29та недела сум, се мислам дали да закажувам трет скрининг во Систина. Претходните два ги правев кај Митко, и во размак од два дена одев и кај матичната. Можам да кажам дека матичната и повеќе време ме гледаше, колку и да не е стручна за скрининзи, многу време ми посвети. Фала богу се беше во ред досега. Кај Митко во систина се изначекав, буквално за втор скрининг чекав саат време огромна гужва имаше, и кога ме прими беше малце напнат од гужвата па имам чувство дека набрзина ме прегледа. Истите работи ми ги кажа како и матичната. Ми дојде малку скапичко за 10минути преглед 8илјадарки што се истресов. Ајде сега советувајте ме дали вреди пак да закажувам кај него трет скрининг и колку го наплаќаат во систина? Постојано одам на прегледи поради тромбофилија, секој месец на гак, и кај матичната редовни прегледи на 4 недели. Што се забележува на третиот скрининг?
Здраво, матичната ми закажа втор скрининг на гак кај Д-р Маја Котева Мираковска, некоја од вас да сподели искуство?
Јас правев втор кај него, околу 10-15 мин беше целиот преглед. Докторот додека прегледуваше цело време си правеше муабет со мене за други теми, дури не се ни осеќав како да сум на преглед. Претпоставувам затоа што со бебе беше се во ред, на крајот само рече дека е се добро и да си продолжам како и дотогаш. Човекот е многу стручен, сака да си збори и на други теми надвор од бременоста и мене лично не ми пречеше тоа, секој од нас е различен, некоја сака да поставува прашања… моето искуство со него е позитивно, и мое мислење е дека е еден од најстручните во тој дел
Добра е докторката, немам искуство со скрининг ама со првото на крај доста се погоди да ме прегледува.
Здраво, бев кај матичната , 19 недела сум на редовна контрола, и и викам докторке кога да дојдам за морфолошкиот скрининг во 20 недела што се прави вика па еве сега гледаме. А тоа траеше околу 10-15 минути. Нели е тоа премногу кратко? Дали да одам на друго место? Таа ми рече дека се било одлично.
Мој совет, скрининг да направиш кај специјалист, ГАК, Систина, Ремедика, не кај матичен. Може и таму да те гледа 15 мин, ама матичен и некој специјализиран за скрининзи да те гледа, не е исто.
Бремена сум 7ми месец на последната контрола докторката ми кажа дена едната бутна коска на фетусот е помала. И бебето е помало за една недела. Предходно се беше во ред. Ептен сум исплашена. Ве молам за мислење и препорака каде да одам на второ мислење. Дали некоја се соочила со ваков проблем.