29та недела сум, се мислам дали да закажувам трет скрининг во Систина. Претходните два ги правев кај Митко, и во размак од два дена одев и кај матичната. Можам да кажам дека матичната и повеќе време ме гледаше, колку и да не е стручна за скрининзи, многу време ми посвети. Фала богу се беше во ред досега. Кај Митко во систина се изначекав, буквално за втор скрининг чекав саат време огромна гужва имаше, и кога ме прими беше малце напнат од гужвата па имам чувство дека набрзина ме прегледа. Истите работи ми ги кажа како и матичната. Ми дојде малку скапичко за 10минути преглед 8илјадарки што се истресов. Ајде сега советувајте ме дали вреди пак да закажувам кај него трет скрининг и колку го наплаќаат во систина? Постојано одам на прегледи поради тромбофилија, секој месец на гак, и кај матичната редовни прегледи на 4 недели. Што се забележува на третиот скрининг?