Не дека не сум среќна, ама ми фалат 2 работи за среќата да биде целосна и покрај тоа што знам дека ако се исполнат тие, пак нешто друго ќе ми фали. Таква ни е природата на нас луѓето - несовршени суштества, кои цел живот се стремат кон замисленото совршенство, а ретко кој успева да го исполни тоа до крајот на животот.
Не можам да кажам дека немам воопшто срека, каква таква ја имам, можело да бидам и без толку. Иако многу работи ми фалат за навистина да се почувствувам срекна и задоволна од животов. И да добијам нешто што сакам, секогаш ке копнеам и за нешто плус, таква сум по природа, секогаш мислам дека може подобро од тоа што е. Ама сметам и дека тоа ми е една добра особина, што очекувам, посакувам и се надевам на повеке и подобро во животов (иако ми рекле дека многу фантазирам) бидејќи со многу негативност во себе каде ке стигнеме?!!
... ..целосна среќа не постои....секој ја доживува на свој начин...некои среќата ја наоѓаат во парите,некои во љубовта некои во парчето леб......мислам дека и најбогатите и најубавите луѓе на светот сепак не се среќни целосно...секогаш нешто фали...... . ..за мене можам да кажам дека сум среќна со тоа што постојам,изгледам убаво,модерно,имам добра работа,заработувачка,имам прекрасни и успешни синови кои се движечка сила во мојот живот.....задоволна сум со себе си.... ... ..ама немам љубов....онаа која мене како личност би ме исполнила..... .. ..ако ставам на вага 3-5 среќни работи наспроти 1 што ми фали,ке преовлада среќата....
не.. дома сум среќна ама не поднесувам многу надворешен живот и дружење.. кога сум на училиште едвај чекам да се вратам а за излегување никаде ме нема.. секогаш лажам дека неможам и измислувам причини.. како socially awkward penguin сум (кој е 9gagger ќе ме разбери) најчесто сум за тоа несреќна и секој ден го поминувам онака, колку да се помини денот.. би била среќна со една куќа на некој остров, Бора Бора или Бахамите, две три кученца и маченца и фамилијата само да не сум во контакт со она што јас би го нарекла - надворешниот свет
Среќа-релативна работа..... Некогаш е како глуварче-мало ветре да дувне.....отиде. Понекогаш е како дијамант -цврста и некршлива-колку и да се трудат некои да ви ја растурат среќата нема да успеат. А како ќе знаеме што е среќата,ако не постои тагата? Како ќе го видиме виножитото ако нема дожд?
тешко е прашањево малце- а и треба да направиме разлика меѓу "задоволна" и "среќна" за жал не постои константна среќа,се менува во минута понекогаш.. Јас сум среќна затоа што сум здрава и жива Имам две раце и здрав разум-основни елементи за да си "направиш" среќа.. Имам прекрасна фамилија-доволно е што ми се тука и што се здрави,не барам ништо од нив знам да се радувам на секое ново утро и било чија насмевка и успех,така да-ДА среќна сум
ДА, СРЕЌНА СУМ !!! Имам родитела, имам пријатели, имам сестра, имам кроф над глава, имам што да јадам, имам амбиции, имам желба за успех, сонувам за среќен и успежен живот, се надевам, здрава сум (фала му на Господ), се трудам !!! Немам дечко (искрено тоа ми фали ), ама у глобала, ДА, СРЕЌНА СУМ
Ехееее ништо не ми е погодено некогаш и мислам дека сум најнесреќна,но не треба да е така имам здравје,семејство,љубов,купувам се што е во домен на финансиите,успех на училиште,топол дом,храна...
Да , иако секогаш, ние луѓето сме алчни и секогаш ќе речеме . . . . . . . ама сепак сакам повеќе, но моето повеќе не е многу. Среќно и здраво семејство и успех во она што сум го замислила. Само Бог да не не напушти и ќе успееме !
Некои мали и кратки моменти ме прават среќна, а во глобала кога ќе размислам за својот живот, не сум баш среќна личност, мајка ми е болна, татко ми многу пие, врската не ми е како што очекував да ми биде и не се чувствувам исполнето
би била посреќна кога би немала толку пречки во животот инаку сум среќна ама велам би можело да биде подобро
Истовремено сум и среќна и несреќна Среќна сум што господ ми дари во животот прекрасен човек, кој ме сака и почитува, среќна сум што ја најдов љубовта на мојот живот и среќна сум што ќе основам семејство со него, и среќна ќе бидам се додека господ не чува живи и здрави нас двајцата Несреќна сум затоа што немам слога во семејството, цело мое детство помина во караници и сеуште така трае, јас заминувам од куќата, а караниците остануваат на брат ми. Несреќна сум затоа што тоа мало прценце кое јас го израснав ќе го трпи сето тоа, да можев бар да си го земам со мене Несреќна сум што и здравјето не ми е како што треба, бар тоа да се оправи ако не друго