Тука единствено и фер решение е брачниот пар да си оди под кирија. Очигледно е дека се нема разбирачка, и тек ќе станува полошо со доаѓањето на бебето. Сем тоа, стварно нема потреба понатаму да се дискутира, штом братот кренал рака на сестрата, време е да излезе тој од таа заедница. Доколку родителите тоа го толерираат, тие се поголем проблем од снаата. Навистина не можам да замислам родител да види како едното возрасно дете му го удира другото возрасно дете и да биде ок со тоа. И стварно мислам дека ако родителите им припретат дека ќе ги „избркаат“, кучето повеќе нема да биде проблем. Да треба да бираат меѓу преполовување на предвиден буџет поради непланиран трошок за кирија наспроти „толерирање“ на куче, што ништо не ги кошта? Дефинитино ќе ги изберат парите. И да, ова „мириса“ на планирана чистка од страна на новиот пар- прво кучето, па ако тоа им успее, следна ќе биде сестрата, па другото дете.
Да де, само ние веќе го апсолвиравме тоа дека се они двајца избраните, затоа и советите се какви што се. Да си трошам мои живци со терање инат, со докажување кој е во право и кој на што има право, е прво за мене (во случајов , за членкава) - бескорисно. Побрзо надвор од таму, побрзо главата раат.
Вината е во родителите само. Они се виновни за ова, не е братот уште помалку снаата. Ќерката може да се омажи и да живее во друга куќа а синот не може да се ожени и да живее во друга куќа? Огромна грешка е што дозволиле едниот син да донесе жена а притоа имаат уште еден син и уште една ќерка во куќа.
Jaс кога дојдов кај маж ми имаше маче, маче кое седеше на маса со нас, јадеше од маса директ, беше мазен и пазен. Арно ама не беше чуван, не му ставаа ампули и беше полно со болви кои што само мене ме касаа, другите не или пак не гледаа така на тоа, си мислеа каснато и толку. Неколку дена пред свадбата јас бев во нозете изрешетана како војна да имало. Фатив го однесов мачето на ветеринар за ампула и готово, не ќе го фрлам. Години потоа мачето имаше мака и секој ден со такси го носев на ветеринар за терапија. Тоа животинче живеело таму, има поголемо право од снаата, иако ете сум била на нејзино место.
Кога ќе ги нема твоите и ќе има оставинска, својот дел ќе си го добиеш секако (и ни м2 нема да им попуштиш, ич да не ти е гајле). СЕГА, заради твојата безбедност и безбедноста на кучето, мораш да си заминеш, макар во 1 соба живеела. Чим твоите не ги избркале секундата кога брат ти кренал рака на тебе!!!!!!! не смееш да останеш таму.
Ама и едната и другата страна е во право. Во право е и золвата што сака куче а во право е и снаата што не сака. Ти си го сакала мачето, друга некоја не и секој има право. Тука грешката е кај родителите.
Не сум го сакала, ич не го сакав, со ќебе старо го фаќав кога го носев, ама за почит спрема свекрва ми и затоа што, пази, јас сум дошла во нечива куќа направив компромис.
Кога читам какви неубави примери постојат најсреќна сум што немам ни брат ни сестра. Да дојде некоја и да ме малтретира во куќата во која сум пораснала па има око да и извадам. Ако не и се допаѓа нека засука ракави заедно со тој волот брат па нека си обезбедат живеалиште. А не да брка надвор куче и да го изложува на опасност и братот да ја тепа сестрата. Кога те удрил требало полиција да викнеш. А ти ќути им, еден ден и кучето ќе исчезне или случајно ќе се отруе надвор. Најкриви се можда родителите оти со време не знаат да направат поделба. Ама и на нив толку им се можностите веројатно. Треба да викнат, да покажат став и да те бранат. Сега им смета кучето, утре ќе им сметаш ти. Многу браќа ги имаат изманипулирано сестрите и го имаат земено цел имот. А ако твојов се дрзнува да те удри верувај дека е способен за такво нешто. Па немало да ти го даваат бебето да го држиш и незнам што. Нека не ти го даваат не ти треба. Ти кажав не е до кучето, ти и сметаш. Таа е некоја парталка што сака да владее во куќа која не ја заработила и која не е цела нејзина.
Извинете, знаеш да се сексаш, да склепаш деца, ама не знаеш да се осамостоиш. Секој кој формира семејство, треба да си создаде свој дом. Не сме сите богаташи, не знам кој нема земено кредит за имот. И тогаш пишав, сите надвор. Не знам како не е срамота во еден дом да живеат 100 души. Па нормално е дека на овој она ќе му пречи, на оној она ќе му пречи. Или ќутете и трпете се еден со друг, или сите надвор. Колку што има право едната страна да биде таму и да се буни за нешто, толку има и другата страна. Муабет нема да вроди со плод. Не е будала братчето неспособно да отстапи гага место. Единствено ќе инсистирам кај моите, да разговараме, ако сакаат они да останат, нека ја исплатат сестрата да се отсели. А многу сум сигурна дека ова тек е почеток. Штом за едно куче тој удира, по смртта на родителите за имот и пари, ќе ја сокрши.
Нормално дека во заедница се прават компромиси. Не знам каква била твојата ситуација и не е важно за темава, членката сама кажа двајца браќа и сестра што значи родителите се виновни.
Не е компромис да очекуваш дека член на семејство ќе се исели заради тебе (на нас милениците ни се членови на семејство, да), ај што очекувањево е entitled максимално, него земала на улица го пушта кучето, братот ја удира сестрата... родителите се криви што после физичкиов напад братот е уште во куќата. И тоа е одговор на сè што треба да знае членката - не е до кучето, неа не ја ебат 2%. За нејзин мир треба да се отсели и да не се "бори", ќе дојде време, нејзиното не може братот да и' го земе, освен ако не му дозволи да ја изманипулира.
Јас никаде не напишав дека членката не треба да чува куче. Напишав дека, да се цитирам ,,Ама и едната и другата страна е во право. Во право е и золвата што сака куче а во право е и снаата што не сака,,. Што значи, каде е вината? Во родителите.
Они тоа сакаат, да се одсели и да се ослободат од неа. Таа им е пречката. А после тоа ќе ги манипулираат родителите да ја остават цела куќа на синот. Колку има такви измамени стари, ќе препишат имот и после ќе завршат во дом. Гарант така би направиле. На него му даваат живеалиште, тогаш и на неа треба да и обезбедат. Дали се во можност е прашањето. Или некако физички да се поделат во куќата па да има кај да стави клуч на врата...
Јас би инсистирала сега додека е жешка ситуацијата да се направи делба на имот и потоа би се иселила од дома за доброто на моето ментално здравје. Допрва ќе почнуваат драми во таа куќа. Жално за најмалото братче што ниту може да се исели ниту може да живее во таква токсична средина.
Во случајов има уште еден член помал брат.И да ја поделат што,ќе живеаат сите во по една соба.Се живее во една соба?Не.Пак треба да делат купатило,ходник итн.Како ќе се функционира со бебе овде е упитно исто.Родителите треба да ја решат ситуацијата.
Па не е решение да се става во опасност прво себе, а потоа кучето секако. Јасно дека им е тоа целта, ама да живееш кај што те тепаат и ти малтретираат миленик, не знам каква победа е тоа.
Точно, во родителите што дозволуваат син им да се понаша како што се понаша. Потфрлиле како родители очигледно многу.
Да сум на твое место би си отселила и би заминала под кирија, ама собата ќе ја заклучам, брат ми нема да постои за мене, каков е тој брат? Тој не заслужува ниту така да го наречеш! Родителите се виновни што ова го дозволуваат, наместо да им се спротистават. И ако не им одговара тие се тие што треба да си одат, тие создаваат фамилија, тие нека си мислат на последиците и нека си бараат соодвртно решение.