Фала ти ♥️ Си учам секој ден редовно. Овој ми е втор факултет, лани се запишав на ФИНКИ но поради тоа што ни ми се допадна и преголемиот стрес се отпишав. Додека бев во ФИНКИ многу ослабнав и психички се чуствував уморена. Се плашам да не ми се повтори истото
Ситуацијава ти е причинско последична, поради стресот немаш мотивација и правиш се друго освен учење. Ако предале 100 страни не ги учи сите во 1 ден невозможно е. Гледај на учењето како нешто што ќе те направи подобра личност и ќе те доближи до професијата. Кога ќе ја земеш книгата кажи си дека имаш 5 страни за учење, прочитај ги потцртај важни работи, па уште 5 и уште 5 се со цел да си олесниш и да не гледаш така негативно на студиите. Така ќе створиш и капацитет. Книгите и бројот на страни тек допрва ќе се зголемуваат се што ти преостанува е да се навикнеш и да си најдеш своја рутина што најмногу ти одговара.
Не мисли на тоа дали ќе се повтори, си создаваш автосугестија и уште повеќе стрес. Нема зошто да биде така, си видела дека тоа не е за тебе и си прекинала. Се' ќе биде во ред и овојпат успешно ќе завршиш.
Стрес е ништо повеќе од неспособност од справување со одредени ситуации. За жал е сеприсутен и тоа е причината за 90% од сите болести.
Стресот не е неспособност со справување со одредени ситуации, било каква непријатна ситуација може да доведе до стрес и тоа зависи од многу фактори, од самата личност, карактерот, околината, професијата, милион фактори може да бидат причина за стрес и не стигматизирајте дека ако некој е под стрес е неспособен и не може да се справи со одредена ситуација, мислењево ти е скрос погрешно или пак не знаеш што е стрес, друго објаснување за ова што си го напишал нема.
Не ми беше намерата да стигамтизирам, туку вистинската дефиниција за стрес. Никој не е имун на стрес и во право си со се што кажа освен дека мислењето ми е погрешно. .) Ако сме доволно свесни и способни да се справиме со сопствениот ум и тело, полесно можеме да ги контролираме надворешните фактори и ќе знаеме што ни прави добро а што лошо. Се надевам ми ја сфати поентата.
Има ситуации и околности на кои ти не можеш да влијаеш, на пример болест, пандемијата, вработување, особено во нашава државичка што ништо не функционира, една работа да сакаш да ја завршиш не можеш да ја завршиш без проблем и тоа најбаналната, сите тие секојдневни ситуации влијаат и доведуваат на некој начин до хроничен стрес, и тоа нема врска со личноста и колку може да се справи со одредената ситуација, едноставно некој работи не зависат од тебе и не можеш да ги контролираш.
Мене често ми се случува кога ќе се изнервирам многу, целото тело почнува да ми се тресе Дали тоа значи дека јас имам стрес? Ако тоа значи дека имам, тогаш како да го контролирам стресот?
Вака мене во последно време ми се случуваат лоши работи, не знам како да опишам се што неискажливо мразам, го знам тоа затоа што кога веќе 2 пат ми се случи почнав да имам фобија од тоа. Кога од страната на мајка ми ќе ме викнат "на гости" дали би ме пуштиле баба ми, татко ми, тетка ми итн. Мислат дека јас имам неколку послаби оценки, (една 3 и две 4)А имам и OCD и мислам дека се што ке се случи узбуна дома е поради тие ритуали. Некој нека сподели доколку ова му се случило.
Edno prasanje.. dali vi se slucilo da vi se slucu edno bum vo srceto kako posilno da cuka ednas do dva pati i pak se vraka normala dali e toa od stres zs sum pregledana so eho mi rekoa srceto e se vo red
Тоа се екстрасистоли, се случува при хроничен стрес, кофеин, кај жени може да се јави и за време на овулација или ден, два пред менструација.
Блазеси ви на сите што стресот сте го излечиле со било каков лек. Но што кога стресот е предизвникан од надворешни фактори што не ви даваат физички и психички мир?
@wildpunk вежбај нешто. Посвети се целосно на себе, исклучи се од останатото. Контролирај го дишењето, ќе бидеш добро.