Што ќе ти смени во животот ако знаеш. Секој со своите стандарди и начин на живот. Треба да ти се правдам?
Охоо, со колку иам пресечено баш заради вакви работи. Едни шо ги сметав за најблиски, им помагав кога им требаше, тоа немале, ова немале, за детето им требало, јас само давав. За да дојде ред, да им кажам јас дека планираме со мм да и купиме нешто на ќерка ми која патем има аутизам, и да бидам пречекана со зборовите "аааа нема фајде да купувате тоа за болно дете, џабе е, дајте ни на нас, ни треба за нашето". Толку многу бев изнервирана, незнаев како да изреагирам во тој момент пошо роднини ми се, и прв пат ова се дешава. Значи ми бараат за нивното дете а љубоморат на моето. Им реков дека ништо нема да им дадам пошо немам. Јас инаку не сум по природа фалбаџика, ама скроз ги разбирам сега тие шо заминале во странство и си тераат чалами со слики по интернетов. Оти за таков народ, така треба. Терај си филмот, јади, пиј, сликај се, и викај дека немаш. Нека пукну душмани. Колку и да сум добра, животов нонстоп ме учи дека треба да бидам себична. Од сега натаму, по едно чоколадо на сите од Лидл, од најефтиното. За нивните болести, на нивните деца, не ме интерисира више. За ништо друго не давам.
Не, уопште не треба ти и твоите стандарди да ми се правдате, туку општо те прашувам, каде може да влезе количка од 40 000 кај шо не може да влезе количка од 100 евра?
Генерално. Коб сака и може може и од 2000 евра да купи кој не може и од 100 евра. Нема зашто омалуважување едни ни други. Сестрава знае дека бате може да и купи и си бара. Аман веќе
Да, во право ди, секој со својата черга. Нема шо да се лутат шо братот и снаата не сакаат количка од 40 000 да им купат. Секој си има своја черга, сам нека си купи.
А бе си побарала. Не им ставила нож во грло. Ако немаат нема да и купат ако имаат и сакаат нека и купат. Многу драми за ништо. Учество за стан на свадба ќе фрли ( сама си кажа ) ама за тоа што и побарала поклон золвата ја изгоговара по форуми.
А за шо е форумов уствари? Цела тема снаи и золви, и свекрвите, и испукајте се од мажот, е оговарачки само. Ете, се изреволтирала и дошла да си каже маката. Или не треба никогаш да се пожалиме од нешто, само среќните работи да ги пишеме?
Нема споредба. Се вози многу полесно, со воздушни тркала и амортизација. Се интуитивни и со една рака можеш да ја управуваш. Со рачка која штелува на висина, настрешница, антирефликс корпа за бебе и уште многу други вакви слични ситници. Мене ми беше понудено да му купат количка со буџет до 500евра. Се заблагодарив и културно одбив оти имав друга замисла. На крај купив што сакав, користев колку користев и препродадов. Зедов една за 200 евра и втора година душата и ја вадиме. Првата беше одлична, ама на крај сепак беше бебешка и пола багажник фаќаше.
Е арно де, се испукала ама не може да очекува сите да се согласиме со неа и треба да го прифати тоа. Нема потреба јас на Ена и Нена да им се објаснувам колку пари зимам и какви трошоци имам. За тапшање по рамо си има другарки ќе и кажат “леле да скроз си у право” и чао пријатно. Тука споделуваш свесен дека нема сите да се согласат со тебе. Па и некогаш можеш да пробаш да размислиш и да погледнеш низ друга призма, тоа е поентата на тоа да чуеш мислење без влакна на јазик. И баш како што пиша и Нена, секој си има различни примања, различен круг на луѓе, различни буџети за работи. Јас 800€ попрво ќе ги испијам и изедам отколку за декорации да ги дадам, на неа тоа и е битно. И сосем легитимни се и двете. Ама легитимно е и од золвата што си кажала каква количка меркала. Грев ли е да кажеш на брат ти што сакаш да купиш за твоето прво дете? Ништо не е за камен врзано, се си подлежи на дискусии.
Епа видиш, ти 800 евра попрво ќе ги изедиш и испијш отколку да дадеш за декорации, епа членката попрво тие пари ќе ги даде за кујната дома отколку за количка. И тоа е легитимно. Шо кажаа погоре, секој со својата черга најубаво. Секој за себе и готово, нема шо да очекуваат од други. Другите колку милуваат, толку ќе дадат.
Да немав моментални трошкови ќе земав тоа што сака, а сега на овие трошкови и дадов денеска 200€ нека си купи што сака. Свадба еднаш правам! Гостите колку и да се се двострани, не барам да ме советувате колку ќе дадам за гости или декорации. Фустан премија е да најдеш за 1000€, не ми кажувајте за цените од кога вие сте биле невести.
Не е проблем коа секој праве како сака и коа секој си ја гледа својата черга Проблемот е коа гледаш туѓа черга У случајов золвата гледа у буџетот на брат и и сака поклон700 е Ако сака нека си купе она лично и од 2000е Затоа и пишав и на членката Колку може/сака у плико нека ставе и нека и даде и ајде пријатно
Количка испод 20000 имаме. 3 во 1 е. Со три дела. Душата и ја извадивме. Се прилагодува на висина за возење, антирефлукс корпа има, препре лесна за возење. Транспортерот да знае да збори. Спортскиот дел уште го користиме кога сака да се вози ќере моја. Лесно се склопува и не е гломазна. Блиска има доста поскапа количка, како контињер да буткав се осеќав. На членката и пишав пред некој ден. Колку мислите да дадете, во плик и толку. Како што пиша и она, золвава не била прашувана од никој за поклони, сама им кажувала кој што да и купи.
Не е проблем да сакаш твоето детето да има и Диор количка. Не е проблем сакањето квалитет или скапи работи. Но, освен ако сам не си купиш Диор и освен ако некој своеволно не ти го купи, сè друго е тинејџерски незрел мајндсет Благо кажано, и 10 денари да се во прашање, кога некој возрасен тантрумски се однесува и мисли дека си законски обврзан да му исполнуваш желби, точно настанува одбивност