Таа им ја отстапила својата соба и сега дели соба со помалиот брат. Во никој можен случај не е здрава средина за живот ова.
Исто мислам Ками, исто. Јас одма би си отишла, не седам ни 1 ден, брат да ми е одма ќе е отпишан и нема да постои, а родителите можеби ќе размислам, не знам. Ама не ме гледаат како помош никогаш повеќе. Брат/сестра, треба да ти е поддршка, да е тука и кога се смееш и кога плачеш, а не физички да се пресметува со тебе, што да кажам повеќе.
И уште и детето кога ќе се роди, ќе се бара соба и за него и ајде сите сиктер, бате и снашка да се шират. Тешко на тоа дете, само тоа ќе кажам.
Ова со иселувањето во моментот повеќе ми стои дека братот и снашката треба да се иселат, сепак братот се нафатил да основа семејство, што се врзал уште за стариот дом. Членката не треба да напушта.
Куче не сака секој ама за тоа може да поставува граници во негов личен дом. Ако сака снаата да нема куче нека иде под кирија или кај нејзините нека се преселат. Не може да и кажува на девојква која е израсната тука и си е дома дали да има куче или не.
Да дигнеме рака една на друга со сестра ми, неважно која, мислам дека моите од шок на место ќе умрат. Ненормална работа.
Погоре во постот кој што не ти е селектиран кажувам дека тоа што правеле снаата и братот не чини, сувишен вака коментаров! И сите се дома и треба да се договорат!
У моја куќа брат да ме удри поради фрустрации на снаата, има животот пекол да им го направам додека не се иселат од дома. И ти девојче малку стисни заби, покажи сила. Не смее никој на тебе рака да крева. Какво селење од дома. На тој што му смета нека си оди.
Очигледно на бате и снашка не им е таму местото. Они двајца ги зафркаваат и им го расипуваат мирот на другите четворица членови. Јас сега тек прочититав дека има уште еден брат. Ај ако не и тој нека донесе уште една снаа и нека се испоубијат. Кога ќе се роди детето уште толку повеќе ќе прават проблеми и сите ќе им сметаат. Они се двајца и би требало двајцата да си работат и заработат. Членката е сама, со една плата не е лесно ни кирија да се плаќа а камоли да се купи нешто.
Најпаметно да ги седнеш сите на маса и да пресечеш, нека бираат твоите, или ти или тие паразити. едит: ако можат секој ден да се гоштеваат со пици и тостови значи можат и кирија да платат.
Да де, сите сме согласни што треба и кој е крив. Ама таа филозофска мисла не го решава реалниот проблем на членката. Он е најстар син, најсилен, може сите да ги истепа Закон на џунглата
Тука родителите најуценети ми изгледаат: ем имаат трут дома со сопруга, ем со внуче ќе ги уценува, ем огнови треба да гаснат во своја куќа.. Што ако бебето кое ќе се роди има алергија на влакна или астма, еве една далечна шпекулација. Кој ќе се сели тогаш? Кучето или бебето? Веројатно за неа кучето е пред бебето, а за нив двата бесни глисти. е обратно. Тешко на родителите овде. Од моја позиција денес на родител на 20 годишна ќерка што ја имам дома, и на која тек и' следат ударите од животот, има сите групно да летаат од дома, за ЈАС да си го зачувам мирот, и менталното здравје. Себична/несебична, физички напад дома да ми се случи, ќе викнев полиција. Следно можеби тие се на ред како жртви на насилство. За девојката: заштити се себе си, кученцето додека да заминеш од дома ако е воопшто можно привремено вдоми го кај блиски особи
Ич не е лесно (живеам сама под кирија). Не што не е лесно, претешко е. Кај моите никој нит ме тепа, нит ме брка, нит ми се заканува, нит ми загрозува живот на миленици, па не мислам дека треба сите на куп да живееме, зошто едноставно станува токсично, сите возрасни со свои идеи за живот сме. Вратата ми е отворена секогаш, ама дур можам, не би се вратила. Сите сме согласни дека братот и снаата се тие што треба да си одат. Ама кој треба да им каже да си одат? Родителите. Епа тие ене уште живеат со братот што физички ја нападнал женава. Што повеќе? Утре ќе и' го убијат или "изгубат" кучето, неа душата ќе и' ја извадат, ебате победата и докажувањето правдина ако така треба да живеам. Кога тие самите, како родители, не се свесни и не им е проблем што насилник под кров чуваат, тогаш нема женава како да се избори со нив. А па жена му, да земе партнерот мој да ја удри сестра му и јас лабаво да си останам со него Ако сака мир во животот, а се надевам сака, ќе се отсели и нема уво да ја чеша кога ќе се испотепаат сите, а ќе се испотепаат. Макар цимерка нашла, апсолутно не треба да остане таму, ако веќе на братот не му го покажат патот.
Затоа не се котете по туѓи куќи. Дали ќе имало алергија или астма или не знам ти што, дур немаш башка покрив над глава, не прај деца. Барем деца не паѓаат од небо. Фала многу пријатно
Во друга тема ќе да беше еднаш праен муабетов и тука нзс не може да се најде оти не сите исто ги перцепираат милениците. За мене знам дека милениците и те како предност ми имаат пред било чии деца, сигурно нема да ги "превдомам" оти некој не ги сака, алергичен е итн. За мене и да сум алергична постои терапија, исто и за евентуално дете ако го имам, за останатите... нека си наоѓаат чаре.
Без разлика што било, поентата ми е таа - дека дете не се прави ако немаш башка живеалиште. Пошто тука снашка се шири на туѓо ко да е дома, оти не е кучето проблем туку сите околу нејзе. А со жалопојките дека кирии се скапи, епа ако немаш за кирија, со кои пари дете ќе гледаш?
@m.m12345 ја исчитав дискусијата и твоите претходни мислења во врска со проблемов. Искрено, јас би си отишла. Нема простор за разговор после физичко насилство. Тука треба да повлечеш линија и да се спасиш сама себе. Претпоставувам дека живееш во помал град и стварно се надевам дека под кирија можеш да најдеш поефтино, ако не сама, со цимерка. Уште побитно, гледај да се иселиш И да не двоиш од твојата плата за таму, ни денар. Воопшто не се замарај кој што ќе мисли, гледај си твојот живот и плаќај си кирија, бар ќе ти е мирна главата. Мајка ти и татко ти- какви се, такви се, не можеш да ги смениш. За братчето сигурно ти е криво, ама мисли на тоа дека за некоја година од сега ќе има потпора во тебе оти ќе си здрава, права и на раат па ќе можеш да му се најдеш ако треба.
Има такви кои се желни за мажачка па макар и во 1 квадрати да седат, ќе направат бебе, и после еве вака ќе изиграваат газди во туѓи куќи. На членкава би и советувала да си ги седне на само мајка и и татко и и да им каже. Ако си одам и ако не ме исплатите од мене ни чаша вода нема да добиете. Снаата нека ве гледа. И тоа онака строго и решително.
Абе претерување е ова со шамариве, кој век сме бре. Сепак не сум членката да си оди, ако овој па е стварно насилен си има служби (какви, такви) нека го пријави. Он закони нека си одржува во неговата џунгла а во заедница си важи договор на сите жители у куќата.
Искрено,проблемот не е кучето, туку односите и непочитувањето на границите. Се се трудела да бидеш разбирлива и да избегнеш конфликт, ама кога почнуваат наметнувања, провокации и одлуки донесени без договор, тоа создава огромен притисок. Разбирање треба да се има, ама не по цена да бидеш прегазена во сопствен дом. Не попуштај! Или нека те исплатат, или заклучи собата и излези од дома. Мене брат ми да ме удри, раката ќе му ја скршам.. Не дозволувај да те газат