Дали ги јадете оние ролати, баници итн. со спанаќ Како повеќе го јадете спанаќот варен или во баник, ролат ... Споделете ги вашите мислења овде Инаку јас не го јадев спанаќот ми беше одвратен , а сега по 2 чинии
Oбожавам спанаќ. Мајка ми прави банички и такви работи со него, ама повеќе го сакам со ориз и кисело млекце. Мх, мх.
Ах го обожавам .. само мама Знае најдобро да го направи Сега ке одам да купам (иако нема свеж)ке си купам замрзнат за утре за руЧек
Замрзнат спанаќ не е добар, всушност, полн е со нитрити. Затоа и не се замрзнува никогаш. Исто не се притоплува, ниту пак се јаде зготвен од претходниот ден.
Го користам спанаќот често, било да е во каша или пак триаголници со спанаќ, нив најмногу ги сакам. Посни и вкусни а и здрави.
Обожавам спанаќ во пита, баничка или пак само варен или печен со ориз и кисело млеко. Инаку убаво што ја видов темава ми текна дека утре имам спанаќ за ручек така да ми се отвори апетитот уште одсега
Спанаќ јадам во сите можни варијации, комбинации и пермутации го сакам секаков и во се. Во последно време сум му стилена на оној во тенџере, како манџичка што е, мајка ми одкако ќе го пропржи става еден дел во тавче и го потпекува, а друг дел во тенџерче го вари за мене убава таа на мајка, шта чеш
mmmm..јас просто обожавам спанаќ..најубав ми е кога мајка ми ќе ми го придготви со малце ориз многу спанаќ .ммм Spoiler И да реков веќе нема да ја читам категоријава ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ затоа што све ми се пријадува
Најубото јадење на светот Го обожавам, мн го јадам. особено со јогурт Денес имав за вечера отепав две пајнци
Минатата година за прв пат јадев спанаќ. Единствена варијанта како би можела да го јадам е печен со ориз и питата мајка ми што ја прави со спанаќ и сирење, варен никако.
Не го обожавам баш, ама може да помине во некоја пита со сирење. Инаку сакав да прашам, дали се јаде свеж како салата? Така можам да го јадам со лимон, сол и масло и многу ми е вкусно.
и потпечениот спанаќ со ориз е сварен уствари,со вода се става во рерна. јас обожавам спанаќ,во секоја форма и комбинација,знам дека се вари 5 минути.го јадам со ориз и кисело млеко,во пита,имам направено и солени палачинки со спанаќ и излегоа топ
највеке како манџа што го прави мама..па некогаш со пита и нешто така.. инаце не го сакам со ролати и слицно