Синхроницитет

Discussion in 'Психологија' started by janovska1, Jul 16, 2014.

  1. janovska1

    janovska1 Активен член

    Joined:
    Jul 13, 2014
    Messages:
    32
    Likes Received:
    18
    Сигурно на сите ни се случила коинциденција на два или повеќе настани кои немаат каузална врска но нивната поврзаност има смисла, оваа загадочна појава е позната како Синхроницитет.

    На пример, некоја песна упорно ви се врти в глава, го пуштате радиото и во тој момент започнува токму таа песна. Одите во книжарница, но не знаете што точно сакате да купите, одеднаш од полицата паѓа книгата која ви треба. Мислите на некоја личност, излегувате надвор и зад првиот свиок ја здогледувате истата личност или само што сте помислиле на некого и ви ѕвони телефонот, тоа е токму личноста на која сте помислиле. Се возите со лифт, помислувате колку би било лошо ако се заглави лифтот и токму тоа се случува во моментот. Барате место за паркинг на место каде што е практично невозможно да се најде, и одеднаш автомобилот пред вас штотуку излегува и ви ослободува простор.

    Примери има безброј, и обично за секого имаат некое субјективно значење. Токму тука е и акцентот на оваа појава, во значењето што го има одредена коинциденција за нас. Навидум случајна, но некако со преголема смисла за да биде „само случајност“.

    Математичарот Ворен Вивер опишал еден случај за кој бројките во однос на математички искалкулираната веројатност се исклучително големи и кој дури и скептиците ги подзамислува околу статистичката интерпретација на навидум некаузално поврзаните настани со смисла. Имено, членовите на еден црковен хор во гратчето Беатрис во Небраска, обично многу редовни и точни на пробите, имале вечерен термин во 19:20 часот. Но, се случило нешто многу чудно на 1ви март 1950 година, од 15 луѓе кои требало да пристигнат во закажаниот термин, никој не се појавил. Сите имале по некоја, би се рекло банална причина за да задоцнат. Свештеникот, неговата жена и ќерка, задоцниле затоа што мајката го пеглала фустанчето на ќерката. Друга девојка морала да ја доврши домашната по геометрија, две девојки чекале да дозаврши интересно радио шоу, на друг колата не сакала да запали и така сите секој од своја, сосема обична причина не се појавил во закажаниот термин во 19:20, часот. Значи, 10 неповрзани настани спречиле 15 луѓе да се појават на закажаната проба. Во 19:25 часот, црквата била уништена од експлозија. Се разбира, сите членови на хорот го прогласиле ова како „божје дело“.

    Доколку и вам ви се случил некој настан кој наликува на синхроницитет и сметате дека бил повеќе од случајност, опишете го. :)
     
  2. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Joined:
    Jul 11, 2014
    Messages:
    312
    Likes Received:
    645
    Gender:
    Female
    Мене многу пати ми се случиле вакви работи, за секакви ситници. За моите случаи верувам дека се случајности, или во крајна точка, некаква интуиција.
    Е сега за ова со црквата, има четири веројатности. Или да е добро испланиран план, или да е случајност, или да е божјо чудо (во ова не верувам), или да е нечија измишљотина :D
    Но како и да е, постојат случајности и јас верувам во нив.
     
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,772
    Gender:
    Female
    Еве мене ми се случи таков синхроницитет. Пред една недела барав една пријателка, но не се слушнав со неа и денес да земам телефон да и се јавам пуштам рака и гледам таа ме бара. Чудно, но немам некое објаснување, може да кажам дека е само случајност, ништо повеќе.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,825
    Likes Received:
    80,738
    Gender:
    Female
    Многу често ми се случува ова и дефинитивно не го сметам за случајност. Мојата филозофија вели, ништо во животот не е случајно, се си е накако причински поврзано. :)
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Оваа случка е вистинита. Црковниот хор се собирал секоја среда за да имаат проба за неделната богослужба. Се собирале во 19:20 и почнувале со пробата во 19.25 Тие биле олд скул традиционални и ретко се случувало некој да задоцни. Но во денот на експлозијата буквално сите задоцниле и дошле после 19:27 (кога се случила експлозијата) и никој не бил повреден.
    http://unsolvedmysteries.wikia.com/wiki/West_End_Baptist_Church

    Се разбира дека некој може да верува дека ова било чиста случајност, ама тогаш прашањето е: Колкава вера во атеизмот треба да има некој за да верува дека ова било случајност? Тоа бара фанатичка вера во атеизмот и случајностите.
     
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    Синхронизиран настан може да се појави исто како и друг бесмислено "случаен" настан за некој друг без единствена претходна историја која што е во корелација со настанот.
    Ова потврдува дека принципот на синхроницитет го покренува прашањето за субјективноста на значењето и значењето во редоследот на природни настани.

    Синхроницитетот е феномен на природна последица на теоријата на квантната физика од многу светови или паралелни универзуми.
    Субјектот на некаков начин "насочува" кон оние конкретни алтернативни светови кои се во корелација со нивната помината историја меѓу најразновидните можни други светови кои немаат врска со нивната мината историја.

    Сепак, сите можни иднини постојат истовремено и поради тоа субјектот навистина ги живее сите можни иднини паралелно ...
     
    poenta likes this.