Поо Сол опасен е многу го сакам, а за Кери нз шо да речам нз матуфа е скрос Spoiler Јас мислам дека Броди ке се врати дека нешто ке испадни сега ке откриват кој всушност ја бомбардира ЦИА т.е кој ја премести колата поо сцената онај ко ги заколи оние преодвратна,ама мораше за американците да испаднат подобри секогаш
Е тоа е тоа. Ја нема Дејна, го има Броди, има акција и се вратија малку во добрите стари времиња. Spoiler Кери што мисли да прави со бебето, ќе си го чува ли? Ми беше ептен жал за дечкото со ногата, баш беше симпатичен.
Кој што сака нека каже ама Броди од кога се врати сезоната почна да добива смисла. Првите 4-5 епизоди беа толку пасивни што кога ќе се земе во превид дека секоја сезона има по 12 епизоди е многу безвезе. Останаа уште 2 до крај и едвај чекам да видам како ќе ја искомплицираат работата овој пат. Нешто очигледно ќе тргне наопаку во Иран, а се ми мириса според последното промо дека Кери ќе направи некој голем хаос.
Каква епизода Една од најдобрите до сега. Вакво нешто бараше, епизода полна со неизвесност. Штета што толку време им требаше за да ја изградат приказната сезонава и дури на крајот почна акцијата. Ептен нестрпливо го чекам финалето, ми мириса на нешто големо.
Лелееее, аман бе. Не отворајте спојлер ако не сте ја гледале последнава епизода. Spoiler Ах бре Броди... Се утепав од плачење кога го обесија. Го обесија човече. Не можев да најдам ништо асално по нетот дали има некакви шанси да е ова некаква измама, ама некако не ми се верува. Не знам дали ќе ја гледам уопште серијава без него.
Spoiler Уф, значи Богами се потресов кога го обесија, се надевав до последен момент дека ќе бидне некое чудо ама тоа е. И многу ми е криво, не сакав така да заврши. Од друга страна па, после се што се случи ова беше најлогичниот тек на настаните. Настрана тоа што Броди ни е омилен лик на повеќето, серијава не е некоја сапуница и сценариото не треба да трпи тешки нелогичности само за да го задржи вниманието на гледачите. Премногу ќе беше глупаво да се вратат во Америка, а Броди никогаш немаше да може да спие мирно. Они ЦИА ја бомбардираа со сите највисоки претставници, па него немаше да го решат Во секој случај, браво на режисерите поради храброста да се одлучат на ваков потег. Не знам што планираат понатаму ама ќе и дадам шанса на наредната сезона ако воопшто ја има. Саул е во пензија, Броди е мртов (најверојатно), се надевам дека нема да го воскреснат, затоа што ќе биде смешно. Имам слушнато или прочитано некаде (не ми текнува конкретно) дека има начин да се преживее бесилка, ама ако веќе прават такви циркузи подобро нека го изведат тоа маестрално, затоа што во спротивно тек тогаш ќе следи разочарување од целата серија.
Првата половина од последнава епизода ја Spoiler испукаа набрзина. Акција, неизвесност, бесење на Броди, за во вториот дел да гњават со глупости од некоја турска или јужно американска серија. Сол ужива негде на Медитеран, си јадат кроасани со Мира. Иран попушта пред ОН. ЦИА работи во хармонија. Нова работа во Турција за Кери. Дилемата дали Кери да роди, "па кој ќе чува деца", "дете не е за мене", татко и вика он ќе го чувал, на ти го-дај ми го... Ни траг од нешто што би не оставило во неизвесност и исчекување до наредната сезона (ако ја има). Или треба да направат спектакуларен вовед во новата 4-та сезона (незнам само како, а да се задржи континуитетот на дејството) или нема потреба да продолжат со снимање. Враќање на Броди не доаѓа во предвид за вака сериозно ТВ шоу (иако по интернетов има многу дилеми дали вистина е мртов).
Spoiler Тоа е тоа, Броди не се враќа веќе. Знам дека најдобро испадна вака, немаше да има смисла да се врати, ама не знам како би се одвивала серијава без него. Кери и така ме нервираше. Ајде, ќе видиме.
2 сезони изгледав за 1 недела , амаа 3тава никако да ја почнам ...ама се надевам до крај на следнава недела ке ја почнам па ќе може да сум уп то дате ... само се надевам дека нема да се продолжи со она топло ладно ...те сакам не те сакам... сакам да сум со тебе ... си агент не си агент .. или она шпион не шпион... се надевам дека во 3 сезона веќе знаат кој е кој и зоѓто би биле заедно ...
И јас се заразив со серијава. Дефинитивно е една од најдобрите, алал да им е на сите кои учестуваат во неа. Огромно браво! Ме остави без сон една недела, ама морав да ја завршам Неизвесна, напната, го има сето она што е потребно за да го задржи вниманието на гледачите. Ја препорачувам на сите оние кои не ја гледале, ама да ја симнете уште сега! Spoiler Криво ми беше ептен на крајот за Броди, иако на почетокот ме нервираше, антипатичен лик ми беше. Ама да го оставеа жив немаше да има смисла серијата.
Најдобрата серија што сум ја гледала до сега. Толку се луди сите, значи не знаеш во секундата што ти спремаат. Ги изгледав сите три сезони, ама не знам дали ќе има четврта. Ама најјако ми беше Кери кога беше сместена во лудница, значи со тоа се докажаа дека се најдобри агенти. Дефинитивно нај јака серија.
најзабавен дел ми е општо Кери пустата колку само страда !!! Spoiler се надевам дека сепак ке реши да го чува детето оној Сол малку одповеќе почна да босува и се повеќе ме нервира !!
Ах предобрата серија конечно продолжува од 5-ти октомври. Од толку што се оддолжуваат серииве, им ја заборавам содржината па и имињата. Во моментов ми текна дека е Ник Броди Зошто ли мораше да го ликвидираат. Цело време, се додека не видов дека нема е дел од новата сезона, потајно се надевав дека ликвидирале некој што личи на него и дека пак ќе се појави од некаде. Ова беше серија со највеќе акција и постојана напнатост, се надевам ќе продолжат со тоа темпо. Мислам дека Кери оваа сезона ќе се секса со тој колегата што и е, он и порано тајно ја посакуваше, сега Ник го нема, патот му е слободен.
Мора да имаат страшно добра приказна сезонава за да надоместат за Броди. Добро е што барем Сол е тука. Си го сакам ептен Менди Патинкин. Ајде уште малку, па ќе видиме конечно што ќе се случува. Еве еден teaser. http://www.youtube.com/watch?v=uf15BBlJw30
Конечно 4 сезона Колку се израдував вчера на новата епизода, а баш не знаев дали ќе продолжи серијата или не. Е па значи следуваат нови неизвесности и искушенија. Прекрасно...
^Ги изгледа епизодите? Јас не можам да се наканам да седнам да ја гледам, се си мислам дека ќе биде ужасно лоша. Ајде нека сподели некој впечатоци ако ги изгледал двете нови епизоди.
Една епизода изгледав само а денес и другата ќе ја изгледам. Лоша неможе да биде, знаеш колку се луди и непредвидливи сите. Spoiler Кери е шефица сега, ја унапредија а детето кај сестраи и таткои е, Броди не го спомнаа а се си мислам дали ќе излезе жив од некаде.
И јас ги изгледав двете епизоди вчера, во еден здив, ама со страв да не ја уништиле серијата. Ама не се лоши, има интересни моменти. И мене ме зачуди што воопшто не го спомнаа Броди. А детето исто како него портокалово
Премногу добро изградени ликови има серијава за се да се сруши затоа што го нема Броди. Третата сезона делуваше некако празно кога го немаше, но само затоа што не беа разрешени работите со неговата приказна па делуваше како недовршено поглавје. Мене многу ми се допадна почетокот на новата сезона и има доста простор за секакви сценарија. Кери е стандард шлакната, никој не очекуваше дека ќе биде пример за мајка Spoiler но делот со бебето во кадата ме извади од такт. Знам дека се мачи со биполарноста, но ќе беше ту мач ако ја спроведеа сцената до крај. Оваа сезона ми мириса дека Кери ќе ја вплеткаат со Квин, мора малку некој да и ги смири страстите А и искрено добар пар би биле.
Искрено јас уште многу одамна очекував дека ќе се случи нешто помеѓу Кери и Квин, додека и Броди беше во САД ама ете уште ништо. Инаку може па Квин ќе се заљуби сега, ете каква риба најде во оваа сезона Значи немам коментар за филмот, не знаеш од која страна ќе те треснат и кој со кого би бил. Spoiler А за сцената со бебето, ништо чудно не ми е Кери што забега до толку. Налудничава е скрос, дали ќе се оправи кој знае.