ако не е соодветна темава избирете ја.Иноку ја ставив во фитнес бидејки слушав од многу личности дека тоа е добро за слабеење и за зацврстување на нозите и за целулит.Па еве почнав неколку дена и се повеке и повеке мочам да ги трчам и се чуствувам по убаво .Да ливе трчате или само јас сум таа
Трчам понекогаш. Инаку пред неколку дена баш прочитав дека трчањето по скали било поефективно од џогирањето
Трчам секој ден.. татко ми ја направил куќава како да е палата на 4 спрата..па така секој ден трчам по 5-6 пати на ден до 4 спрат и досега немам проблем со моите килограми Така да, мислам дека не си сама
И јас трчав, ама веќе не. Сега само трчам на прав пат, немој да не направиш некое чудо да се сопниш и после налет и тоа слабеење.
па незнам дали е добро јас не трчам по скали но имам другарка која трча (може да ги претрче со еден корак) а и често ские по скали ако трчаш како нејзе не е добро
Не сум била јас единствена! пред 4-5 години трчав во влезот на зградата секој ден по 30 минути,а зошто ѕидовиде во здрагата ни се како листови сите комшии знаеа кога трчам, колку време, дали скокам скали или не Сигурно си мислеле еве ја оваа ненормалнава, ама тогаш ми беше сеедно, бев средно и не мислев многу многу! Сега полесно ми е да стигнам до кеј (за неполни 10 мин) и да трчам по рамно. Само знам дека тоа лето листовите на нозете ми беа најистенчени и стегнати,а и воопшто останатите мускули на нозете- најстегнати. А трчав по скали зошто секогаш бев најактивна во 13h кога надвор беше пекол топло и додека имав желба само требаше да го поминап прагот од вратата. А се знам себеси ако не станам одма во моментот после тоа шансите се многу мали А да, по скали не паднав никогаш, ама затоа на рамно...
Ќе почнам и јас да трчам активно по скали. Немам време за друга активност, ама ќе ги претрчувам скаливе по 2-3 пати во денот. Ха! Може Цаци ќе реши да ме напушти. Ако листовиве пројават зголемување, тешко вас.
Повеќе мочаш?! Се чувствуваш поубаво затоа што повеќе мочаш? Јас не трчам многу по скали, а и живеам на прв спрат, немам многу скали за да се растрчам. Најверојатно затоа не мочам многу. Spoiler Се зафркавам, немој да се навредиш, знам дека е печатна грешка.
Несвесно изодувам (истрчувам понекогаш) 60 и кусур скали. Да да, ги имам бројано . Епа во интернатот кога те ставила на 3ти спрат, мораш и да ги прескокуваш
едно време кога ни беше расопан лифтот не трчав него се качувам пешки поскали и се симнував, ама тоа беше едно време
Бидејќи живеам во зграда, во последно време почнав да го избегавам лифтот Последниов месец по 3-4 пати дневно трчам по скали од доле до горе (7 спрата). За резултати ќе видиме. Немам некој проблем со килограмите или целулит, ама сакам да го затегнам малку телово
УФ не дај Боже, јас на прав пат ќе се сопнам, а не па да трчам по скали. Може да испробам некој ден, ама со брзо одење, пошо нејќам да паднам. х) А секогаш, кога се качувам по скали бројам.. До кај мене горе, има 24 скали, вклучувајќи ја и скалата од влезот, и прагот пред влезната врата. Добро де, има 22. Ај доста, да не забегувам многу многу од темава. Што значи ќе пробам.. некој ден.
Нормално дека има, исто кога одиш со ситен или со крупен чекор, напорот на мускулите е различен. При прескокнување скали имаш поголем напор на некои мускули при одразот посебно на бутниот мускул додека кога трчкаш скала по скала помал а напорот на бутовите а повеќе се активираат и листовите (ако трчаш правилно од стопало). Ако го варираш трчањето ќе имаш ем кардио тренинг ем вежба за бут и листови значи за цела нога .
А што кога на некој му е полесно да ги истрча скалите отколку да ги изоди? Најозбилно, во куќава моја со скоро 40 високи скали, научена сум сите да ги претрчувам. Т.е. може да се рече дека кога се качувам ја скокам секоја втора скала, така што од еден спрат на друг одам за 3-4 секунди. А при слегување, една по една ама пак брзо. Цел живот сум вака научена, и дома кај мене, кај другарки па и по згради. Поради тоа незнам дали и како ми влијае тоа врз мускуливе на нозеве. Сакам да знам дали ќе има разлика ако не трчам некое време .. но не сакам да се навикнам така.
Има разлика, со тоа што трчаш си го скратуваш времето за тренинг. Ако одиш скала по скала дури и да трчаш ќе трае подолго што значи ефектот на тренингот ќе се зголеми и плус и за кондиција нешто повеќе ќе ти користи. Јас намерно одам или трчкам скала по скала и секој ден си имам тренинг за нозе (листови и бутови) по неколку пати. Ти најубаво комбинирај, еднаш трчај како си навикната а друг пат оди или трчај скала по скала ама многу е битно да ја подигаш ногата од листот (не од бут) зашто листовите се едни од најзанемарените делови на женското тело.
Немора по скали, нo едно вакво истата работа може да се заврши, само место скала по скала, чекор по чекор и пак в место.
Или едно ниско столче или кутија со книги иста работа ќе заврши без трошок . Само важно е отфрлувањето на задната нога од листот да биде .