Снаи и золви

Discussion in 'Брак' started by tocka, Jan 28, 2011.

  1. tocka

    tocka Истакнат член

    Joined:
    Mar 16, 2010
    Messages:
    14
    Likes Received:
    5
    Вака, во брак сум 5 месеци ама имам проблем со золвата.Таа има 30 и некоја година и не е мажена значи живее со нас исто и свекорот и свекрвата.Од нив немам проблем,ама золвата ми е ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ.Јас имам скоро 23 год, а маж ми 29.Имам раснето во средина во која карање имало ама многу ретко и ако имало крање траело максимум 15 минути,но золвата мене лично нисто ми нема преречено ама дома вика како луда цела куќа ечи од неа и се кара за банални работи со нејзините, но нејзиното викање трае цела вечер додека не си легне.Не можам да ја поднесам веќе.Почна нејзиното викање да ми удира на психа.Јас не сакам да правам проблем околу тоа,разговарав со маж ми и тој во стил ми одговара демек таква и била работата (адвокатка е),немала каде да се испука од нервоза,бла бла бла...Му реков дека тоа не е нормално однесување ако е нервозна не значи дека треба да ја крева цела куќа на нозе.Ми вика не ја слушај затвори се во соба и гледај телевизија.Му кажав дека нема ни тоа ефект,а додека е она тука постојано ли ќе се затворам во соба.А ако почнам да зборам и викам јас низ дома ќе стане голем хаос.Почнав да плачам и му реков да се одвоиме од нив, а тој ми вика демек ке се омажела и сестра му,ама јас лично не верувам дека таа ќе се омажи.Мислам факултетски е образована,треба да се смири малку,а не да се однесува како 15годишна и да вика толку силно,а што е најтрагично кон нејзините се однесува без никаков почит(ги навредува постојано од типот глупав еден,козо,мајмунко).А друга работа е што не знае да пере,готви и сл. а само наоѓа мани.Ве молам за СОВЕТ!!!
     
  2. lovergirl19

    lovergirl19 Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2011
    Messages:
    73
    Likes Received:
    24
    препорачај и лексилиум ќе се смири ;)
     
  3. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    72
    Likes Received:
    50
    30 годишен правник и не е мажена покрај толку манијаци и стари беќари :О...дека е таква затоа никој не ја зима по се изгледа....
    решение: најди и некој од по селана од скопска црна гора да ја земе да си бидеш раат, иначе утре деца ке имаш, ке им се развикува над глава, ќе трпат трауми уште од мали, а маж ти не е у право со тоа дека до професијата...мора да научи да ги оддели РАБОТАТА и СЕМЕЈСТВОТО, ако не ке си има проблеми утре самата за себе, мање више за другите, мислиш нејзе гајле и е дали тоа им пречи нив?

    совет плус: направи и фејзбук сигурно ќе се најде некој зет :)
     
    eutixismena, stilas7 and lovergirl19 like this.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,789
    Likes Received:
    163,033
    Сестро,не е за смеа работава,ама тоа си е вистината...еден вибратор да и купиш,доаѓа златен 8ми март,денот на жената,убав ден,убав повод,башка симболика.Тоа и фали на женава,ништо друго и тоа гледај некој подебел и подолг.Уште во стара Грција така им ја лечеле хистеријата на жените,со предмети налик на денешните вибратори.
    Ц ц ц ц ц...
     
  5. lovergirl19

    lovergirl19 Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2011
    Messages:
    73
    Likes Received:
    24
    лексилиум фејсбук и вибратор 3 работи што и требаат на таа жена (круела :))
     
    Ygritte and letajchavko like this.
  6. Blanca

    Blanca Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    725
    Likes Received:
    505
    Па таа воопшто не личи на факултетски образована личност со таков речник. Јас се изнервирав што прочитав вакво нешто а можам да замислам како ти е да живееш со таква нездрава золва.
    Почни да си плачеш почесто пред мажот и да драматизираш, за да види дека вака не ја бива работава и да те сфати озбилно. Само така и тој ќе посака да се одделите. А не вака да ја брани- работата и била стресна, и таа ќе се омажела, бла бла...а ако не се омажи, тогаш што ќе правите? Во таква ли атмосфера деца ќе чувате?
     
    PeaceLoveBasketball likes this.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,880
    Likes Received:
    203,030
    Gender:
    Female
    Драматизирање и плачење пред мажот никако, нему кај му е доста сестра му да ја слуша, па уште и ти тоа да му го правиш - не! Лошо е така што сте сите во заедница, ама барем таа ли не може да се одвои од вас? Велиш факултетски образована, адвокатка - па не може ли да си дозволи едно гарсоњерче да си купи и да живее таму? Жената си е исфрустрирана - не и' е лесно на тие години, посебно кај нас во Македонијава - ама нејзин проблем е што не знае како да се справи со тоа.
    Да поразговарате со свекорот, свекрвата, со мажот (верувам дека и нив не им се сака да ја слушаат кај што развикува ко луда) - прво вие сами, после и со неа - веројатно ќе вика, ќе се нервира, ама пак, ако успеете некако да и' кажете со убаво дека тоа што го прави не е во ред, можеби и самата ќе сфати дека мора да се оддели од вас. А и за неа ќе биде полесно да си најде некој - така и фрустрациите ќе има каде да ги празни (во спалната соба ;) ).
     
  8. mina

    mina Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2009
    Messages:
    1,260
    Likes Received:
    639
    Добив впечаток дека станув збор за разочарена, осамена и нервозна личност! :!: Не и е лесно па затоа исфрустрирано се однесува! Претпоставувам дека е тешко секојдневно да слушаш и гледаш нервозни испади на жена од 30 години која сама не знае да си го среди животото па со своето нервозно однесување го нарушува спкојот и на другите околу неа!
    Решение е (како што рече Annath) да разговараш со сопругот и неговите родители за нејзино осамостојување, за нејзин посебен живот бидејќи е доволно возрасна да заживеее сама!
    А и се сложувам дека шансите да најде човек за себе се поголемки ако живее сама па на тој наин фрустарациите би исчезнале (се надевам)
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2011
    Messages:
    2,337
    Likes Received:
    6,904
    Gender:
    Female
    Со оглед на фактот дека се работи за личност која не знае сама да се грижи за себе, да пере и да готви, тешко дека би прифатила да си замине. Плус мислам дека се работи за прилично исфрустирана и огорчена личност која не може да си го среди животот и затоа се истура на домашните. Додај ги тука нејзините години, професијата, кариерата и комплексите. Сакам да кажам тоа што е факултетски образована, адвокат, а нема сопствено семејство предизвикува уште повеќе да биде гневна. Барем јас така мислам.
    И јас имав една таква змија која за среќа пред некој месец се омажи. Не знам во какви односи сте, ама мислам дека ти би можела да пробаш да се зближите, нормално ако ти дозволи, и преку разговор да и укажеш дека тоа што го прави не е во ред. Можеби би можела да ја поттикнеш почесто да излегува, пробај да и бидеш пријателка ако можеш.
    Мојата золва беше (и се уште е) едно надрнато, искомплексирано створење кое не е вредно за коментари, четири години заедно живеевме и не успеавме да се зближиме.
    Нејзините испади (трескање на врата, тропање баш кога го успивав детето, пуштање гласна музика во ниедно време,трошење на топлата вода, викање и понижување на родителите, правењето дека се знае...) ги игнорирав кога видов дека нема друг излез. Почнав да избегнувам контакти со неа, си го земав детето во соба или излегував за да не бидам сведок на нејзините испади и да ми го уништува расположението. И јас плачев, се нервирав само што ќе ја видев, и се молев да се омажи и да се спасиме од неа.
    Едноставно има такви луѓе и тоа е тоа. Најмногу ги обвинувам родителите зошто токму тие и дозволуваат така да се однесува. И се согласувам со девојките погоре дека не треба да го оптеретуваш сопругот, едноставно стави ја на игнор ако немаш друг излез.
     
    eli25 likes this.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,074
    Не значи ако се уште не е омажена или нема никој покрај неа...значи не добива следовање како што вие нагласивте,дека мора да е исфрустрирана.Има толку жени и девојки кои во брак, кои во врски , а полни со фрустарции.Се работи за табиет кој тешко дека се менува...Ти си знаела веќе во која ситуација ќе бидеш кога си се омажила...И сега ќе треба да се прилагодуваш,а ако не можеш тогаш некако најди начин да го натераш сопругот да си живеете одвоено.Тогаш ќе си имаш своја слобода,интима и хармонија.
     
  11. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Joined:
    Sep 30, 2010
    Messages:
    944
    Likes Received:
    1,345
    ц ц ц, затоа викам јас, макар и една соба да е настрана да се живее!!!
    Има золви што помагаат, и не се лоши, ама ваква некоја душата да ти ја изваде, цел живот ко закачалка.
    Некои луѓе и 5 факултети да завршат пак ке си останат гнаси. И да разговараш со неа, на тебе ке се нафрли. Ти посакувам да се омажи побрзо, и да ви се исчисти од куќата. Запознај ја со некој, барајте некое зетче друго чаре нема (тешко на зетот патем), или пак запни му на мажот ти да се селите, но и тоа е комплицирано :worried: ке речат ете снаата го натера. Само смирено, гледај да не и обрнуваш многу внимание, оти ке си пукнеш од нервоза ако правиш поинаку. Се надевам ке ви се среди се за брзо.
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,817
    Можеби за ова што ќе го кажам сега многумина ќе дигнат веѓа или ќе вртат со главчето лево - десно, ама едноставно ме чешаат прстињава :)

    Точка, имаш СКОРО 23 години, и не ти ја завидувам ситуацијата дома со золвата, па уште и слушам живеете со свекорот и свекрвата. Но јас се прашувам, каде си се брзала ти воопшто со стапување во брак кога си знаела или барем си претпоставувала за каков табиет станува збор и дека условите не ви ни дозволуваат да живеете поинаку освен со сите луѓе (сега твои роднини) кои ти ги спомна овде?! Зарем не ја познаваше фамилијата на сопругот твој претходно?! Белким не ја гледаш золва ти прв пат? :?:
    Не навистина простете ми луѓе, јас разбирам и финансиска ситуација и се, ама едноставно ми е доста чудно некој волку рано да се мажи и жени па уште и живее со сите под еден таван. Изгледа јас сум поинаков табиет. Ама кога ќе ми текне на 23 што правев, просто бракот за мене тогаш беше научна фантастика :)
    Единствено чаре е сериозен разговор со сопругот и да си се одделите како нормален брачен пар, и да живеете сами. Полесно е за пар да се осамостои отколку за една девојка. Таман работа нејзе да ја бркате од нејзина сопствена куќа. Па уште и кога е сама.
    И не ми е јасно како размислуваат некои - за адвокатка е полесно да се оддели, а за пар не било полесно да си најде куќа или станче под кирија - кога се двајца и уште поарно ако и двајцата имаат примања?! Ако ништо друго барем ќе почнат да си градат сопствен живот?! Хм, не знам. Чудничко малце.
     
  13. slobodka

    slobodka Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,139
    Likes Received:
    2,719
    Gender:
    Female
    Потполно се согласувам со Пирамидка.Не е важно каква е золвата тоа е едноставно нејзина куќа, и нема некој што да и сугерира да се сели или да си најде маж, дечко, вибратор или што уште не!!!Кога си се мажела си требала да имаш во предвид дека мажачката носи и некој проблеми, а во твојот случај и нови ,,цимери,, па така да ако не ти чини каде си се преселила, тогаш барај начин ти да излезеш од таа средина отколку да бараш начин како да ја отарасите золвата од дома.Најубаво според мене би била таа солуција.Сепак вие двајца сте потесно семејство.И уште нешто-оние што те советуваа да ја натерате золва ти да се сели, нека се стават во нејзина кожа, ти доаѓа снаа во куќа и те брка од твојот роден дом.
     
    Tanjamm, anichka94, machorka and 2 others like this.
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    979
    Likes Received:
    1,752
    Gender:
    Female
    Значи вака
    1.Ако твојата золва била ваква и пред твоето доаѓање во куќата ,не знам зошто ти е тогаш чудно нејзиното однесување.Сметам дека си требала да бидеш подготвена на ова.
    2. Доколку ова е појава одкако си ти дојдена во куќата,тогаш можеби станува збор за љубомора или пак неможност да се прилагоди на новонастанатата ситуација(сега има уште еден член повеќе) и треба да и дадеш време да се прилагоди.
    Единствено што можеш да направиш е да разговараш со сопругот и да си одите или пак да си стоиш на страна и да не се мешаш прво за да не го ставаш сопругот во ситуација да бира помеѓу тебе и неговата сестра ,а и да не се направи поголем проблем.
     
    Tanjamm and zalosna like this.
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Joined:
    Dec 24, 2010
    Messages:
    1,805
    Likes Received:
    5,895
    Во заедница брачен живот - ни под разно. Се слагам дека ако даде Господ дечиња ке ви треба помош, ама по тој период нека ве посетуваат, било свекрва ти, било друга искусна особа...
    Ако пак немаш услови за самостоен брачен живот, ке го трпиш тоа што ти се пружа, или разгледај ја ситуацијата пред да се венчаш. Таа да си замине не може од сопствена куќа. Во случајов, ти си НОВО семејство со сопругот, вие имате опција да си заминете.
    А золва ти, може не сака да се мажи, може желбата за кариера и ги уништила чувствата и и ги смирила хормоните. Има секакви, и на дада ми золвата, иако има 27 колку и неа, ниту има дечко, ниту планира да се мажи, јавно си кажува дека ке си живее тука, а ако евентуално нешто и испадне да замине на подобро место да живее, ке си бара дел од куќата. Секоја чест на дада ми, што е поопуштена особа и не се нервира за таквата ситуација, инаку досега можеше и да скрене ако мислеше како тебе. Куќата е пред се на золвата, тука се родила и живеела, не смее таа да си оди.
     
    bibiiii and mimiiiii like this.
  16. machorka

    machorka Истакнат член

    Joined:
    Jul 10, 2010
    Messages:
    60
    Likes Received:
    58
    Пирамида,Аот и Мерилин Монро,потполно се согласувам со вашите мислења.Прво што ми западна во око е следново
    Како прво,не живеат тие со вас,туку вие со нив.Колку што знам ти си таа што дошла во таа куќа,а не золвата.Логично би било,кога веќе заедничкиот живот ти претставува проблем,заедно со сопругот да се отселите,а не да ја бркате золвата затоашто имала 30 год.На крај краева, и твојот сопруг има 29 год и сопствено семејство.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,880
    Likes Received:
    203,030
    Gender:
    Female
    А зошто па и золвата да живее со своите родители? Ако таа има услови да се одвои од нив, со свои 30 години треба да е веќе самостојна личност. Според мене, најубаво е децата, доколку имаат можност и средства, да си се одвојат од родителите, да си имаат свое место, без разлика на љубовниот статус. Кај нас така се практикува, децата до брак живеат со родителите (ај, сфаќам за оние помлади што стапуваат во брак, на некои 20-23 години), а некои продолжуваат и после тоа (машките). Зошто да биде така? Родителот има обврска да го научи детето да биде самостојна личност и да се оддели од него, затоа што родителите нема цел живот да бидат тука. Знам дека кај нас во Македонија е многу тешко да се одвоиш од родителите поради економската ситуација (секоја чест на исклучоците), ама секоја индивидуа треба да се стреми кон тоа. А сега, ако на золвата и' е полесно да си живее со родителите на свои 30 години, зошто тогаш и на синот да не му е полесно така? И двете се деца, без разлика дали имале или немале свое семејство.
    Јас лично, да бев на местото на золвата, веднаш ќе си одев од куќата. И јас сум золва, знам како е да се живее во заедница, бидејќи и јас живеев така додека не го завршив факултетот, и еден период додека не се омажив. Ама стојам на своето, дека ќе се одвоев од моите (и покрај тоа што имаат голема куќа) и ќе си живеев сама, ако имав пристојна работа.
     
    Devilwomen, eli25 and sesilija like this.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    Ти имаш уште многу да туркаш додека еден ден не ти прекипи преку глава. Од мое искуство - мојата золва исто така факултетски образована....арно ама премногу фрустрации, табиет и не знам уште што. Прва грешка - не и барај маж зашто ти ке бидеш после крива зошто таа нема дечко, ова е мое искуство.
    Втора грешка - не се зближувај со неа како сестра на твој сопруг зашто после ти ќе го извлечеш подебелиот крај на секоја караница. Стои си на дистанца од неа и гледај си го бракот.
    Знам дека е тешко да се прилагодиш на таква средина ама бидејќи живеете во иста куќа претпоставувам ќе мора да си се избориш за свое место во таа куќа.
    Се додека таа не свати дека нејзиниот помал брат е женет и има жена и тебе те гледа со очи како жена на братот, нема да им дојде крај на караниците.
    Се додека таа е љубоморна а верувај ми многу бидејќи таа нема среден живот, вие ќе се карате. Нормална е таа љубомора на релација брат -сестра ама не во таа мера како што знаат тие хистерично да ја изразат.
    Лек- долгорочно решение е да се омажи и да си го среди животот или вие ако имате можност да излезете од таа куќа.
    Јас едноставно се одделив на друг спрат и не ни контактирам со неа- само формално кога мора ама седнав на маса со неа и си ги решив ,,проблемите,,, и тоа пред мајка и и брат и за да не се филма потоа таа туку јасно и гласно сите да знаат.
    Морав да се соочам со неа инаку ни 5 мин веќе неможев да ја поднесувам. За среќа моја вработена е ван родниот крај па на 3-4 мес. формално се гледаме на некој ручек. Имав и голема подршка и од мажот ми за решавање на тој проблем така да сега помирна глава.
     
  19. bik-skorpija

    bik-skorpija Истакнат член

    Joined:
    Feb 13, 2011
    Messages:
    15
    Likes Received:
    3
    A да ги чепнеме малку и јатрвите . :yawn: Дали мене ми е впечаток или секаде постои ривалство за тоа која е подобра,повредена? Па поготово таа сто не живее со свекрвата е секогаш ама секогаш по фина и со нејзе повеке и оди муабетот! :lol: ГЛУПАВА ИРОНИЈА НА ЖИВОТОТ.Ке може ли еднаш така да поминат барем два дена без напнатос,нервоза и нервирање за тоа кој се јавил, што рекол и кој е лут за нешто што не му е угодено.Поздрав до вас девојки и убаво размислете пред да се мажите за кого,каде ке живеете и од што.Главен предуслоф е секако и да се сакате ама пропратните работи што следат ке доведат да се карате па може да ви ја уништат и љубовта.Барајте се и бидете упорни во целта,немојте да се задоволувате со трошки. Нема потреба од скромност па сите имаме само еден живот!!!!! Никој не е повреден од нас самите заради кој би ги трпеле нештата кои би не мацеле (условно кажано) секој ден и место да живееме ке умира дел од нас.Знаци поставете ги правилата пред брак после е касно може само да се разведете од несогласувања. :x Поздрав и бидете мудри(тивка вода брег рони) :rock:
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female

    Некои сакаат бе цел живот тато да им носи а мама да им меси...си седат ете така за инает, им се може, а башка ако тоа оди у комплет со тормозење на цела фамилија тогаш е стварно за греота невестата, a на золвата и е падната секирата во мед. Нез шо да те посоветувам освен да се обидеш да ја игнорираш кога веќе маж ти нема разбирање. :( Биди среќна лично тебе да не ти се настрви ко шо проба мојана да прави (за среќа си има семејство и е далеку од нас)

    За местење на зет за неа немој ни да помислиш, ти ќе се зезнеш, за се ти ќе си крива, секоја мала кавга ќе биде „ти ми го најде овој за да ме избркаш од тука“ А од искуство мислам дека таквите им е арно така и не ни сакаат да се мажат да перат да чистат итн (од искуство со прва братучетка и снаата од брат и)

    И за крај, (ова како јас да сум го кажала) :)

     
    eli25 likes this.