Страв од брак

Discussion in 'Брак' started by gjyste, Mar 9, 2013.

  1. artemis

    artemis Популарен член

    Joined:
    Jun 16, 2010
    Messages:
    358
    Likes Received:
    324
    Gender:
    Female
    Добро, секој човек има право на свое мислење и став за својот живот. Но мене си ми многу контрадикторна бидејќи во еден момент се грижиш за телото, а во друг сакаш дете, ама без маж. Мислам дека е тоа себично. Ако сакаш дете зар воопшто ќе се замараш со тоа дека телото ќе ти страда? Или сакаш или не сакаш. И второ, пак, е себично да не му кажеш. Многу често сум размислувала за тоа дека нели ние жените можеме да раѓаме или да не раѓаме, најмногу од нас зависи. Во тој поглед мажите се во лоша состојба. А што ако еве, тој не сака жената да абортира, или сака? А што ако тој сака да знае дека има дете, а жената само затоа што може да раѓа, може и да преќути и да ускрати право на некој да биде родител? Малку забегав од темава, но секако ставот на феминката отвара многу прашања.

    А за тие стравови, да, се јавуваат кај многу девојки, страв од брак, од промени, од едноличност. Но тоа е на дваесетина години, не на 30. И на крајот на краиштата, ако сакаш да раѓаш подоцна, изживеј си се,па подоцна ќе се мажиш или ќе живееш со некој, сеедно. Верувај тогаш ќе ти треба партнер, другар, како и да е...
     
    elisabeta likes this.
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Joined:
    Jan 25, 2012
    Messages:
    1,670
    Likes Received:
    11,529
    Страв од брак значи дека не си спремна, односно не си го нашла вистинскиот човек. Страв од промените на телото за време на бременоста значи дека иако имаш 30 години, не си спремна за дете. И нормално дека нема да бидеш спремна за дете кога го немаш вистинскиот човек крај себе. А од друга страна пак, спомнуваш банки за сперма, самохрана мајка, некој кој што ќе те забремени?! Искено ти препорачувам да си направиш едно испитување на хормони, види што ти е како ти е, затоа што мене тироидната кога не ми функционираше како што треба тогаш бев со вакви нелогични двојби. Ова најсериозно ти го кажувам, нема никаква штета, оди побарај Т3, Т4 да ти испитаат, па и полови хормони. Не дека нешто не е во ред со тебе, туку нема потреба да се мачиш! Друга работа е дека се ќе се смени кога ќе си го најдеш човекот со кој сакаш да го поминеш животот, се ќе си помине! ;)
     
  3. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2013
    Messages:
    177
    Likes Received:
    116
    Се плашиш бидејќи не си подготвена, а како што ти е наведено во профилот имаш 20 години така што млада си и од една страна од таму ти е тој страв. Од друга страна, мислам и дека не си подготвена за брак со тој човек со кој што треба да се омажиш, биди сигурна дека тој е вистинскиот човек со кој би сакала да го поминеш животот. Според ова што го пишуваш, ми мириса дека овој човек не баш вистинскиот за тебе, бидејќи точно дека сите имаат по малку страв и паника од самиот поим брак, ама кога ќе го најдеш вистинскиот сите стравови и паники исчезнуваат и нема ни да помислиш да флертуваш со друг и нема толку ревносно да размислуваш дека ќе те изневери.

    Мислам дека вакво сфаќање на ЖЕНА од 32 години е едноставно неприфатливо :x
     
  4. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Joined:
    Feb 13, 2013
    Messages:
    791
    Likes Received:
    494
    Gender:
    Female
    Едно е да се плашиш од брак, а друго е да не сакаш брак. И девојките од двете категории ги разбирам. Стравот од брак, всушност претставува страв од непознато. „Вака ми е добро и сум среќна, зошто да менувам за нешто неизвесно“. Бракот сам си доаѓа, сама ќе се почувствуваш кога ќе сакаш да го направиш тој чекор (кога ќе го сретнеш вистинскиот и кога тој ќе ти даде чувство на сигурност, дека се ќе биде ок). Второ е за девојки кои не сакаат брак, и тоа го разбирам. Си се спознала себе и верува дека е посреќна да функционира сама - и тоа го ценам - не мора цела планета да е во брак. Само го осудувам моментот на скришно останување бремена и криење од таткото. Подобро направи си договор со некој пријател или оди на вештачко оплодување отколку подмолно да се „мести“ па преќутува цел живот нешто.
     
    Lolo5, encimenci and sonce10 like this.
  5. Tazna-solzicka

    Tazna-solzicka Нов член

    Joined:
    Mar 8, 2013
    Messages:
    44
    Likes Received:
    27
    Еве да ви појаснам за она што ве збунува и во што гледате контрадикторност, а тоа е забрменувањето. Да реков дека сакам да имам дете но некаде околу и после четириесетата година значи пред почетокот на менопаузата а не сега на 30 и нешто години. Ете на тоа се однесуваше на тоа дека сакам да имам дете но покасно. А ако планирам да се мажам тоа треба да го направам сега бидејки подоцна ќе остане само отпадокот или разведени со деца што се дополнителни проблеми бидејки квалитетните мажи бргу се трошат, а јас сакам кога би имала да имам квалитетно парче покрај себе а не само да најдам некој да ме удоби како куче скитник.
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    979
    Likes Received:
    1,752
    Gender:
    Female
    Јас морам да го искоментирам моментов самохрана мајка после 40 години???? Не мислиш дека тоа ќе биде убиствена комбинација? Мајка која влегува во менопауза,а со тоа и многу здравствени проблеми и нервози и едно мало невино и беспомошно бебе.Мене ова твоево размислување ми е премногу егоистично ,од просто што се ми се сведува на тоа јас да се изнауживам ,изживеам ,па кога ќе снеможам и ќе ми здосади се ќе си родам бебенце :x Ни јас ни ти не знаеме секоја од нас колку ќе живее,но ако земеме некој просек од 60тина години ,не мислиш дека треба да размислиш и за тоа дека детето може да остане само ,а малолетно ,па да се влече по домови и институции ,само и само затоа што ти си сакала да имаш дете кое ќе нема татко или за кој нема никогаш да дознае. Премногу себично и злобно размислување !!!
     
    MacenceEna and lolyta777 like this.
  7. ilipili

    ilipili Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2012
    Messages:
    1,310
    Likes Received:
    4,992
    Не ми си јасна во ништо од една страна сакаш дете,но не сакаш телото да ти се упропасти,па затоа дури на 40 години би имала дете и тоа од некој кој што ќе го запознаеш на некое патување,а од друга не сакаш да се мажиш ама ако се мажиш треба сега со некој со е број еден тип топ маж.Ти мажите ги гледаш како нешто штто бргу се троши или пак како живи суштества? Искрено за твоите 32 години размислувањата не ти се баш зрели.Бракот е света институција во кој што си создаваме наш дом,семејство,деца и сето тоа треба да е со вистинскиот човек,а не со некое добро парче.Сега размислуваш така,но дали си помислила што ќе биде ако ете имаш свое дете и си самохрана мајка,дали знаеш колку е тешко тоа? Зарем ќе осудиш некое дете да расте без татко поради својот страв и твоите размислувања кои што извини ама мене ми личат ко на некое 15 годишно девојче а не 32 годишна жена. Сега можеби размислуваш вака и си збунета,но по некое време кога ќе ти заиграат пеперутки во стомакот и кога ќе си направиш филче во главата како ти со својот сопруг и дете си имате свое гнездо,како тој го готви ручекот а ти ја правиш салатата или обратно а детенцето си игра околу вас и тоа како ќе ти се смени мислењето. И ако влезиш во брак не значи дека треба да си робинка некому и дека нема да можеш да излегуваш,за се има компромис :)
     
  8. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2013
    Messages:
    177
    Likes Received:
    116
    [/quote]

    Ти бре некако многу го планираш животот? Да не имаш и испланирано шо боја коса да има таткото или колку да заработува? Не сфаќам па зашто воопшто сакаш да се мажиш, ти треба некој да ти пополнува време, да ти биде занимација или да те финансира? Мислам извини вака, ама нормално дека вака ќе кажам бидејќи твоиве зборови натаму водат. Не гледам зашто би размислувала да се мажиш со некој ако немаш никој! Освен ако си во некоја околина што те притиска дека не си мажена или ти е стварно досадно па викаш ај да пробам да се омажам може ќе биде интересно. И како можеш да помислиш па дури и да напишеш дека некој е отпадок??? А ако за тебе некој каже дека си тргнала да бидеш стара мома како ќе ти биде? Ако си сакала некој супер згоден момак од 22-23 години, слободен, квалитетно парче како што си се изразила, тогаш си требала да мислиш кога си имала и ти толку години.

    А и речников со кој што си се изразила и си ги опишала мажите како некоја потрошна роба со краток век на траење не ти прилега на годините.
     
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Joined:
    Dec 23, 2012
    Messages:
    5,547
    Likes Received:
    151,577
    Gender:
    Female
    на 20 години срце мое нормално е да не сакас брак оти само сто си излегла од адолесцентските години.не си зрела да ја сфатис сустината на бракот .поцекај да порастис.оти со овој ум далеку не одис.во зивотот нема планови треба да си го разјаснис тоа оти многу ке се разоцарувас понатака
     
    martovsko cveke likes this.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    4,363
    Likes Received:
    21,350
    Gender:
    Female
    Чекајте малку, колку години ти уствари имаш????????????
    Ти пишува 32, а на неколку пати се спомнува во коментарите 20. Која е вистината?
     
  11. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Joined:
    Nov 16, 2011
    Messages:
    416
    Likes Received:
    536
    Јас колку што сфатив, две различни девојки се во прашање.
    Едната има 32, другата 20...
     
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    4,363
    Likes Received:
    21,350
    Gender:
    Female
    Во право ќе да си Лола. се враќав назад, па све препрочитав.
     
    Lola-M likes this.
  13. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Joined:
    Jul 24, 2011
    Messages:
    255
    Likes Received:
    122
    Зошто страв од брак?? Таков страв можат да имаат само ''неизживеани'' девојки, искомплексирани од бракот на нивните родители, или што дозволуваат надворешната средина да влијае на нив т.е надметнатите ''модерни'' ставови forever young.Иако сметам дека сум некомпентантна заради моите години да разговарам на тема за брак, но самохрана-исфрустриана мајка на 42 години секако дека е не неприфатливо, настрана моралот, премногу е себично.Некои смеаат дека бракот е врзување, и приморување за посегување кон ''забранетото овошје'' , па тогаш не ни треба да постојат ни врски, ни љубов.Почита е пресудна во бракот од двете страни, нема да цветаат секогаш рози, најбитно е да не се створи омраза па инает, па на крај желба за владеење. Зарем не сонува секоја жена за нејзин ден со саканиот во бела венчаница? Чудно, чудно...
     
    elisabeta likes this.
  14. Tazna-solzicka

    Tazna-solzicka Нов член

    Joined:
    Mar 8, 2013
    Messages:
    44
    Likes Received:
    27
    Незнам каде сум рекла даека имам 20 години само во еден пост рекв дека сем самостојна уште од 19 години сама се издржувам и одговарам сама пред себе. Инаку родена сум 30.03.1980 па пресметајте сами колку имам. И, баш сакам да ми посочите каде сум рекла дека имам 20 год.
     
  15. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Joined:
    Feb 13, 2013
    Messages:
    791
    Likes Received:
    494
    Gender:
    Female
    Срцка имало изгледа некое недоразбирање со годините на друга девојка. Ти ги прочитав постовите и можам да ти кажам дека те сфаќам, но работата со твоите моментални ставови е во работата што не си го сретнала вистинскиот човек. Не треба ни да се мажи мома, да не седи дома. Велиш ако сакам да се мажам треба сега за да не остане отпадокот. Да, во право си-ќе остане ако чекаш до 40. Но, не треба за да влезеш во брак да те води таа мисла - дај мажи се сега, да не се зезнеш за покасно, туку треба бидејќи чувствуваш дека сакаш да имаш покрај тебе партнер со кој заедно ќе чекорите и ќе ги делите сите убави и не толку убави моменти, некој кој ќе го сакаш. Второ, те сфаќам и за детето, сакаш да си поуживаш во годините и не се осеќаш спремна сеуште. Некои се спремни за брак и раѓање на 20 некои не се ни на 30. Ако најдеш таков партнер кој го дели мислењето со тебе - супер! Ако не најдеш тогаш можам да ти кажам дека нервите со годините попуштаат и како што можеш да гледаш лесно дете на 20 така ќе биде тешко на 40. И во смисол на енергија и на нерви и на се, а уште потешко ќе биде сама на 40 со бебе. Ниту твоите ќе бидат во состојба да ти помогнат, ниту ти ќе бидеш во целосна форма, ниту пак ќе имаш сопруг - ако се решиш за сама. Така да, мислам дека треба да го оставиш размислувањето на страна за оваа тема, да уживаш во секој ден кој го имаш, да се опуштиш и да ги оставиш работите сами да се случуваат, спонтано :) Не секогаш излегува како што планираме, понекогаш животот носи изненадувања кои и не се толку лоши ;)
     
  16. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Joined:
    Feb 26, 2013
    Messages:
    113
    Likes Received:
    439
    тажна солзичка, вака модерна и доста прогрсивна ми стоиш( незнам дали е тоа правиот збор, али сакам да се расфрлам со зборови што не ги рзабирам) :)

    по тоа што прочитав, сакаш сексуална слобода, несакаш да се мажиш и понатака во животот сакаш дете..
    се е тоа ок..сами си го кроиме животот по наши правила, не е во камен запишано дека мора сите да бидат во брак, нити пак секоја жена сака дете...сите сме индивидуи, со свои желби и соништа, и нема зашто да се плашиш од твоите,да се правдаш или да се објаснуваш...
    сакаш така да го проживееш животот, твој е...

    само не се слагам дека понатака ќе ни останат неквалитетни мажи за избор...
    лично јас-мажите кои ги познавам а покасно стапиле во брак( пак индивидуално) ги сметам у глобала за амбициозни,изреализирани,успешни...
    не значи дека ако ја затруднил девојката на 23, дека он бил премија...а овие кои одговорно живееле, создавале--сега во триесетите не вредат...

    и уште нешто, ако е разведен--исто така барем во мои очи не е помалку вреден...

    незнам, може така мислат и за нас...еве ја имам 28...може си мислат--оваа да беше арна ќе ја оженеше некој ... :rofl: :rofl: :rofl:
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,050
    Likes Received:
    123,791
    Gender:
    Female
    за болдот: НИКОГАШ немој да си го помислила тоа. :angel:

    Инаку ни јас еве на 34 не сум мажена, и сега што? да се убијам? Зашто не сум сакала пошто потоа да се омажам да ставам бурма на рака? Ијас не знам што ми носи животот, може ќе имам и јас само дете без маж, може ќе имам невенчана заедница, ама тоа е личен избор.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Се плашите од брак затоа што имате стереотипизирана слика за истиот...деца, запуштеност, ропство...
    Животот во брак не е состојба која треба да се генерализира. Како досега така и отсега, вие продолжувате да сте креатор на сопствениот живот.

    Најважно нешто на кое треба да мислите е да го најдете правиот човек.
    Во најопшта смисла што е бракот?
    Договор.
    Кој го потпишува?
    Партнерите.
    Значи, чија комоција е најважна во истиот?
    Одговорот е излишен.

    Најважното е да ја најдете личноста со која може да се договорите да го делите животот на начин на кој и двајцата ќе се чувствувате комотно во сопствената кожа. Дали ќе биде усмен или потпишан кај матичар, важно е со кого го склучувате истиот. Дали под брак ќе подразбирате живеење заедно/одделно, имање/немање деца, потпишување кај матичар/верување на „жими мајка“, ваше е.

    Ако погледите за тој живот не ви се совпаѓаат со тие на партнерот, не значи дека не сте за брак, туку дека личноста не е за вас.
     
    Dust, Annath, ilipili and 4 others like this.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    2,095
    Likes Received:
    3,629
    Страв од брак никако,дури мислам дека е подобро за мене да бидам во брак,не само поради семејство деца итн,туку поубаво е кога имате подршка и о машка и од женска страна,и како што некои кажаа најбитно е партнер/ка да се сложувате,толерирарате и сите обврски што ги носи еден брак,можеби сум старомоден но јас пре би во брак него ли да останам сам како шутрак некој,пример сите на одмор одат со семејство јас сам ли да одам?не оди,истото го мислам за девојките,никој со сила не ве тера да се омажите ако не сакате,но според мене таквите девојки не сакаат никакви обврски и ке бидат сами до крај на живото,а тоа за мене е рамно на самоубиство.
     
  20. Tazna-solzicka

    Tazna-solzicka Нов член

    Joined:
    Mar 8, 2013
    Messages:
    44
    Likes Received:
    27
    Да драга моја теоретски е така дека бракот е договор бла, бла, бла но ајде да погледнеме реално колку особи знаеш за кои можеш да кажеш дека и покрај тоа што се во брак имаат тотална слобода? Нашиве мажи без оглед на образованието и функцијата си се балканци во душа. Се дружам и со луге од угледн фамилии кои се директори и што ли уште не но и со обични луге кои се од работнички семејства, морам да кажам дека нема некоја голема разлика што се однесуво до односот кон жените и љубомората. Жената ако се обиде да се избор за сопствената слобода веднаш доаѓа до расправии и неминoвно доаѓа до развод. Е, сега би секала да ми кажете дали е подобро детето да нема татко отколку да го има на хартија и да биде растргнато ни ваму ни таму. Значи баталете теорија гледајте ги малку работите реални. Сум имала и притисок од родителите, ајде мажи се што чекаш нели гледаш твојата генерација веќе и деца, имаат а ти неможеш уште да се скрасиш. Пота што толку бираш сите мажи, се исти ти да не сакаш некој со рогови, и слични флоскули. Но јас како што реков од 19 години не зависам од нив и сама се издржувам и одговарам за соите постапки и фала богу добро ми оди доста напредував во кариерата сега имам добра позиција во фирмата со тенденција да напредувам кон врвот. А, што мислите да бев мажена ќе успеев да стигнам до таму? Значи животот на жена од кариера е многу поинаков од оној на жени кои работат едноставни работи.
    Знаете кога сте во брак нема излегувањепо деловни ручеци, вечери да бидеш нон стоп на телефон со деловните партнери кои неретко знаат да имаат непристојни предлози, кои зависно од твојот интерес и интересот на фирмата де ќе ги прифатиш дел не. А, што се однесува до тоа како ќе го чувам детео во поодмината возраст? Мислам дека до тогаш ќе се изборам за што поповолна позиција во бзнисот и ќе имам доолно капитал за да можам да се грижам и за себе и за детето. Тогаш нема да треба да се докажувам и ќе имам повќе време и за себе и за детето.
     
    martovsko cveke likes this.