Темава ќе стане појака од свекрвите Како и да е, еден мудар стар човек, татко на еден мој другар, еднаш ми рече " не бива две или повеќе жени под еден кров". И во право беше.
Може и обратно да важи нели? Светот не се врти и околу туѓи кучиња. А животни дека не сакам, не можеш да тврдиш, затоа што прво не е точно, второ никогаш не сум изјавила такво нешто. Но, многу повеќе знам што значи да чуваш животно кое го пушташ надвор во контакт со бебе. Ниту бебе, ниту куче се предвидливи, освен намерата ако е и двете да ги чуваш во кафез.
Со муабет- мора ли да ви се црта- нит ме знаеш нит ме познаваш да ми го дадеш тоа. да ми делува. Ете јас за внучето зборувам дека ќе се кае. За брат и не коментирав.
Па внучето нејзино, е дете на брат И, ако може да се нарече така, зошто тоа за мене не е брат! Тој што удира и физички се пресметува со жена, не може да биде ниту маж, а уште помалку брат! Никогаш повеќе. Криво ќе ми биде да сум на тоа место, зошто детето на брат ми го сакам како мое дете, и тој однос со тетка, вујко, чичко, баба, не може да го замени никој, ама дека ќе трпам мене некој да ми се качува на глава, да ме навредува, да ме УДРИ, да го крие лебот што го јаде у соба, тоа НИКОГАШ. Брат и вистински не се извинува, се тоа е лажно, изглумено, исфилувано... брат што вистински сака сестра, ќе ја поддржува, ќе ја сака, ќе ја чува, ќе ја почитува.. се обратно од ова не е БРАТ. И фала му на Господ, што не сум доживеала вакво нешто од брат ми.
Јас сакам да ти дадам поддршка зошто те следев и претходно и да ти кажам дека се што чувствуваш е валидно и нема потреба да се правдаш за истото. Фактите се на твоја страна. Прво ти го правеа животот пекол додека не се исели. Па што не се јави брат ти кога добил бебе да ти каже и да те викне да го видиш и да опраите некоја крива Дрина? Сега се јавува за крштевка пошто луѓето ќе зборат кога/ако не си таму? Сега кога им требаш се е ОК, те сакаме поише од далеку. Сакам да ти кажам, животот е краток, а само затоа што некој ти е крв не значи дека треба да простуваш и толерираш. Низ животот ќе запознаеш луѓе кои ќе ги сакаш како цел живот да сте биле заедно и тие луѓе нема да прават да си ги преиспитуваш одлуките, ќе ти ги вреднуваат чувствата и ќе ги почитуваат твоите граници. И нивните деца ќе ги сакаш како свои, а и тие твоите, без разлика што нема да сте крв. Да живеат другарствата! Оти кога почит има само поради интерес ич не е битно што сте во некакво сродство. Прави онака како што чувствуваш дека е правилно во врска со брат ти и внучето. Можеби не сега, ама понатака ќе ти спласнат чувствата и ти самата ќе посакаш поблизок контакт. Ама мајка ти да ја заобиколиш во широк лак.
Не е битно. Јас знам дека под туѓ кров не раѓам. Ај важи сега, ќе треба сите да се будат у 2 навечер оти мое дете плаче, ни криви ни дужни. Што толку ве тригернува фактот дека пред да основаш фамилија треба да имаш посебен дом? Или кириите скапи, кредити скапи. Океј скапи се, али мајке ми за кирија ако неам, за дете значи ич немам.
Според оваа логика, пола држава не треба да има деца. Малку допир со реалноста не би бил на одмет....
Па и не треба. Страшно е кој сѐ мисли дека е способен за родител, а не е. И не се сите сиромашни, многу како братов и снаава две чисти немаат, не мислат за утре, ќе се гужваат ко сардини со свекорите ама немој традицијата да ја прекршиш да иде братот домазет. Им било понудено да им се помага со кирија и сметки, да се иселат, не прифатиле. Желбата за детенце, за потомство... А желбата да му овозможиш пристоен живот на тоа детенце каде ти е?
Тоа што има пари и можности да живее посебно ама сака да паразитира со детето да, го прави неспособен родител. Деца не паѓаат од небо.
Парите го прават животот покомфорен. Плус ако се има план и визија, подобро е тие пари за кирија да се штедат, па да имаш за да купиш свое. Лицето што издава може и да те шутне кога ќе му текне со бебе со покуќнина, баш и не е лесно да се селиш на секое. Не знам во кој универзум живеете, ама ако чекате да се осамостоите, а сакате и деца и сте едно само просечно семејство, hate to break it to you, ама ќе си чекате до пензија да создавате потомство.
Ајде создај. И кажи ни како одеше и колку траеше. Лесно е вака од временска далечина да ја наредите како треба. После ќе кукате сами сме, немаме помош. А да деца у градинка ќе речеш, а кога ќе се болни ? А ти мораш на работа за да отплаќаш станбен кредит ?