би требало крв да тече. Може да тече густ секрет кон грлото, ужасни и неподносливи главоболки и непријатност во ушите. Не сум лекар, ама да не е повреден некој крвен сад штом течела крв и само по себе престанало крварењето (претпоставувам, не мора тоа да е причината).
Од тие главоболките ми иде главата да си ја отсечам...ужасни се. Да точно, не и е крварењето од ова. @GirlLove може ако си затната и си го секнела силно со силен притисок да си повредила некој крвен сад. Или ако е загаден воздухот ако греат со дрва и те штипел нос па си го стеганла силно може иста беља си направила, ненамерно.
Во зоолошка бев и од ко се вратив тоа ми се случи и да, ко иссекнав наеднаш ко се вратив и ми помина за некоја минута ама мн се испаничив.
Имам болки на челото ,и околу слепоочниците , незнам дали се синуси, бидејќи како што читам треба да бидам затната , а кај мене е обратно, кога станувам сабајле мене носот ми течи, значи грга, трошам пола тоалетна, течи како вода, ке ве молам искуства за ова
Синуси се, кај брат ми е иста состојбата. Тој е постојано со растечен нос, зима, лето ништо не му менува. Додека јас никогаш немам растечен нос, почесто сум затната.
Искрено никако, многу е неодговорен кон себе, редовно и спрејот не го става кога има потреба, ниту инхалации ништо. Така се мачи и користи по едно паковање паломи на ден Оди на ОРЛ ќе ти дадат некоја терапија има решение, колку толку ќе се смират симптомите.
I jas sum neodgovorna , 1 paketce palomi odkako ke stanam vo rok od 1 cas , posle toa preku den mi se smiruva tecenjeto na nos , ama bolkite ne se smiruvaat