Сакав да поставам прашање...а неможев да најдам тема за Канал 5 (гледам за Сител има) Што беше финтана со највата како вонредни вести: Паднал авион....и на крај титлувано КРАЈ наскоро?????????????????? Прво нозе ми се пресекоа....додека сватив дека не е вистина веќе ладно ме обли. Втото не сватив за што точно се работи....
незнам со кој памет ја пуштија оваа изјава на канал 5, дигнаа паника без око да им трепне, а всушност само си рекламирале нова серија, со голема доза на црн хумор http://www.sky.mk/makedonija/24791-%D0% ... D0%B0.html
Јас мислам дека ова е најава на серијата Lost - Изгубени, што се имитуваше на А1. Па затоа така најавуват. Ама во секој случај опасна најава
Лелее..Сноу-Квин и мене ме интересира.. На сред серија(Величествениот) ја прекинаа таа оденаш без претходна најава и кажуваат некои глупости.А плус најавата на канал 5 беше веднаш после сцената кога Хурем се онесвести,и си помислив глупости... Ме извадија од памет..ауу ама морничава реклама. Значи овие на телевизијава не се нормални. Леле..Луѓето можеле срцев напад да добијат.. Ова им е најголемата грешка на сите времиња !
^Навистина катастрофа....замислите како им е на луѓето кои денеска испратиле роднини,деца,мажи жени на аеродром....стигаат дома и го гледаат ова Божееее КАТАСТРОФА
Неможам да сватам што им е филмов..Изгледа сакаат популарност,гледаност луѓето.. Ама човек со здрав памет вакво нешто не прави. Колку и да сакаш популарност,вака не се постапува. И сега,вечер,сите луѓе на вестите на канал5. Можеби тоа им е целта.. Инаку..која е серијата која ја рекламираат ? И пак ќе кажам.Ова е најглупавата најава на светов.Треба во Гинисовата книга да се запише. Spoiler Шала на страна,ама навистина е морбидно !
Наместо да си привлечат гледачи на овај начин ќе имаат уште помала гледаност, мајка ми и баба ми колку се вознемирија... можам да замислам како им било на луѓето што си ги испратиле роднините на аеродром со цел памет се прави бе ваква реклама ?!
Аман бре колкава паника кренавте од една реклама Толку ли не сфативте дека за реклама се работи However...Ја не гледав тв во тој момент дознав од фб, оти све живо и диво само за тоа зборува, и кој гледал и кој не, важно и они да споделат, дека се у тек со настани.
Значи ја прекинаа серијата за таква глупост и не викај дека не беше глупаво... зошто има луѓе што стварно полетале денес и замисли ти сега да имаше некој близок што замина
^Ognenija зарем ти од прва свати? немој молим те....јас се стресов, а тек како им е на оние што денес некого испраќале на аеродром,јака им душа на луѓето
Е добро де, разбирам за тие што стварно имаат некој кој полетал ама цела македонија ли канал5 гледаше, сите ли имаа некој близок што полетал токму денес у толку часот.
Колку се потресувате за обична реклама и на почеток да не сте сфатиле, после 5 секунди би ви било јасно за што се работи, чему фрка
^...немам коментар Ognenija, и да немаш некој што полетал....пак е језиво да чуеш таква вест,жално трагично
Видов, прочитав, сфатив. Нивни начин и нивна одлука си е како ќе ја рекламираат серијата, што толку кревате фрка кога на крајот секој може да сфати дека се работи за реклама.
Јас повеќе се зачудив од нивната постапка. На сред серија..тапп..маваат со глупи вести Жално е за луѓето кои имаат роднина/познаник во авион денеска. Жално е што телевизииве вака постапуваат.Се за популарност. Ама добро па,можеби ние не сме толку паметни и не сме сватиле одма. Ама па прво нешто што ќе си помислиш е дека не е лага,штом на тв даваат и тоа водителкава.. Колку и да знаш за што се работи..сепак е чудно..има некој сомнеж.Не е баш дека луѓето останале рамнодушни.Колку и да знаеме дека се разботи за најава за нова серија..првата реакција е таа.. Мое мислење.
Сите сфативме дека се работи за реклама, пишуваше промо најдолу и тоа со големи букви, АМА , не сите сфаќаат таков вид на хумор. Срамота е, што се нема да направат за популарност на телевизијата. Патетични се. Од толку негативна енергија што шират со вестите, а само за негативни работи зборуваат, не им требаше уште ова - негативност до крај, само за тоа да се знаело кај нас ...
Значи поглупо нешто неможеа да смислат ГЛУПОСТИ. Ваква реклама за серија досега немам видено а мислам дека повеќе нема ни да видам. А и нема врска дали имаш некој кој полетал или не самата вест дека авион се срушил веднаш по полетувањето е доста морбидна и језива вест, а и Татјана паднала на толку ниско ниво, НЕВЕРОЈАТНО.