1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трчање по скали

Дискусија во 'Фитнес' започната од dankee, 29 април 2011.

  1. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    ако не е соодветна темава избирете ја.Иноку ја ставив во фитнес бидејки слушав од многу личности дека тоа е добро за слабеење и за зацврстување на нозите и за целулит.Па еве почнав неколку дена и се повеке и повеке мочам да ги трчам и се чуствувам по убаво .Да ливе трчате или само јас сум таа :D :lol:
     
  2. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Трчам понекогаш. Инаку пред неколку дена баш прочитав дека трчањето по скали било поефективно од џогирањето ;)
     
    На Iv.girl55 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GoldenValery

    GoldenValery Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    :D Трчам секој ден.. татко ми ја направил куќава како да е палата на 4 спрата..па така секој ден трчам по 5-6 пати на ден до 4 спрат и досега немам проблем со моите килограми ;)
    Така да, мислам дека не си сама :)
     
    На Veki4kaa и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  4. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.351
    Допаѓања:
    8.286
    Пол:
    Женски
    И јас трчав, ама веќе не. Сега само трчам на прав пат, немој да не направиш некое чудо да се сопниш и после налет и тоа слабеење.
     
  5. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    па незнам дали е добро јас не трчам по скали но имам другарка која трча (може да ги претрче со еден корак) а и често ские по скали :lol: ако трчаш како нејзе не е добро :D :D
     
  6. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Не сум била јас единствена! :lol: пред 4-5 години трчав во влезот на зградата секој ден по 30 минути,а зошто ѕидовиде во здрагата ни се како листови сите комшии знаеа кога трчам, колку време, дали скокам скали или не :D Сигурно си мислеле еве ја оваа ненормалнава, ама тогаш ми беше сеедно, бев средно и не мислев многу многу! Сега полесно ми е да стигнам до кеј (за неполни 10 мин) и да трчам по рамно.

    Само знам дека тоа лето листовите на нозете ми беа најистенчени и стегнати,а и воопшто останатите мускули на нозете- најстегнати. А трчав по скали зошто секогаш бев најактивна во 13h кога надвор беше пекол топло и додека имав желба само требаше да го поминап прагот од вратата. А се знам себеси ако не станам одма во моментот после тоа шансите се многу мали :$

    А да, по скали не паднав никогаш, ама затоа на рамно... :tmi:
     
    На marince87 и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Ќе почнам и јас да трчам активно по скали. Немам време за друга активност, ама ќе ги претрчувам скаливе по 2-3 пати во денот.
    Ха! Може Цаци ќе реши да ме напушти. ^_^

    Ако листовиве пројават зголемување, тешко вас. :!:
     
  8. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Повеќе мочаш?! Се чувствуваш поубаво затоа што повеќе мочаш? :^)
    :lol:

    Јас не трчам многу по скали, а и живеам на прв спрат, немам многу скали за да се растрчам.
    Најверојатно затоа не мочам многу. :rofl:
    Се зафркавам, немој да се навредиш, знам дека е печатна грешка. :*
     
    На marince87 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Несвесно изодувам (истрчувам понекогаш) 60 и кусур скали. Да да, ги имам бројано :lol: .
    Епа во интернатот кога те ставила на 3ти спрат, мораш и да ги прескокуваш :lol:
     
  10. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    едно време кога ни беше расопан лифтот не трчав него се качувам пешки поскали и се симнував, ама тоа беше едно време
     
  11. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    не не , не се налутив всушност кога приметив и самата се скинав од смеење :D :D
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.535
    Бидејќи живеам во зграда, во последно време почнав да го избегавам лифтот :D
    Последниов месец по 3-4 пати дневно трчам по скали од доле до горе (7 спрата). За резултати ќе видиме. Немам некој проблем со килограмите или целулит, ама сакам да го затегнам малку телово :angel:
     
  13. queennn

    queennn Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    А колку скали истрчувате?
     
  14. zuzuu

    zuzuu Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Има разлика дали ке рипаш скали или не ? :^)
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    УФ не дај Боже, јас на прав пат ќе се сопнам, а не па да трчам по скали.
    Може да испробам некој ден, ама со брзо одење, пошо нејќам да паднам. х)
    А секогаш, кога се качувам по скали бројам.. До кај мене горе, има 24 скали, вклучувајќи ја и скалата од влезот, и прагот пред влезната врата. :wasntme: Добро де, има 22.
    Ај доста, да не забегувам многу многу од темава. :rofl:
    Што значи ќе пробам.. некој ден. :rofl:
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Нормално дека има, исто кога одиш со ситен или со крупен чекор, напорот на мускулите е различен.

    При прескокнување скали имаш поголем напор на некои мускули при одразот посебно на бутниот мускул додека кога трчкаш скала по скала помал а напорот на бутовите а повеќе се активираат и листовите (ако трчаш правилно од стопало).

    Ако го варираш трчањето ќе имаш ем кардио тренинг ем вежба за бут и листови значи за цела нога :).
     
    На Name, MarchelineAmaru и zuzuu им се допаѓа ова.
  17. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    А што кога на некој му е полесно да ги истрча скалите отколку да ги изоди? :rofl:

    Најозбилно, во куќава моја со скоро 40 високи скали, научена сум сите да ги претрчувам. Т.е. може да се рече дека кога се качувам ја скокам секоја втора скала, така што од еден спрат на друг одам за 3-4 секунди. А при слегување, една по една ама пак брзо.

    Цел живот сум вака научена, и дома кај мене, кај другарки па и по згради. Поради тоа незнам дали и како ми влијае тоа врз мускуливе на нозеве. Сакам да знам дали ќе има разлика ако не трчам некое време .. но не сакам да се навикнам така. :?:
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Има разлика, со тоа што трчаш си го скратуваш времето за тренинг. Ако одиш скала по скала дури и да трчаш ќе трае подолго што значи ефектот на тренингот ќе се зголеми и плус и за кондиција нешто повеќе ќе ти користи.

    Јас намерно одам или трчкам скала по скала и секој ден си имам тренинг за нозе (листови и бутови) по неколку пати.

    Ти најубаво комбинирај, еднаш трчај како си навикната а друг пат оди или трчај скала по скала ама многу е битно да ја подигаш ногата од листот (не од бут) зашто листовите се едни од најзанемарените делови на женското тело.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Немора по скали, нo едно вакво [​IMG]истата работа може да се заврши, само место скала по скала, чекор по чекор и пак в место. :)
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Или едно ниско столче или кутија со книги иста работа ќе заврши без трошок :D. Само важно е отфрлувањето на задната нога од листот да биде :).