Бев среќна, но таа среќа кратко траеше. Повеќе не чуствувам такво нешто Дали тоа ќе биде така се додека сум жива?
кога како да ти кажам моментално не баш од сабаље изедов 2 крофни сендвич и мусака па како да бидам среќна кога сум дрчна и стрвла ?
не сум...срекна сум САМО поради тоа што моите се покрај мене и се надевам уште многу години ке се, но мојот живот е голема дупка не се надевав дека за 1 година ке се измени се.. скоро се..
Јас лично кога ќе погледнам кон минатото сум била многу посреќна од сега.И сега сум среќна ама не како порано.Од ден на ден како среќата да ми порпаднува в земја.Од ден на ден се повеќе и повеќе среќните моментите ѓи снемува,се помалку ѓи има.Можат некои моменти да ме направат толку среќна што се осеќам како да летам над облаците,но тоа се случува мноогу ретко.....
И да и не.Повеќе не. Родителите,роднините,другарките ми го свртеа грбот,дечко ми ме изигра и остави,Џ е далеку,а сега ми е најпотребен,ама ке треба време за да си дојде тука,сега е во др град,а и да дојде има работа,не ке може со мене да се гледа многу,ретко иако мн ме сака,ама сепак наоѓа време за мене.И како да бидам среќна?
Моментално сум среќна. Многу среќна. Инаку поголемиот дел не сум, иако пробувам да го занемарам тој факт и барам нешто што ќе ме усреќи.
Моментално сум пресреќна. Ми иде да скокам од радост. Ми се редат коцките, просто ми е необјасниво колку се ми иде ко што сакам. Дај Боже секогаш вака лесно да ми се остваруваат желбите. Некој горе ме сака.
Дај Боже и тебе така да ти тргне. Мене последниве години почнувајки од наградни игри, па до се што изгледа недостижно ми се остварило. Ти посакувам и на тебе исто.
Да среќна сум. Иако многу пати сум нервозна и незадоволна од многу работи. Среќна сум заради многу работи,кои можеле да бидат полоши. Жива сум,здрава,луѓето кои ми значат се супер.И доволно ми е Се останато го сметам за подарок,и уште една причина да бидам среќна.
Мислам дека станав преголем скептик за се‘ во животот за да размислувам на ова прашање. Несреќна не сум. Само незаинтересирана.
моментално сум во многу лош период, но ведро гледам кон иднината- после дождот иде сонце.....на секој му фали нешто во животот, но ако научиме да живееме со она што го иамме би биле посреќни.... и има една поговорка: не жали што немаш се’ што сакаш, биди среќен што не добиваш се’ што заслужуваш........
Општо ? Да, фала му на Бога најблиските ми се здрави и покрај секојдневните нервози во суровото врмее што го живееме, на тоа поле сум среќна во животот. Малку помалку сум среќна кога е во прашање љубовта, ја има но не во целост до крај кога би можела да кажам дека секој ден имам парче љубов што знам дека е во целост мое. А кога е во прашање среќава во врска со факултетот, ххаха па ... се нема мн среќа, се има мн трошоци, нервози, глупи асистенти...