Spoiler На крајот Никола и Марина ќе се венчаат, Себастијан и Барбара ќе бидат заедно. Филип ќе останел сам во куријата, а Бригита ќе оди во затвор заради тоа што го уби Иван. Толку знам, претходно прочитав некаде, ама сега неможам да ја најдам страната каде што прочитав.
И мене дефинитивно Барбара и Бригита ми се омилени. Во цртани, серии и филмови сум секогаш на страната на негативците. Имаат некоја причина што стигнале до таму, а уствари добрите се лошите!
Некој спомна за нашава Јелена (Марина). Има нешто девојката во себе толку одбивно и антипатично што не можам да опишам. Не знам како да кажам, мене ми зрачи со некоја опасна енергија.
Убава е серијава. Мене најсимпатична ми е Барбара. Наивна и слатка, ама сепак паметна е. А Јелена( Марина) некако не ми се свиѓа, нема убави црти на лицето. Интригантна е и амбициозна. Никола е сладок, мислам дека во една серија глумеше негативец ( Динко).
Нема шарм во неа, за разлика од Барбара например. И заборавив да спомнам Валентина ми е исто многу симпатична, и се подрага и подрага ми станува.
Не знам зошто, ама Лада не ја можам! Ми иде преку телевизор еден бокс да и мавнам! Каква мајка-таква ќерка! И двете ми се многу антипатични, а Лада не знае ни г од глумење. Бригита е страшно добра глумица. Ептен е јака. Инаку читав негде, дека Јелена е можно да е новата Џејмс Бонд девојка. Не знам како ја одбрале!
Јас не разбирам зошто Валентина и Бригита се непријателки. По карактер се исти, убиваат луѓе и сеедно им е. Мило ми е што конечно го пуштија Никола од затвор и што е заедно со Марина. Сега чекам само уште Барбара и Себастијан да се смират. Лада и понатаму многу ме нервира, поготово за ова што го брани Роберт! А инаку многу ме интересира, знае некој дали Нена ќе се појави пак некогаш во серијава. Многу ја сакав, многу ми беше симпатична, и на крај за нејзе и Барбара ми беше најкриво кога умре Иван.
А каде е Нена, не ги имам гледано последниве епизоди. И што е со Валентина, од каде дојде и кого убила, Анкица? И зошто?
Нена си замина од Вилин Дол, бидеќи и беше тешко да остане во куќата каде што живееле заедно и се врати кај нејзините мислам. Валентина за малце го уби синот на Анкица, ама во последен момент дојде Филип и ја спречи да го направи тоа. Инаку Дамјан (така и се вика синот), спиеше, додека Валентина сакаше да го убие.
Spoiler Лада го брани Роберт зашто не сака Марина да биде со Никола. Лада ја убила Јулија мајката на Никола
Spoiler Па нели и нена е дете без родители, како се вратила кај нејзините? Имам пропуштено некои епизоди, може некој да ми каже кој и како ја уби анкица?