Моментано воопшто не сум, ама сите имаме такви денови. Повеќе тажна од колку среќна нема да се откажам. Си трчкам по среќата, се надевам за брзо дека ќе ја фатам
Многу се трудам да сум среќна и во сите негативни работи кои ми се случуваат се обидувам да пронајдам нешто што ќе ме мотивира да продолжам понатаму, но колку повеќе се трудам толку среќава е подалеку од мене ми бега од раце, таман ќе помислам ќе се среди се, еднаш и мене да ми биде се ок и наеднаш ќе се разбудам од тој убав сон се враќам во реалноста и сваќам дека се е една голема лага. Не сум среќна воопшто, барем така се чуствував во моментов
Уште малку фали за да бидам комплетно среќна. Да ми се подобри финасиската ситуација и се ќе биде подобро.
Мислев дека не сум но го сменив мислењето. Сум зошто не би била па животот не е совршен. Имам семејство, другарки и некој што го сакам, покрив над глава и нешто да облечам, јас сум задоволна можеби ќе речете дека така размислувам бидејќи сум млада. Еден ден сум среќна, некораш тажна и скршена но, ништо не е совршено. Оптимист сум и позитивна личност (иако сум без самодоверба што ако би се променило тоа би била посреќна) и секораш го барам „доброто во лошото“.
Не сум среќна,имам лош период во животот семејството како да ми се распаѓа таткоми не го препознавам повеќе изгубив воља да се борам за моите соништа дури и ги заборавив ми недостига човекот што бешее секој ден покрај мене,лесно им е на другите да речат биди позитивна све ќе биди во ред да а од каде да црпам позитивна енергија?од каде?
Среќна сум, имам се! Имам мајка и татко кои ме обожаваат, сестра која ме сака, и уште многу луѓе кои знам дека секогаш ќе бидат покрај мене, па зошто да не бидам? Ионака најдобрите работи во животот не се РАБОТИ.
Да.Иако некои работи не се онака како што сакам и често ми внесуваат негативна енергија,сепак сум среќна.
Среќна сум колку што сум и доволно ми е. Не е потребно многу за среќа. Среќна сум за секој нов ден во кој ќе се разбудам, среќна сум што се е во ред со моето семејство, сите ми здрави, живи, со по некоја грижа ама битно тука ми се, среќна сум ко ќе си го видам кученцето кај шо шета низ дома, среќна сум дека го имам него, среќна сум дека сум здрава, жива, сакана... И што уште можам да посакам освен ова? Најдобрите работи во животот, не се работи. Тие се прегратките, насмевките, пријателите, бакнежите, семејството, спиењето, љубовта, добрите спомени... Споделувајте среќа и бидете насмеани
тоа го вртам по глаа сабајлево „Сунце, хвала ти што си изашло замене, сунце обечајем мисли су ми позитивне,....“ ... Елементал ДА, денес Без некоја посебна причина
Имам речиси се'...Здрава сум, сите околу мене ме сакаат, тие се среќни, полека но сигурно го постигнувам тоа што сакам да го имам и да бидам во иднина..но порадни премногу грижи јас не се осеќам како премногу среќна. Се грижам за се', буквално за се'...Дефинитивно ми треба некое психијатарче мене да си ги средам малце мислите