Е да бе. Некој порција може и 100 е да има. Тоа се 200 е, плус уште нешто. Па 250 евра поклон за кај колега или колешка , нема грешка. За кај блиски луѓе би , ама за кај колеги, нема грешка.
Вие што викате дека 40 000 за количка се премногу, мислам дека не сте свесни какви се цените моментално. Бидејки скоро купував и гледам околу мене луѓе што купувале скоро колички, количка од 40 000 е просечна цена или нешто малку над просек. Најефтините се мислам околу 20 000 , просечна цена би рекла 30-40000, и скапи од 1000+ евра. Дали вреди или не вреди тоа е индивидуално и кој колку може да си дозволи. Штедна книшка да отвориш на дете со максимум 3% камата а инфлација повеќе од тоа, не знам колку е паметно. Ама не е ни битно во ситуацијава дали количката е скапа или како да се потрошат парите, одлука на родителот е тоа, тука проблем се очекувањата брат ти да ти го купи најверојатно најскапиот поклон. И изненадена сум дека на повеќето од вас тоа ви е океј. Единствено што сметам дека не е во ред, е што членкава истата сума во поклон ја дала на прва братучетка а сега на сестра на маж не може повеќе. Не сметам дека 200 евра се малку ама ако давам 200 евра на прва братучетка, на сестра сигурно ќе дадам повеќе.
Леле темава. Ептен интересна. За цената на количката не знам дали е реална или не. Јас пред 10 години дадов толку пари за количка. Ја немаше тука во Солун ја купувавме. Најлесно се управуваше од сите колички што ги пробав, едно седиште беше што се претвораше во корпа за бебе и седиште за дете. Се затвораше и отвораше со една рака и ја собираше легната во багажник па над неа стававме ствари. Ја користевме до три години на детето. Вредеше за сите пари. На крај ја дониравме да се користи и понатаму зашто беше како нова. Проблемот не е во количката туку во тоа колку пари очекуваме некој да ни даде. Пример ние сами си ја купивме количката зашто знаевме дека чини повеќе и си планиравме буџет за тоа. Роднини помагаа со опрема за бебе ама со понормални цени. Братучед на маж ми ни даде користено креветче ама зачувано. И го користевме и тоа беше главниот поклон од нив. И нема врска. Битно ние добивме супер креветче. Не го расипа тоа нашиот однос. Проблемите се раѓаат од нереални очекувања и нереално поставени роднински односи. Бебе,станови и слично се грижа на сопружниците, не на фамилијата. Свадба е кај нас малку поразлично зашто тука се мешаат и родители па ако сакаат да си канат повеќе гости од она што младите планирале треба да си покријат трошоци. Ама и за тоа има договор. И Да тоа трансакцискиот пристап е убитачен. Се мери и премерува кој колку некому дал за исто толку да добие и слични такви ствари.
Се согласувам скроз. Исто и ние купивме количка нешто поскапа од 40.000 и ја користиме ептен. Јас шетам и на дожд и на снег, немаше кај мене “зима е не го изнесувај”. Плус прелесна и си го ставам во кола бебси и шетаме и сами, не сум зависна од маж. И верувам дека здравје и за наредни деца ќе ја искористам зошто ниту е амортизирана ни уништена а 9 месеци ја утепавме од возење. И да, и ние сами си ја купивме. Свекрва ми сакаа да ни купат количка ама зошто сакавме да избегнеме муабети колку сме размазени им рековме дека сами ќе си ја купиме. Кога се роди бебе ни дадоа пари колку што мислеа дека е океј за количка. Беше дупло помалку од цената на количката и само си рековме фала богу што не побаравме они да ја купат а не напињаа со месеци, одберете најубава за внучето блабла. Притоа воопшто не сметам и не очекувам дека некој треба нешто да ми купи. Се околу бебето сме си купиле сами, освен кумовите и некои роднини што ни дадоа некои работи користени од нивните деца ама тоа они самите го направија без ништо да побараме од нив. Нооо, 300 људи, 300 чуди. Јас знам дека ако му ја покажев на брат ми количката што си ја купивме, утредента ќе запалеше кола до Солун да ми ја купи. Едноставно така функционираме. И јас би го направила истото за него. Он имаше прв дете, и јас баш би сакала снаа ми да ми кажеше што сакаат и да купам едно нешто скапо а корисно отколку што цело време купував скапи тракатанци што сега кога имам дете сфаќам дека пола биле бескорисни. Затоа и не е за палење на клада золвава, зошто не знаеме позадински како функционират. И како течел муабетот. Дали она самата рекла “ако не ми купите количка од 700€ да не ве гледам” или бате рекол ајде сестричке одбери најубавата количка за внучето и бате од Шведска ќе ти ја прати по некој од шоферите што возат тука. Ако е првото ондак не е ок. Ама ако е второво па золвава откако изразува желба, снашкава прави бунт како ќе купиме количка од 700€ тука не гледам вина на золвата.
@ForeverYoung @EnaEnA30 Валда не сте сериозни. Да сум купила на братучеда ми, но во период кога не сум имала големи трошкови. Сега во период на свадбени трошкови мислам дека немате право да коментирате дека таа е мала сума. Не знам дали сте поминале свадби, но во ова време и 100 денари ти се битни. Не сте ми јасни искрено, како воопшто да немате буџет. Ако на вас не ви се битни, купувајте, расфрлајте се, јас немам на располагање 42к за количка. И дадов 200€ и толку, треба да е задоволна. Како што ме советуваа голем дел од членките да не се замарам и навистина го применувам тоа. Ако се лути нека и стои! На прво место сум јас со сопругот, после е сестра му. За на инстаграм немам фазла за расфрлање, да е за нешто недај боже, тогаш молам, а за така, за разгалување немам! Секоја моја желба, се што сум сакала што е поскапо сум си купила сама, не барам очајно од роднините.
Ајде расчисти ја дилемата што се провлекува низ темава ако сакаш, дали она сама од нигде никаде си побара, или маж ти ја прашал што сака и он секако ќе прати?
Сеа и ти ги оговараш старите како тоа дале ПОМАЛКУ од очекуваното/потребното Размазени сте, екстра размазени и тоа. Баш она коа велат преку леб погача се бара, тоа сте. За поклон НИКАД ама НИКАД не би си дозволила да пребарувам, мизерно ми е. Тоа што некој сака и има желба нека дава. Грдо ми било и за роденден коа ќе рекле шо сакам, и не сум знаела да одговорам. Нема шо сакам, тоа не постои кај мене. Шо сакам, ако можам да си дозволам, би си дозволила сама. Толку замарање за друг што постигнал, а што не, е тажно Уживкај си бе у империјата, шо се замараш волку Ме разочаруваш, исполнета, остварена жена, а вака
Баш кажувам дека не побаравме зошто сакавме сами да си ја купиме и покрај тоа што не молеа со месеци они да ја купат. И дека се радувам што сами се сме си купиле зошто сме имале различен буџет за одредена работа во глава. Ама океј, како ти одговара тебе приказната така. Ќе ја завршам тука дискусијава зошто волку ни мојата золва не сум ја оправала . Целта на мојот муабет беше дека има различни фамилии со различни семејни динамики, со различен буџет. Не може ние да се расфрламе со совети без да знаеме како функционира золвата со будуќи муж и како ги воспитале од дома. Еве јас имам во околина познати што братот му плаќа на внукот секој месец по 20.000 приватна градинка зошто другиов брат нема пари за приватна градинка. Дали мене ми е тоа океј и дали јас би побарала? Не. Ама они така функционираат и тоа работи за нив. Која сум јас да судам. На факултет една од многуте цимерки со кои што живеев, сестрата и праќаше месечен џепарлак. Сестра и беше мажена со деца во тој момент и зетов беше скроз супортив да и плаќаат џепарлак. И ред други вакви примери. И без разлика што веќе секој си оформува свое семејство, ако они си имаат некаква динамика и буџетот не е оштетен нека си функционираат како што милуваат. Еве маж ми и золва ми си даваат по 100€ за секој роденден во плико. Јас со едниот брат само си честитам на телефон роденден у најбољи случај чоколадо ќе си купиме, со другиот може се да си побараме за роденден и он на мене и јас на него. Многу се комплексни меѓуљудски односи за да има универзално решение. На некој му се многу 40.000, некој денес во кафана ќе ги потроши и ништо нема да смени на неговиот фамилијарен буџет. И двете се океј, секој со своите финансии, семејни релации и остало.
Слажем се... Ама еве, има и чаламџии, ке ти речат "еве од мене одбери си најубаво, најдобро, шо сакаш" и после кога ќе чујат цена " опростите, шалили смо се". Обично еве постарите или блиски прават така. Јас ако речам одбери си, ваљда претходно ке се информирам што како, или ке ставам лимит. А пу пу не важи, ми е бљак. Пре на примeр не би купила нов фустан за на свадба или крштевка што знам, ако не сум при пари, за да имам повеќе да дадам. Не дека колку дадеш е совршена мерка за почит, тогаш најбогатите ќе беа најголеми почитувачи. Некој ке рече : ми треба нов фустан да се дотерам. Триста луге, триста карактери. Ска пробљем. Ако некој да ми речи 'одбери си' и да испаднат керефеки да дрнда по форуми, ма со количката по глава мислам ќе ми дојде да ги треснам. Нека ја носи за зимница. Не вели 'одбери си' ако не мислиш стварно 'одбери си' и ако имаш работа со неразумни луге. Ама членката не кажува затоа дали мажов и' рекол на сестра си "одбери си" или и рекол ' одбери си до 200 евра'. Се си мислам невевчево дека заповеда. Претходно беше проблем дека и плаќал телефон. Па фала богу ја запознал нејзе да го' вразуми' по свое
Најбитното е што човек бара онолку колку што му е допуштено. Инаку не верувам во приказниве ама ај. Демек вчера барала, снаава утредента доаѓа со 200 евра во плико. Ако имаат толку близок однос снаата да дава пари, а не брат и, нема да ја мрчи. Јас не одам со плико кај брат/сестра на маж ми. Маж ми си е одговорен за таа страна. Колку сака нека дава, ако смета дека треба. Јас сум добивала поклони и од поголеми суми. Не барам, туку добивам, а сигурно нема не, да речам. Па од најблиските ако не добиеш нешто повеќе во животот, од кој?! Што има лошо твоите, брат ти, сестра ти, да ти купи нешто скапо?! На крај краева сте се изнапишале дека не вреди толку пари за количка, а вреди ли толку пари за фустан за една ноќ? Може и со 200 евра фустан да се помине. Барем едното ќе те служи некое време, другово шо? Свадба правиме. Голем ташак.
Ти жено не можеш да ја смислиш золвата!!! Да е до тебе ни 200 денари не би и дала! Дај не прави филмови за трошоци и чуда, ај плз!!! Само маж ти изгледа е муле, па го возиш. Гарант не знае дека ја озборуваш сестра му по форуми. Ниту го сакаш, ниту го почитуваш, оти да го сакаш на крај памет не би ти било од почит кон него да јадеш го*на за сестра му на форум. Се раскажа, уште матичен број да дадеше од золвата и таман!!!
Количката се користи секој ден, невестинскиот фустан еднаш. Но, количката не е потреба и приоритет на младоженицте. Па валјда своите приоритети и желби си ги ставате пред желбите и приоритетите на другите? И не е поентата ни цените ни подароците. Туку дека сопружниците треба да се едногласни и да си имаат динамика која не им го нарушува бракот, само за да бидат запазени секундарни фамилијарни односи[/QUOTE]
И mind you Сопствениот татко на детето немал намера за своето (прво) дете да се троши и купува скапи работи. Ама братот има обврска да купува скапо. Дали треба и да глуми татко на истото? При цел еден МАЖ до сестрата кој е за украс apparently Па и математики, зошто невестата да има скап фустан. Па стварно? Има по Зара бели летни фустанчиња, што сака па и таа I mean, да учиме што е основна култура, осет, граници, себичност, брак како примарно семејство, стварно не е изненадување зошто овие теми имаат по 3000 страни
Ако е веќе така количката и онака ќе ја користат година-две можат и да земат од некој што веќе им пораснало детето па не им треба. Пред да имаат дете се планира дека за тоа дете ќе требаат плус пари, не само за количка треба и за облека, козметика, храна.. И тоа се должни да го обезбедат се родителите, не семејствата на родителите.. Ако не сте финансиски спремни да чувате дете, не го ни правете. Не велам дека треба да бидеш мислионер и дека се најскапо мора да му купиш, ама да имаш за основно... Секако дека секој што сака може да подари нешто, ама тоа да биде затоа што така сака, а не под притисок. Глупо е сам да бараш некој прескап поклон и да се лутиш ако ти кажат дека не се во можност.. Дури и да те прашаат што сакаш... Мене би ми било срам да побарам нешто толку скапо од било кој, дури и да знам дека има пари за тоа.. Што се однесува до фустанот и свадбата, пак @FlirtBerry и маж и треба да си обезбедат финансии и да си направат свадба складна со финансиите.. И не не треба да одвои дел од парите што си ги штедел за фустан за да купи количка, како што можеле тие да штедат за свадба и фустан, така и золвата можела да штеди за детето..
Никој очигледно не чита. Поканиле 300 гости, наводно поради тоа што нивните сакале све и свашта да поканат. Значи снаава ќе плаќа порција за некој што го гледаш на свадба и следно видување во следен живот, ама пари не и се дава за золвата. Не се ни 40.000 за количка, туку снаата не ја сака золвата. 20 денари не би дала не па 200 евра во плико. А членкава башка потсеќа на некој што го имам доста приметувано на форумов. Што уште толку не ми се верни приказниве. Ама ај досадно ми е, па нека се врти муабет.
Не сте нормални мајке ми! Прво и важно секогаш на прво место се приоритетите на моето бебе и моите приоритети. И секако дека ако треба за некој да се купува поклон јас сум таа што ќе одлучи, а не маж ми. Не дека е муле, сам знае кој колку заслужува, јас додавам од тоа малку повеќе. Само да знаете што се имааааа Нормално дека имам золва, која што секако дека не ја сакам уште од прво видување. Лично е, само не е нешто со што треба да се замарам и да го губам времето. Золва-болва сум и сама, исто знам дека не се паѓа во безсвест по мене, и тоа е сосема ок. Важно ми е внуката да биде среќна со тоа што и купувам.
^Баш така, детето да е среќно со поклонот, а не мама тате пиши цифра по желба. Лошо време дојде, нема кој да ги научи децата на вистински вредности туку од мали ги учат на снобизам. Штета.
Исто срање се дешава и со детските родендени. За на инста да се сликаат со тортите од 3 ката и гламурот Али бебето/детето се радува де, и е среќно Ме иритираат шо забораваат од кај дошле. Као мислиш со сина крв се, или буржоазијати Уфф, тек допрва ќе си го покажува снобизмот золвичето На 18 ти роденден да се спремате @FlirtBerry за едно количе од вујче, ко шо е редот И не било какво Моќен ѕвер Коа се има, зашо да се стегаш