Затоа што така сака золвата, и некоја членка беше пишала маж ми е крив, се согласувам ама знам дека и него не го прашуваат стариве, ниту пак му смета.
Едно не ми е јасно Како може да ти забрани свекрва ти,качување на вашиот спрат? Мислам дека можеш малку да ја седнеш настрана и да и објасниш дека некои работи не одат така како што замислиле. Нема срам,ни страв... Батали ти мажот ти,од мажот изгледа нема аир.
Не на нашиот, на третиот спрат забранува качување каде што е детската (претходно беше собата на золва ми, едвај ја даде).
Ужас е ова шо го читам. Куќа на 3 ката а не се знае кој каде спие, кој каде јаде, кој каде се бања. Ова изгледа исто како на ист спрат да живеете повеќе генерации. Така не се живее богами. Очигледно на нив така им одговара, така се навикнати и затоа не им смета. А ако кажеш нешто, ти ќе бидеш кривата. Маж ти уопште не го сметаат за битен член на фамилијата, туку за некој шо го родиле и мора да биде таму. Ама ти нема зошто го трпиш ова. Така не се живее бе луѓе, ова е баш циганска работа. Дај му развод, и нека се шират колку сакаат, ако сакаат и во гаќите на маж ти нека му влезат.
Така е, како што реков миленичка им е, маж ми е многу поврзан со сестрата и се и е дозволено, како јас да се бунам.. си велам ајде еднаш, два пати годишно доаѓаат. Проблемот повеќе ми е што се понашаат како кралица Елизабета да доаѓа, и се лутат ако секој ден не седам долу со нив. Па се качува свекрвата ме вика да се спуштам, тоа повеќе ме нервира.
Нема секако, ќе си поставиш правила. Тука ви се средствата, секој позади себе да си одржава. Истото важи и за сè друго, правосмукалка, крпи, марамици,... Ќе разберам до некаде да престојуваат, ама на толку долг временски период не се гости само, живеат таму одреден период. Не си слугинка, ниту собарка, не е твојот дом хотел. Од старт ќе им покажеш сè каде стои. И во меѓувреме ќе си тераш по твое, нема да се истручаваш за ништо, на кој не му се свиѓа нека си оди. Ама сериозно.
Кога ќе се тука, а ти само шо си се вратила од работа, одиш, се поздравуваш, седиш 10-15 минути со нив и правец горе на одмор. Дали ќе се тушираш и легниш, дали ќе гледаш во ѕидот во една точка, ама ич не е битно. И крај краева, шо ти е толку битно ако се лути свекрвата, толку ти е важно мислењето нејзино? Ниту те храни, ниту па сметки ти плаќа претпоставувам.
Да не навлегувам во детали... се нервирам секогаш после користење на купатилото, све е мокро и стази и све. Они знаат од што и како е.
Реален муабет, можеш да се соочиш со нив? Кулурно на почеток, ве молам средувајте по вас, тука имате крпи, џогер, тука средства, итн. Или?
Во моментот кога решив со гости или без мојот живот си продолжува и си течи исто како и дотогаш, полесно е верувај. Дали сум имала гости или не, си одам на работа, дете во градинка, ако треба на роденден некаде пример, си одиме најнормално. Ако имаш закажано кафе со твои пријатели си тераш или на вежбање или деца на тренинг, било што. Јас со мало дете плус на работа и градинка, се повлекуваме за спиење околу 21:30. Золва може да и текни дека на полноќ сака вечера. Слободно нека си јадат, ни станувам, ни на нога им стојам, ни ништо. Е има разлика, нашиве гости повеќе од 5-6 денови не седат. Месец и плус не знам како би било.