Ни да ме вреѓа, ни да ме тепа! Ако не му чинам само нека не ме смета за жива, јас така практикувам. Не ме занима што ми е!
Мислам дека членката само направи паралела меѓу физичко насилство и навреда. Сигурно не е мазохист па да одобрува шлаканици примање.
Ама нема паралела, исто е. Секако е изживување, небитно на кој начин. И секако оној кој го прави тоа врз некоја друга личност, ниту ја сака, ниту ја почитува истата. Насилство е насилство, трауми носи и едното и другото. За мене нема разлика.
Нема полошо, двете се исти. Дали тој заслужил вреѓање, не. Дали таа заслужила удар, не. Дали двајцата претерале, да. Дали си го добиле еден со друг заслуженото, да. Ништо не биле поразлични, ама пошо е машко може да му скокаш на глава и да го вреѓаш и да очекуваш да ти се смешка. Мислам без разлика за кој пол се работи. Да пишуваше снаата, како золвава ги вреѓала, што ќе советувавте. Кај ти е маж ти, т.е братов? Еве го братов. Пак не чини. Само еднава решила публика да прави на форум, другава од друга страна решила да преќути. Еве тебе лично, некој те вреѓа секој ден се расправа. Ќе му ќутиш? Колку што она е во право во нејзиниот мозок, и тој е во неговиот. Ти само може да кажеш дека е во право она, затоа што она ја прикажала својата страна. Но, јас сакам да читам меѓу редови. И заклучив дека не се ништо подобри еден од друг.
Да речеме дека е така. На кој начин ја одбранил жена му? Ако неговото семејство ја навредува неговата бремена жена не треба да замини туку нека се тепа секој ден со сите, а неа пак нека си ја вреѓаат и пак нека се нервира?
Стварно не сакам да бидам таа особа. Ги мразам тие особи кои копаат по стари мислења за да рушат кредибилитет на членови. Ама ај прочитајте ја жалнава врба. Многу приказни не и се поклопуваат. Влезена е во улога на жртва, расплинува дискусии и после ја снемува. Дава толку информации колку што се доволни за она да изгледа обесправена.
Деца не паѓаат од небо, има начини, за тие кои сакаат да ги најдат. На таа тема - имам разглабано, хипотетички примери не ми требаат, деца немам, внуци имам, не е тајна дека прво мислам на потребите на моите (тие што ми се дома, а тоа се мачките) потоа на останатите. Ако не можете да сфатите дека животните ги имате засекогаш и се член на семејство, немојте да ги имате, не е задолжително, толку е едноставно. .... Што се однесува до ќотекот, таман татко да крене рака на мене, ќе заврши тоа со пријава за физичко насилство. Не па некој друг. Копче имал. Нека си го исклучи со соодветна (психо)терапија, не со тепање. Така и жена му, и мајка му и детето ќе му го стискаат копчето, сите ќе ги ќофта, ама таков си е, нежен на копче. Свашта.
Ама кој вика дека е во ред да те удри некој. Кој сака нека е. Него бидете доблесни да признаете дека вреѓање е подеднакво лошо и како удар. Вербално насилство океј е? Еве ти имаш деца. Им вршат вербално насилство. Што ќе им кажеш, ама имаш среќа што не те удриле.
Кирија или кредит не е битно, битно одвојувам пари од моја плата за тоа живеалиште. Не сум отишла кај свекрвата да ме тинтра за да ѝ седам гага,без денар да ѝ плаќам. Не кукам дека немам пари за кирии ама да имам за глупости. И така. Ако не можеш кредит, кирија најмалку можеш. Ако не може да ти одобрат кредит од некоја причина, ете кирија можеш. И тоа пази, збориме за двајца возрасни души една кирија да не можат да платат. И да, не се сите станови 2500 евра квадрат. Ниту сите кирии 500 евра. Али ако сакаш ќе најдеш. Ако неќеш, нема да ти е ништо погодено. Крај крајова еве, зашто братов ако више стварно не можеле не ги седнал дома неговите и НЕЈЗИНИТЕ (а не само нејзините да лаат од страна) и рекле слушајте, ние сакаме да се одвоиме настрана, може ли да ни помогнете привремено, дур се средиме па здравје ќе ви вратиме коа ќе сме у подобра ситуација? Или полесно е гага да седиш и сите да ги малтретираш.
Пред да ги прочитам сите мислења после твојов пост, само ќе ти кажам НЕ ОДИ И ИЧ ПАТКА ДА НЕ ТЕ БОЛИ. Те викаат само ради комшиите, и поклоните секако. Да те еспаеа као човек, па после као ќерка, сестра, тетка и слугинка, чистачка, готвачка, спонзорка и газобришачка по дома, немаше психички и физички ко што се сеќавам да те малтретираат по дома само за да излезеш од таа куќа и да му ја оставиш на паразитот од брат. И најбитно, сакаат сите да останат у добри односи со тебе за да има кој да им го брише газот на старите, оти брат ти не планира, а снаата уште помалце, а тоа твоите добро го гледаат па да те фаќаат на патетики. Фати си патот надвор, оди живеј си живот, патувај, еби се, јади, пиј ќе умреш утре животот ќе ти пројде пред очи како све било за џабе.
Па да се котевме ко зајци у прдежници со три поколенија без сигурни примања ќе имавме деца не знам кај е проблемот... И не, не е исто како правеле деца нашите прабаби, баби, мајки со нас. Од општествено уредување до потреби и давачки, ама баш ништо. Освен менталитетот наравно, он е останат ментален.
Кај она што не се чита, туку не чита ни тоа на што одговара. Битно да се паламуди дваесет страни у воздух и ќе и стојат мислењата, а коа ќе и кажам дека коа ја читаме делува као сама да си прашува и одговара на непостоечки постови ко шизо одма ми бришат оти демократија јејјјј.
Којзнае, така е. Не знаеме, не знаеш ни ти. Зошто претпоставуваш? Ептен малограѓанско размислување, можеш подобро од тоа. Интелигентна и созреана личност не дозволува туѓи зборови да влијаат врз нивните емоции до степен на тантрум, а не па ли физички напад.
Леле девојче кај живееш ти? Не озбилно, дали моментално живееш со твоите или сама? Под кирија или во свое? Лично свое? Само за сметки даваме околу 10 000 денари. И замисли на спрат живееме, над свекрвата. Кај е храна за цел месец, облека, козметика, памперси за малиот? Да излезам сега да плаќам кирија, еве 200 евра, не повеќе, и да земам кредит за стан, и тој ќе биде 200 евра. Знаеш ти колкави се платите? На повеќето обични, просечни луѓе во Мк? Ти работиш? Земаш плата? Плаќаш сметки и кирија?
И јас читав и многу нејасни работи има. Уште одамна сакала сама да живее, сега во гужва како се е нафаќала не знам. Тоа што ја удрил братот нема оправдување ама треба и двајцата да се иселат и таа и братот со снаата. Да ги остават родителите со помалиот брат на мира. На стари години да се расправаат со тепачки на возрасни деца.,сопствените деца.
Не знам што прајте дома, дали биткоини копате ама јас 10000 не плаќам за сметки. Бтв да, многу работи не се луксуз ама кога е зорт, ќе ги собереш нозете пред чергата. Не сум земала дајсон, роботи за чистење и готвење, кафемати. Еден ер фраер што го добив на поклон, иначе не мислев да купувам. Ниту ми требаат, имам саглам шпорет и обична правосмукалка што супер си работи. Нокти не правам, депилација исто не идам у салон. На фризер само за шишање, 2-3 пати годишно кај фризерка во маалово, супер ме шиша. Шминка секојдневно не носам, жими двапати у неделата што ќе излезам. Парфеми не зимам од 1000ка. И пак сум увек средена и чиста. Од храна си земам здраво. На работа си носам многу често од дома, варам копанче и златна мешавина или компири или пак патлиџан, краставица и варени јајца и парче леб. А спортувам, јадам повеќе од просечен човек. Облека си купувам кога можам, и не секој месец. Еве си купив сега кога земав плата и видов дека можам да си дозволам. Се работеше за летна сукња и ташна и ако не бев при пари, ќе се стрпев. Се потрошив доста за патување на есен, ама затоа летово нема да идам по мориња. И одлично ми е вака искрено. Баш кога живеам вака уствари сфаќам дека голем дел од работите што ги имаме дома се курч и непотребни. Ќе речеш еј па нели треба да живееме. Треба, ама не на сметка на другите. И кога е зорт, ќе се стрпиш. И еве, дали некој од овие шо кукате дека се нема, ги седнавте двете страни дома да побарате помош да се издвоите? Или од старт се немаше ?
Буквално важи истото и за другата страна. Не знам што ви е на сите. Премногу иронија штрчи во сите постови. Добро еве гледаш едно девојче, ја вреѓаат, ја омаловажуваат и пука филм еден ден и мава шамар. Сите ќе речат браво. Така треба, врати му назад. Значи не смеело ни едната ни другата страна да си дозволат. Седнале да разговараат што им е планот и како да коегзистираат, или се било низ призма на караници? Ако братов ја удрил, затоа што она најсмирено рекла, ајде сите да си одиме од тука, значи е за бесење. Ама ни ти ни јас не знаеме што се блуело од двете страни. И само затоа што е женско, нема да ја бранам. Двајцата претерале. Толку има што да се каже. А понатака, нека не прават муабет цел живот, деца нека не си гледаат. Фала богу не ми се ни двајцата дома. Еднава со размислување на куче од улица земено побитно и било од внуче, другиов што мава. Фала, но не фала.