Па никој овде не спомна дека со тоа што почитуваниот премиер не прифаќа дуел и тоа со смешна реплика на поканата од бц, покажува дека се плаши, и дека е антидемократско расположен, не е дека еден дуел ќе ме натера да одлучам, ама мн ќе видам од еден дуел, за бц знам дека знае да збори, ама за премиеров како граѓанин во држава која тој ја води сакам да знам дали премиерот има уста има ораторски вештини, има ли храброст, има ли цврсто ставови и аргументи за се што досега направил, дали е чист и стои позади сето тоа, а тоа најмногу би се видело кога би доживеал еден орален атак на ваков тв дуел...И ќе заклучам дека ние како народ па воопшто не ни е демократската свест на ниво...изгледа слепо сакаме водич и тоа авторитарен и како лесно се лажеме ццц смешно смешно е што несака да излезе години поминаа....а јас се го гледам по неговите телевизии само ,како се фали и розево прикажува се живо и диво...леле не ми се верува дури толку ли е прост народов или...
Луѓе избегнувањето на дуел во една нормална и демократска држава не е нормално. Ама во нашава држава, пошто е далеку од нормална, ние си се навикнавме на многу ненормални ствари. Можеби дуелот нема што многу да смени, секако нема да го смени мислењето на тврдокорните сдсмовци или вмровци, ама можеби ќе повлијае на неопределените гласачи. Па и да не влијае на никого, дуели меѓу политичарите мора да има. ЗОШТО?!? Затоа што Груевски цели 5 години плука по Црвенковски. Цели 5 години споменува валкана приватизација. Цели 5 години својот г*з го пере на грешките на Црвенковски. Цели 5 години не убедува како ни тече мед и млеко, како економијата ни цвета итн итн. Епа ако е толку сигурен во своите успеси и во напредокот до кој не довел, ако е толку убеден во неуспесите и лагите на Црвенковски, нека седне како маж и нека се соочи. Нека изложи факти, податоци, докази дека е така како што зборува. Нема потреба да се крие и да бега од дуели ако има факти. Ама за жал, нема. И тој кутриот не располага со ништо друго освен со лаги, во кои упорно не убедува, демек ние малоумни сме. Зошто е потребен дуел?!? Зошто веќе ни е преку глава од отчети (во кои секој може да си напише што сака) и од манифести. Зошто веќе ни е преку глава од четиричасовни интервјуа кај Латас, Миленеко и Јанко и од нарачани прашања и однапред спремени одговори. Зошто веќе ни е преку глава од избегнување на одговори на новинари кои не мислат исто како власта. Јас како граѓанин на оваа држава сметам дека имам право да знам зошто премиерот сече ленти, се слика и отвара факултети низ многу градови од државата кога многу од тие факултети не работат. Се отворија само за да се испосликаат и толку. Се запишаа студентите, па ги префрлија во Скопје(а нели поентата беше да им се олесни на студентите од провинцијата). А како да дознаам кога нашиот премиер одбегнува било какво соочување, со било кого кој не мисли како него?!? Не само со политичари, тој одбегнува прашања од било кој, кој не се согласува со него и кој нема да му ракоплеска на неговите одговори. На судење, кога постои разлика во исказите на сведоците, тие се соочуваат. Зошто?!? За да се увиди кој од сведоците лаже. Да, соочувањето е механизам врз основа на кој јас можам непосредно да се уверам и да стекнам некаква слика за работите за кои незнам на кого да верувам. Соочувањето е морална должност на секој политичар, најпрвин заради гласачите кои го избрале, а после и за сите други граѓани на Македонија. А тоа дека Бранко бил добар оратор, е добар оратор, неоспорно. Ама ниеден оратор не е доволно добар за да обезвредни нечии дела, за да побие нечии докажани факти, или за да створи погрешна слика од реалната. Затоа, ако Груевски зад себе има дела, факти, економски бум, ако има статистики дека ја победил сиромаштијата, дека се изборил со невработеноста, ако народот тоа го осеќа, ни Бранко ни Свети Бранко со неговите ораторски способности, тоа нема да можат да го побијат. Ама, за жал, Груевски нема со што да се пофали, па затоа бега од дуели и соочувања. Сите други изговори и оправдувања за одбегнувањето на соочувања се само мачкање очи и ништо друго. КРАЈ ПРИЧЕ
многу убаво напишано а инаку не се слагам дека дуелот не придонесува ништо кај народот како што велеа некои затоа што има многу луѓе што не знаат за кого ќе го дадат својот глас инаку акос е се зане нема да се прават митинзи рекламни кампањи и нема груевски да трчи да собира гласови и да им наредува на тие што с епартиски вработени да наоѓаат по 15 гласачи.
Потполно се согласувам со БоаВиста. Значи не е нормално за една модерна, европска и демократска држава каква што Македонија е или сака да биде, еден премиер да се плаши да излезе на најобичен ТВ дуел. ТВ дуелот не е ништо невообичаено особено пред избори, туку напротив. И смешно е премиерот да се плаши или еве да речеме, да одбие, да влезе во ТВ дуел. Ако ништо друго тв дуелот не би требало да биде по правило за нив двајцата, туку за народот, нели? Народот на кој токму тој му е премиер. Или премиерот е тука само за сечење ленти и набројување неуспеси на претходната влада односно на СДСМ?
Нормално е да во една модерна, европска и демократска држава да има ТВ дуел. Ааааа колку сме ние модерни, европски и демократски гледаме и самите али фино е што стремиме кон тоа . Мислам и те како би влијаел Тв дуелот на неопределените гласачи. Едноставно народот е желен да се лаже во очи затоа што не ја знае позадината па може да си го толкува како сака, а и желни сме за препукувања. Повеќе од јасно е кој е по речит и набилдан со информации. Ама тоа е харизмата која влијае на народот и едноставно сакам да чујам и јас.
Мислам дека е страшно држава да води човек кој нема храброст да се соочи со критика, со спротивставено мислење или со преиспитување на неговите изјави. За мене е неприфатливо воопшто човек да не биде способен да прифати критика (имам неколку такви плачипи*ки запознаено во животов и многу ми се напорни). Сведоци сме дека дури и Обама, претседател на (сакале или не) највлијателната светска држава мора да дава објаснување или оправдување за своите постапки. Па човекот даде во јавност увид во неговиот извод на родени за да прекине некои шпекулации . Не можам да прифатам судбината да ми ја одлучува човек кој (како некои диктатори низ историјата) способноста на луѓето ја проценува според тоа колку гласно му аплаудираат и колку динамично му климаат со глава додека зборува , па кој сака нека биде тој. Сите светски лидери ги гледаме во ТВ дуели пред крајот на кампањата. Нормална, би рекла дури и стандардна постапка е тоа во светот на политиката. Кај нас со години нема дуел на ТВ, нема дебати, нема борба на ставови туку се се сведува на лична борба, а спротивното мислење се толкува како знак на национално (?!) предавство...
Аман жите се дуел на НЕПРИСТРАСЕН медиум (значи сигурно да не биде на сител), со НЕПРИСТРАСЕН водител (значи да не е Миленко). Сакав да кажам дека не можат со тоа да се правдаат и да не прифаќаат дебати пошто во дискусијата улогата на новинарот ќе биде едвај забележлива од нивниот жесток и повеќе нападен разговор би рекла. Тука е важно народот да ги слушне нивните мислења, нивната способност да ги (од)бранат своите ставови а со тоа и да влијаат на се повеќе неопределеното гласачко тело.
Мое мислење...треба да има ТВ дуел..и тоа многу.. Веќе кога се плукаат вака јавно и Бранко и Грујо нека седнат на столче и нека се отворат картите...нека го изнесат сиот валкан веш..а не да се прават светци и двајцата...ама Грујо кој сака нека каже не само што нема храброст за да излезе на ТВ дуел туку нема да може да се снајде во одговорите зошто Бранко е страшно подобар оратор од него..СЕКОЈ ПОЛИТИЧАР КОЈ ВЕРУВА ВО СЕБЕ И ВО ТОА ШТО ГО ПРАВИ КЕ ИЗЛЕЗЕ НА ДУЕЛ БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ... Иако ништо подобро не е ни овој ни другиот... ма да вака искрено може ке кажете Бранко од позадина ке ги држи конците ама сакам ЖЕНА ПРЕМИЕР..доста ми е и од Бранко и од Грујо и неговата преродба во 100 чекори од кои не оствари речиси ништо.... Инфлацијата во Македонија расте, невработеноста не се намалила туку Грујо мачка очи со отварањето дисперзирани студии во секој град во Македонија..(ако има ваква тема ве молам посочете ме имам страшна потреба да се искажам ) тоа е од мене... и ДА треба да се донесе закон за Тв дуел пред избори..да видиме кој колку храброст и лице има да излезе и да каже што направил а што не направил очи во очи со опозицијата едит во врска со непристрасните медиуми..па такви мислам нема во Македонија иако тоа не е изговор..во дуелите телевизијата и нема некоја улога по мене туку е место каде ке се одржи дуелот а водителот ретко доаѓа до збор
Нејќам закон за ТВ дуел. Сакам закон Госип грл да се дава на национална ТВ. немам кабловска. Или па нека ми стават кабловска и ке ги гласам без ТВ дуел. Море сакам закон за укинување на сите закони донесени во изминативе години, од моето полнолетство наваму.
Дуел треба да има, бидејќи е дел од секое демократско општество, дел од обврската на владата за отчетност, транспарентност во работењето и правото на слободен пристап на граѓаните до информации, кој ја вклучува и опозицијата, односно соочување со опозицијата. Македонија одамна веќе не е еднопартијски систем, та владата наша да си се затвори вакумски и никаков одговор да не процури од таму, дали било интервју, обична изјава или недај боже соочување како владејачка партија со опонентите во парламентот, кои какви таква постојат во државава. Да и јас не ги сакам воопшто и радо би ги спакувала и отпратила во потопли краишта, но постоајт, не можеш да ги игнорираш и да се правиш дека не постојат. Пак и има прашања кои лебдат во воздух, на кои нити новинарите не добиле одговор, а камоли граѓаните, пошто секако со телевизииве целосна слика за фактите нема да добиеш ако не фатиш сите да ги следиш од почеток до крај и после да си удриш едно свое лично сума сумарум, па ова е можност и самиот Грујо да си каже што е и како е и да си ја одбрани својата политика. Пак се гледа и Грујо и Црвенко ги мачат милиони нешта, имаат што да си кажат и треба да си олеснат на душичките и да си го кажат, бидејќи цел свет го прави тоа, не за друго, демек демократија било бре, дебати на телевизија да се даваат со опонентите, дали во време на владеење на овие, или предизборно, како и да е, само да не е стандардното сувопарно писменце за владината агенда, изготвено од службата за односи со јавност на Кабинетот и презентирано кај тајфата сателити од телевизии. Ова е еднакво на лишување на јавноста од информации, на граѓаните, кои ги интересираат тие информации, бидејќи меѓу нив не се само напалените обоени мајмуни, што трчаат од митинг на митинг за да ракоплескаат и скандираат Бране, Бране.... Грујо, Грујо... а се и оние чија професија има допирни точки со прашањата од типот: чиј задник седи во владина фотеља? Колку пати тој задник се поместил од фотеља да стори нешто? колку пати само си прткал и смрткал в канцеларија без да се мртка од таму? дали тој задник ќе седи таму се уште и покрај тоа? или туѓ задник ќе се всади за нови 4 години? И овие професии не се само администрацијата - јавна, а се и приватни фирми, невладин сектор, па дури и новинари, кои си го имаат тој проблем отвореност за соработка и пристап до информации со актуелната влада и воопшто со владите во земјава. А, кој не сака да гледа цап, кабловска нека си пушти, кој си нема ко Мерлинка, цап нека си пушти бе списоче во маалската канцеларија на партиите и која попрва ќе ви нареди кабелчиња со кабловска, за таа гласајте Дуел нема да има, бидејќи Груевски, како и целата влада се состои од индивидуи кои не се баш цврсти вилици, не се речити луѓе имаат прилично ограничен фонд на зборови, тешко дури им оди поврзувањето на истите, пак да не збориме за глумењето политички шоу-мени, замајување и манипулирање на јавноста со празни приказни, само и само некој да се крене и да рече ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ му го спопика, ко што и веќе кажаа горе. А, Бране му симињам шапка е мајстор за ветар и магла. Затоа и Грујо нема да оди на двобој! Не заради тоа што новинарскиве куќи се партизирани, пошто не безпристрасни медиуми му се потребни за дуел, бидејќи водителот е тука да постави само прашања, тој секако не учествува во дискусијата, туку опонентите си дебатираат, си муабетат што им лежи на душа по темата. Но, баш бидејќи речитоста, ораторската вештина е нешто на што не го научиле Грујо, пак и тоа е талент не можеш некој без талент за такво нешто да го научиш, тој и си оди на стратегија just do it ко на рекламине за Nike патичињата пошто сфатил фајде од искачање за нечиј аплауз нема, може само загуба да има меѓу оние лабавите „за“ вмро гласачи. Во плус секако нема да отиде. Тој виде дека може да се тера без дебати, дека сегашната негова стратегија пали, одењето од врата до врата, мешање со народот кога се фрлаат лопатки, сечат ленти, така да го боли него Ташко другар му, дал ќе запали мајмуни или не, макар тие биле обоени или необоени. А, ако пак победи, ма јас го прогласУем за нумеро уно стратег па што сака нека биде. Тогаш, јас ќе прашам , што фура БЦ со таа негова хајка за на тв да се слика и да дрдори, кога очигледно народ не го љуби. Ама ако се деси ова. До тогаш ја ќе чекам и будно ќе ги следам пред тв кога ќе сум будна тоа. Пошто во задње време заспивам а седнам пред тв
Не е прашањето дали ние имаме некаква полза од дуелот,него прашањто е зошто некој би одбил да излезе на дуел? Поради немање аргументи и поради страв. И јас да сум на местото на Грујо ,со неговите говорни способности,не би искочила на дуел.Уште на почеток се знае кој би искочил како победник од него. Бранко може Груевски да го матира со една реченица ,многу јасно. Морам да го цитирам Бранко од некој митинг,денес на вести гледав... "Јас мислев одма ќе искочиш на дуел. Нели ти си реформаторот и прогресеот,а јас кодош и вечен транзитор? А ти од Охрид ми порачуваш- Неќам Неќам Несакам... Е мој Никола, Никола...Не се води народ така Никола" Циркузи живи се
Јас пак ќе си прашам - Грујо не сака дуел??? Изјавил такво нешто? Ако има некој линк нека ми даде, оти стварно не знам. Досега Бране не бил во дуел со Грујо (барем колку јас што знам) за да кажете дека би го надзборувал, мада не е битно кој повеќе збори туку што збори. Мислам дека и Б.Ц не би прифатил дуел затоа што знае дека ова не е Љубчо, Љубе или Фрчко...Други времиња беа тоа, кога сите беа замешани во исти гомна и ни глумеа жестоки противници пред камери, а знаеме што се случуваше после камерите. За првпат Бране има вистински ривал пред себе кој ги знае сите негови срања и нема да преќути затоа што не е дел од истите...
^Ако сакал дуел до сега 500 дуели ќе имало, не мора да каже, доволно е што се крие и бега. А Бранко ако неќе нема ни да спомнува .
Оладете малце. Ние тука како да сме се собрале да делиме впечатоци од дуелот. Не ги спротивставивме сами Бране и Коле. И да има и да нема - мене ми е сеедно. Добро е да има, барем говорните способности да им ги знаеме и снаодливоста кога би биле во небрано. Добро е и да нема, барем говорните способности да не им ги знаеме, како и кога би се нашле во небрано. Инаку немам корист, ни од едниот ни од другиот. Ама од ТВ Дуел, имам.
А да ве прашам јас вас? Кога плачеа од СДСМ за тв дуел, го бараа премиерот по телевизии и кога Никола Груевски се согласи да излезе во јавност, од сдсм сфатија дека тоа не им е од корист и откажаа Баш се сеќавам Премиерот беше тој кој бараше избори пред неколку месеци БРАНКО АЈДЕ НА ИЗБОРИ!!! Се сеќавате? Ај од Бранко ни трага ни глас
"Јас мислев одма ќе искочиш на дуел. Нели ти си реформаторот и прогресеот,а јас кодош и вечен транзитор? А ти од Охрид ми порачуваш- Неќам Неќам Несакам... Е мој Никола, Никола...Не се води народ така Никола".... ----> Ако е таква работата, зашто БЦ едноставно не си се кандидираше за премиер, зашто бараше под дрво и под камен во партија кај него кој ќе се трка за премиер, ова му беше шанса да се покаже колку е над Грујо, зашто просто не истрча он на изборите, па нека води дуели, нека бара дуели, нека се бори и нека си ги измери силите ко што се мерат. Или страв му е дека како што сите негови првенчиња се изсанкаа претходно со нивното ајде излези на дуел, ајде не се криј зад сукња, ајде ова, ајде она и трт БЦ, Шеќерка ја жртвува по втор пат.. и тоа откако се думаше кој ?!? Е кој де кој, ајде Бранко на избори и едвам Бране се согласи за избори, а пред тоа ајде Никола на избори, пееше ли пееше по телевизииве, па после песнава ајде Шеќерке оди ти моето помина, јас само дуел си сакам нели времето му поминало?!? Нели ајде да си ја спасиме државата од нас?!? па спаси не, не не дави со истото ајде... ми го пукна чирот што го немам. Абе Скорпионке, овие твоиве стварно ги не сакам, ама коа ги читам овие про-сдсм и богами кога ги слушам моите како им пресекуваат Лисјата и сличните емисии нивни образовни само ради СДСМ ми иде прв пат вистински да си гласам бре и тоа за ВМл’О. Еј ќеф ќе ми е да видам кој ќе победи е тогаш ко шо и реков мерак ќе ми е да го чујам БЦ. Оди си човече аман, не туку се тегачи, си зимаш пензиичка претседателска не туку ми мрчи дуели муели, саде ти се кандидираше за премиер, не си ти, Шеќерка е, остај ја да збори, не тој фатил микрофон ќе збори ќе збори, цел говор му го дадоа на А1, а од Шеќерка две реченици и тоа ко’ таа зад сукња нечија да се крие. Па си имаш твоја бре носи си ја со гордост, кога си ја облека ајт. едит: а за ораторските способности нечии, нема потреба посебна емисија за да процениш колкави се доволно е еден говор да му чуеш, а веќе имаме чуено премногу говори и да не се баш налик речит политичар за жал и не само Груевски, но и министрите.
Ги прочитав сите мислења и сметам дека сите сте до негде во право и според ставовите кои сте ги презентирале можам многу јасно да приметам за кого (нема да)ќе гласате. Јас сум комуниколог и политиколог и се додека живеев во Македонија ја пратев политичката ситуација само поради професионалните обврски и главата ми чуреше после секое исценирано интервју било да е на А1,Сител, Канал5, после секој митинг со празни верување на кои граѓаните беа лажени, после секој обид за спин кој секогаш беше мудро откриван и јавно уриван од страна на противникот. Откако престанав да бидам вмешана во нашата безизлезна политичка ситуација, која постојано тоне во се поголеми лаги и долгови(зборам и за периодот на владеење на СДСМ и за ВМРО) и ги пратам настаните сосема непристрасно можам да ви кажам дека ни 5 дуели нема да ја спасат Македонија. Да, сметам дека би требало да има дуел, особено помеѓу овие двајца вечити ривали, бидејќи низ текот на годините Груевски постојано пробува да привлече се повеќе луѓе со тоа што плука по минатите грешки на Бранко. И ако веќе толку многу сака да го провоцира и споменува во секоја прилика тогаш треба да биде и спремен не само на контра напад туку и на соочување...ама вајлда тие што му ги спремаат говорите не мислеле дека ќе дојде до овој момент. А Бранко како личност која имаше огромен импакт врз случувањата на политичката сцена во Македонија, и тоа импакт кој не секогаш беше правилен и продуктивен за граѓаните, ако сака СДСМ да биде повторно на власт не би требало да ги загушува со своето присуство. Бидејќи бев скоро во Скопје и низ Македонија, приметив дека предизборното лудило е почнато со тоа што не постои улица која не е раскопана, не постои билборд кој не е политички обоен, нема ден а Грујо да не пресече лента. . .и како аналитичар можам само да ви ветам дека ако ВМРО продолжи со нивната кампања така како што почнаа ќе победи и на овие избори. Низ годините се покажало дека македонскиот народ за жал има меморија на риба па се што ке запамтат пред да го заокружат бројчето на 5 Јуни се новите и раскопани улици по кои дошле до местото на кое гласаат. А инаку нема неодлучно изборно тело-поравилно би било- исплашено изборно тело, бидејќи сега народот е исплашен повеќе од било кога. И за крај со вакви кандидатски листи народот може мирно да спие-и никогаш повеќе да не се разбуди.
Јас ќе си кажам зошто јас сакам дуел. Дуелот е најпрво борба меѓу 2 индивидуи е сега дали како оружје ќе се користи меч, пиштол или збор е секундарно, примарно е што бара публика која ќе ја следи борбата. Тоа ни е во генетскиот код уште во Колосеумот се видело дека луѓето ги фасцинира нечија агонија при пораз истото е присутно и денес при гледање на бокс и боречки вештини. Наречете го примитивно меѓутоа неоспорен факт е дека е забавно! Кога веќе на наш трошок ја зголемиле својата вредност за не знам колку цифрено салдо во евричи јас мислам дека ни должат малку забава во која ќе уживаме во одмерување на силите, во нечија немоќ или надмоќ. Сакам да видам соочување! Нема да промени многу дуелот во однос на исходот на определените луѓе тие и онака гласаат по автоматизам меѓутоа може да повлијае врз неопределените јас конкретно секогаш гласам според поклопување на моите интереси и ставови и она што го нуди нечија програма и јавно признавам сум гласала досега и за едните и за другите кога сум мислела дека програмите се компатибилни на нешто што мене лично ме засега. И сакам личност во функција на лидер која е спремна да се носи со секаков предизвик дури и со пораз ако е потребно. Така Грујо се девалвира во многу очи бидејќи ако излезе барем обидот ќе му се оцени ако не победата. И онака тој ја доби во наследство партијата од Љубчо и никогаш не ја достигна неговата големина најмногу поради ваква нерешителност. Барем нека се обиде и нешто е подобро од ништо. Лидерот на нацијата треба да е личност што ќе покаже решителност ако утре сме територијално нападнати ако тој не е способен за борба во Тв студио како да се потпреме на него за реална борба при загрозеност на државата?! Одговорот е очигледен.
Мое мислење е дека нема никаква потреба од дуел Црвенковски - Груевски. Зошто? Па колку што знам носител на листата е Шеќеринска и ако треба со некој да излезе на дуел тогаш е тоа таа. Црвенковски е една обична алапача, која само се повлекува кога ќе види дека нема шанси, а тука е Шеќерка да му го " обели " образот