1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татковина (Homeland)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Trendafilka, 3 октомври 2012.

  1. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Поо Сол опасен е многу го сакам, а за Кери нз шо да речам нз матуфа е скрос :o
    Јас мислам дека Броди ке се врати дека нешто ке испадни сега ке откриват кој всушност ја бомбардира ЦИА т.е кој ја премести колата поо сцената онај ко ги заколи оние преодвратна,ама мораше за американците да испаднат подобри секогаш :!:
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Е тоа е тоа. Ја нема Дејна, го има Броди, има акција и се вратија малку во добрите стари времиња.
    Кери што мисли да прави со бебето, ќе си го чува ли? Ми беше ептен жал за дечкото со ногата, баш беше симпатичен.
     
    На Giovanna и Hipster им се допаѓа ова.
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Кој што сака нека каже ама Броди од кога се врати сезоната почна да добива смисла. Првите 4-5 епизоди беа толку пасивни што кога ќе се земе во превид дека секоја сезона има по 12 епизоди е многу безвезе.
    Останаа уште 2 до крај и едвај чекам да видам како ќе ја искомплицираат работата овој пат. Нешто очигледно ќе тргне наопаку во Иран, а се ми мириса според последното промо дека Кери ќе направи некој голем хаос.
     
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Каква епизода :o
    Една од најдобрите до сега. Вакво нешто бараше, епизода полна со неизвесност. Штета што толку време им требаше за да ја изградат приказната сезонава и дури на крајот почна акцијата.
    Ептен нестрпливо го чекам финалето, ми мириса на нешто големо.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    :o :o :o
    Лелееее, аман бе.
    Не отворајте спојлер ако не сте ја гледале последнава епизода.
    Ах бре Броди... Се утепав од плачење кога го обесија. Го обесија човече.
    Не можев да најдам ништо асално по нетот дали има некакви шанси да е ова некаква измама, ама некако не ми се верува.
    Не знам дали ќе ја гледам уопште серијава без него. ;(
     
    На Dog-lover и Giovanna им се допаѓа ова.
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Уф, значи :doh:
    Богами се потресов кога го обесија, се надевав до последен момент дека ќе бидне некое чудо ама тоа е. И многу ми е криво, не сакав така да заврши. Од друга страна па, после се што се случи ова беше најлогичниот тек на настаните. Настрана тоа што Броди ни е омилен лик на повеќето, серијава не е некоја сапуница и сценариото не треба да трпи тешки нелогичности само за да го задржи вниманието на гледачите. Премногу ќе беше глупаво да се вратат во Америка, а Броди никогаш немаше да може да спие мирно. Они ЦИА ја бомбардираа со сите највисоки претставници, па него немаше да го решат :^)
    Во секој случај, браво на режисерите поради храброста да се одлучат на ваков потег.

    Не знам што планираат понатаму ама ќе и дадам шанса на наредната сезона ако воопшто ја има. Саул е во пензија, Броди е мртов (најверојатно), се надевам дека нема да го воскреснат, затоа што ќе биде смешно. Имам слушнато или прочитано некаде (не ми текнува конкретно) дека има начин да се преживее бесилка, ама ако веќе прават такви циркузи подобро нека го изведат тоа маестрално, затоа што во спротивно тек тогаш ќе следи разочарување од целата серија.
     
  7. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Првата половина од последнава епизода ја
    испукаа набрзина. Акција, неизвесност, бесење на Броди, за во вториот дел да гњават со глупости од некоја турска или јужно американска серија. Сол ужива негде на Медитеран, си јадат кроасани со Мира. Иран попушта пред ОН. ЦИА работи во хармонија. Нова работа во Турција за Кери. Дилемата дали Кери да роди, "па кој ќе чува деца", "дете не е за мене", татко и вика он ќе го чувал, на ти го-дај ми го... Ни траг од нешто што би не оставило во неизвесност и исчекување до наредната сезона (ако ја има). Или треба да направат спектакуларен вовед во новата 4-та сезона (незнам само како, а да се задржи континуитетот на дејството) или нема потреба да продолжат со снимање. Враќање на Броди не доаѓа во предвид за вака сериозно ТВ шоу (иако по интернетов има многу дилеми дали вистина е мртов).
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа, Броди не се враќа веќе. Знам дека најдобро испадна вака, немаше да има смисла да се врати, ама не знам како би се одвивала серијава без него. Кери и така ме нервираше. Ајде, ќе видиме.
     
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    2 сезони изгледав за 1 недела , амаа 3тава никако да ја почнам ...ама се надевам до крај на следнава недела ке ја почнам па ќе може да сум уп то дате ...
    само се надевам дека нема да се продолжи со она топло ладно ...те сакам не те сакам... сакам да сум со тебе ... си агент не си агент .. или она шпион не шпион... се надевам дека во 3 сезона веќе знаат кој е кој и зоѓто би биле заедно ...
     
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    И јас се заразив со серијава. Дефинитивно е една од најдобрите, алал да им е на сите кои учестуваат во неа. Огромно браво! Ме остави без сон една недела, ама морав да ја завршам :D Неизвесна, напната, го има сето она што е потребно за да го задржи вниманието на гледачите. Ја препорачувам на сите оние кои не ја гледале, ама да ја симнете уште сега! :D

    Криво ми беше ептен на крајот за Броди, иако на почетокот ме нервираше, антипатичен лик ми беше. Ама да го оставеа жив немаше да има смисла серијата.
     
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Најдобрата серија што сум ја гледала до сега. Толку се луди сите, значи не знаеш во секундата што ти спремаат. Ги изгледав сите три сезони, ама не знам дали ќе има четврта.
    Ама најјако ми беше Кери кога беше сместена во лудница, значи со тоа се докажаа дека се најдобри агенти.
    Дефинитивно нај јака серија.
     
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    најзабавен дел ми е општо Кери пустата колку само страда !!!
    се надевам дека сепак ке реши да го чува детето
    оној Сол малку одповеќе почна да босува и се повеќе ме нервира !!
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Ах предобрата серија конечно продолжува од 5-ти октомври.
    Од толку што се оддолжуваат серииве, им ја заборавам содржината па и имињата. Во моментов ми текна дека е Ник Броди :D Зошто ли мораше да го ликвидираат. Цело време, се додека не видов дека нема е дел од новата сезона, потајно се надевав дека ликвидирале некој што личи на него и дека пак ќе се појави од некаде.
    Ова беше серија со највеќе акција и постојана напнатост, се надевам ќе продолжат со тоа темпо. Мислам дека Кери оваа сезона ќе се секса со тој колегата што и е, он и порано тајно ја посакуваше, сега Ник го нема, патот му е слободен.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Мора да имаат страшно добра приказна сезонава за да надоместат за Броди. Добро е што барем Сол е тука. Си го сакам ептен Менди Патинкин.
    Ајде уште малку, па ќе видиме конечно што ќе се случува.
    Еве еден teaser.
    http://www.youtube.com/watch?v=uf15BBlJw30
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Конечно 4 сезона :party:
    Колку се израдував вчера на новата епизода, а баш не знаев дали ќе продолжи серијата или не. Е па значи следуваат нови неизвесности и искушенија. Прекрасно...
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    ^Ги изгледа епизодите?
    Јас не можам да се наканам да седнам да ја гледам, се си мислам дека ќе биде ужасно лоша. :(
    Ајде нека сподели некој впечатоци ако ги изгледал двете нови епизоди.
     
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Една епизода изгледав само а денес и другата ќе ја изгледам. Лоша неможе да биде, знаеш колку се луди и непредвидливи сите.
    Кери е шефица сега, ја унапредија а детето кај сестраи и таткои е, Броди не го спомнаа а се си мислам дали ќе излезе жив од некаде.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    И јас ги изгледав двете епизоди вчера, во еден здив, ама со страв да не ја уништиле серијата.
    Ама не се лоши, има интересни моменти.
    И мене ме зачуди што воопшто не го спомнаа Броди.
    А детето исто како него портокалово :)
     
    На Elissa и RainBow им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Премногу добро изградени ликови има серијава за се да се сруши затоа што го нема Броди. Третата сезона делуваше некако празно кога го немаше, но само затоа што не беа разрешени работите со неговата приказна па делуваше како недовршено поглавје.
    Мене многу ми се допадна почетокот на новата сезона и има доста простор за секакви сценарија. Кери е стандард шлакната, никој не очекуваше дека ќе биде пример за мајка
    но делот со бебето во кадата ме извади од такт. Знам дека се мачи со биполарноста, но ќе беше ту мач ако ја спроведеа сцената до крај.
    Оваа сезона ми мириса дека Кери ќе ја вплеткаат со Квин, мора малку некој да и ги смири страстите :rofl: А и искрено добар пар би биле.
     
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Искрено јас уште многу одамна очекував дека ќе се случи нешто помеѓу Кери и Квин, додека и Броди беше во САД ама ете уште ништо. Инаку може па Квин ќе се заљуби сега, ете каква риба најде во оваа сезона :swear:
    Значи немам коментар за филмот, не знаеш од која страна ќе те треснат и кој со кого би бил.

    А за сцената со бебето, ништо чудно не ми е Кери што забега до толку. Налудничава е скрос, дали ќе се оправи кој знае.