Ако мислеше на мене, за моето пишав. Не за братучетка. За моето дете купив количка од 40 000 ден. Не дозволив никој од блиските да ми купи нешто така скапо. Затоа и реков дека однесувањето на золвата не е баш во ред.
Abe aj. Mnogu pametna ti. Brat ti ako e zenet se dogovara so zenata, a ne so sestrata. Ako saka sam da odlucuva ne treba da se zeni. Pa vo stranstvo ako e , a jas sama doma so deca, kje me prasa i te kako, majkataaa. Jas sama da rastam deca, a on da odlucuva za sestrata ili za roditelite da troshi. Boze sacuvaj od vakvi kako tebe, a ti samo protiv snaite si, te znam od drugi temi.
Да потсетам дека трошковите на брат и јас ги плаќам со мојата плата. Така е договорот ама џабе објаснуваш, од носот подалеку не се гледа.
Не е ни чудо шо пола Мк и повеќе не зборат со најблиските, сите аздисани за пари и поскапи поклони, бре бре. Па уште и ако има некоја викендица или нива за делење, аууу , одма очи копање.
Ме интересира дали вака либерални ќе бевте за семејна динамика ако свекрвата побараше поклон од 40.000 денари Толку контрадикторности има на форумов просто се чудам некогаш и не е класично оговарање зошто појма немаме кои се луѓево,се споделуваат животни ситуации. Инаку немам мислење за количкава,сметам дека е многу битно и начинот на кој што бараш,фино е да прашаш дали се во можност да ја купат таа што ти се допаѓа,ако било баш нареднички и мене би ме изнервирало... Верувам дека членката има пари да ја купи не дека нема во буквална смисла туку си имаат трошоци и колку сето тоа има смисла.
Или па, најоговараниот муабет на форумов, да треба свеки или золвата да ти причуваат деца а да не сакаат Одма муабетот е никој не е должен тебе деца да ти гледа, ама за да им даеш пари или скапи поклони оправдано е.
Порција за свадба 35€ * 310 гости, фустан 1100€ одело 600€ украсување 800€ фотографи 1200€ нова кујна 1600€ кредити 650€ стан во Шведска 580€ Мене оваа сума на пари ми треба овој период. Јас работам онлајн (не сум програмер) и заработувам просечна плата од 700€. Значи нареден месец ќе ги скокнам кредитите па ќе и купам количка! Абреее…
Или уште еден муабет шо е уште појак, толку многу се навикнати да си зимат од мама тате и бате скапи поклони и пари, шо ќе помисли човек дека мажот дома не им дава ни за улошки. И тука се почнува со "можам и сама да си купам , не е должен он да ми купува" Епа Славице, купи си и количка од 40 000 тогаш сама. Јас одамна викам дека не се омужени добро
Ама не се објаснувај секако “крива”си.И не треба да те интересира кој што мисли за тебе.Ти знаеш која си и тоа е доволно
Океј е ако братот помагал и плаќал сè досега, не само скапи подароци, туку и животен стил очигледно. Сега човекот природно ги променил своите приоритети и се ориентирал кон себе, сопругата, нивната свадба и градење нивен живот. Што не значи дека нема да дава на семејството. Само не со ист приоритет и интензитет, што е многу нормално. It ain't that hard ова да се сфати. Не е научна фантастика. Како што сестрата си има сопруг и тој нејзе и е приоритет. А ако ова некој не може да го сфати, не распознава граници и мисли дека сестрата доаѓа пред сопругата, тогаш има проблем сам со себе. Не бидете втори свекрви, жално е
Не не мислев на тебе,не знам од каде дојде до овој заклучок?? @FlirtBerry имаше пишано дека купиле на братучетка и количка од 11000 и таа била многу задоволна,тоа ми упадна во очи,според мене и тоа не е во ред,не можам да сфатам како може на некој да му кажеш кога ќе те праша што ти треба - е количка ако можеш купи ми а не ти е родител или брат/сестра?? Веројатно се од помал град и сестрата на мажот знае што купиле затоа реков сега она бара количка од 42000 зашто ако можела снаата на братучедка да купи од 200 евра,сега на мене ќе ми купи од 700 евра инаку ќе биде проблем како и што се случило,ги дознала цела фамилија
Извини вака кога веќе ја стави пресметката овде, мене ми е ненормално да фркнам толку пати за свадба. Сериозно. 10.850 евра за јадење само!! Па за тие пари ќе си уплатам шетање ќе си ги инвестирам во иднина а не да ранам 310 души од кои дали 31 ќе ми се израдуваат на денов искрено.
Навистина не треба да се правдаш за кое колку ти треба,кој сака да те озборува секако тоа ќе го прави така да.. Искрено јас ова би го решила вака - или би дала 42000 и би купила за инат баш што бара ама тоа ќе и биде последно по желба,одтука па натаму може да имам милиони ама ќе купам тоа што ЈАС мислам дека треба или чекај да помине свадбата па детето тогаш ќе се роди нели,едноставно не купувам на неродено дури откако ќе се роди па види како ќе се одвиваат работите тогаш и што подарок ќе даде золвата па тогаш колку мислиш во плико и пријатно
Премногу користољубиви луѓе има во Мк. Ќе замине бате или дада во странство, и ајдеее, опаа ихаа, ќе не ранат и гледат сите во фамилијата, ќе ни праќат пари за да си ја изградиме куќата, за да си платиме сметки, да си купиме колички од 40 000, ќе ни носат по 100 чоколади кои ќе ги раздаваме по комшиите оти нели комшиите немат пробано шо е вистинско чоколадо ( ова беше муабет на членка, нејзина свекрва така правела), ќе бидеме сите на нивен грб и ќе се фалиме оти сме направиле многу и оти живееме како милионери. Па ај фамилијата шо ќе ги исцица, па и кога се враќаат на одмор, и комшиите одма идат да просат пари, абе знаеш се поскапе, немам леб за децата, жената се разболе итн итн.... Ќе ти се појават дури и роднини за кои не си ни знаел дека ги имаш, кои ќе те тапшаат по рамото како си им бил најомилен внук/внука за сите овие години шо не те ни побарале, додека ги частиш шведска маса во кафана. И се ова мора да биде удовољено, оти ако ги одбиеш, ти си најлош, ти си себичен, ти не си брат, не си сестра, не си син, не си комшија... Уопште се нема свест да се размисли како му е на тој човек во странство, кои трошоци ги има и како ги заработува тие пари. Битно е само да се грабне, ништо друго. Е такви се овие луѓе.
Епа знаете како беше онаа кампањата за проширување на семејството, едните баба и дедо креветче, другите количка, брат, сестра, останато што треба и етееее. И сега некој ептен буквално тоа си го сфатил.
Глеј, апсолутно нема потреба ако ти е чиста совеста да споделуваш трошоци, ама очигледно има повеќе во приказната од тоа што го прикажуваш. Друго, кога веќе си јавна и транспарентна изгледа вие фамилијарно топтан сте си чаламџии, штом 310 гости имате за свадба и фустан од 1100€. Не сте изгледа толку скромни ко што се прикажуваш во приказната која тебе ти одговара. Па од тука и слободата на золвата да си побара нешто. Извини ама јас не познавам никој што плаќа за украсување зошто рестораните веќе сите си имаат доволно декорации а во мојот круг на луѓе сите заработуваат повеќе од 700€ и пак никој не се расфрла со пари на вакви чалами. И никој не носел фустан од над 1000€. Јас кај Коцарева шиев фустан и платив дупло помалку од тебе. Така да изгледа тебе те иритира што золва ти ќе се “чалами” со количка од 700€ оти ќе нема за твојот чалам, за кој очигледно немате финансии ако живеете со фамилијарен буџет од 700€. За крај, ти посакувам да си најдеш мир и спокој у целава фрка со париве и да уживаш во свадбата и да си правиш работи што се твој ќеиф зошто само ти ќе си ја памтиш свадбава, останатите 310 ќе дојдат ќе се напијат и ќе си отидат.
Во каква околина живеете? Со какви луѓе се дружите? Леле ве жалам Исклучоци вакви има, ама тие одма се сечат од старт било роднина било познајник