На моменти се жалам и се нервирам за ситници. Ама кога ќе се подзамислам и ќе ми текни на тоа какви проблеми луѓето имаат, среќна сум со тоа што го имам, дека имам родители кои ми овозможиле колку што можеле. Не е најмногу, ама е најдоброто за мене. Најблиските се здрави и живи, фала богу здравјето не служи. Си наоѓам ситници во секојдневието на кои се радувам. Па, зошто да не сум среќна? Да, среќна сум!
Сум да, не сум завиткана во сивило и огорченост како некое девојчиња. Се радувам, живеам онолку колку стандардот на оваа држава ни дозволува. А некогаш правилата се создадени за да се прекршат. За да сум офф само ќе кажам ДА среќна сум, ни помалку ни повеќе од тоа.
Пфф среќата е релативна работа , можеби некогаш ке бидам среќен но сега не сум нажалост животот е таков !
Гледајќи ги луѓето кој немаат ни семејство ни пари за леб кој едвај живеат можам да кажам дека сум среќна со сето она што го имам неко едвај живеат а неко плачат зошто не им купувале кола ,iphon5 итн. Срварно е греота за тие што немаат а некој претеруваат.
oптимист сум...задоволна сум од животот,имам луѓе кои ме сакаат но ги немам сите кои јас ги сакам... би можело да бидам и посреќна...
Среќна сум , задоволна од тоа што сум и имам во моментов ке бидам уште посреќна ако ми се исполнат уште 2 или 3 желби т.е. планови ај со Господ напред секогаш оптимист ( освен во пмс хахаха )
Јас лично мислам дека нема човек на зеленава планета кој е во потполност среќен секаде понешто фали затоа сум среќна на некој свој начин,бидејки она што ми недостасува да го добијам тогаш би рекла ке бидам посрекна сега она да го имам... значи секогаш нешто ке ми фали за некоја потполна среќа...... Инаку сум среќна сум
Срекна сум зошто да не-работа,семејство,прекрасно дете,маж........лепота,младост ...доволно пари,срека,љубов...што би посакала уште
Да,среќна сум. Ние секогаш гледаме негативно,па викаме дека немаме ова,она,а не гледаме позитивно.Има деца што се глади,боси,што немаат родителите,малтретирани деца,деца што не можат да одат во школо...ете тие деца не се среќни.Јас сум жива,здрава,права,имам прекрасни родители,имам можности да учам...
Среќата не ја чинат материјалните работи кои некој ги поседува, патувањата, скапата облека, скапите афтомобили, телефини........ Имам прекрасен партнер, кој вистински ме љуби, имаме заедничко гнездо, наместено по наш вкус со наши инвестиции, наш автомобил Имам незаменлива сестра која е секогаш тука за мене, во било каква ситуација да се наоѓам. Ги имам моите најдобри родители, заљубени еден во друг како што биле и првиот ден, кои ми се поткрепа на секое поле. Имам работа која ме исполнува(да не се лажеме малце платата не соодветствува со енергијата која ја вложувам, но некој моли и за таа плата) Професионално се надградувам секој ден и нема да запрам И секако не можам а да не споменам дека го имам најнеоддоливото домашно милениче, мојата убавица која безрезервно ми дава љубов,а со тоа ме прави пресреќна. Заклучок од сето ова е ДА јас сум навистина среќна личност и не барам ништо повеќе од тоа
Со задоволство можам да кажам дека сум среќна. Не велам дека ништо не ми фали, нормално не може да е се совршено. Но, многу работи се сменија, останатото оди кон подобро. Како што вели мајка ми, дојдоа и моите 5 минутки.
Имам пријатели за цел живот, комплетно родителско внимание и љубов, успех во школото, здравје и да, среќна сум
ДА,СРЕЌНА СУМ ! Имам се што ми е потребно ...прекрасни родители,вода,храна,кров над глава,личност која ме сака и јас ја сакам , што друго ми треба ?