„Туркан“ е вистинска приказна, инспирирана од животот на докторката Туркан Саилан, која во Турција важела за нивна Мајка Тереза. Во серијата се прикажани делови од нејзиниот живот. Приказната започнува во шеесетите години на 20-от век кога Туркан била студентка на Медицинскиот факултет. Тогаш добила прилика да го исполни својот сон и да стане докторка. Следуваат нејзините студентски денови, првите големи пријателства, првата голема љубов, проблеми со нејзиното семејство и борбата со својата болест, лепрата. Туркан имала многу разочарувања во својот живот, но секогаш им помагала на сиромашните. Број на епизоди: 26 http://www.youtube.com/watch?v=fmhqauKk ... r_embedded
Туркан ( Сител ) Леле повторно турска серија здодевни се веќе човек и да сака не може сите да ги гледа добро што има малку епизоди 26 ама на сител многу повеќе ќе ги направат
Туркан ( Сител ) ова веке ке вреди да се гледа, сакам да гледам филмови и серии според вистински приказни. доста беше од стандардот "се сакаме, па не се сакаме, па пак се сакаме и итн" оваа серија ке ја гледам, само терминот да ми го погодат
ако се 26 тоа значи дека кај нас ќе бидат 52 значи цело лето ќе ја даваат кај нас јас знам нешто за серијава, прочитав дека ја имаше и на натабану ама не планирам да ја гледам таа може си е убава ама.....незнам јас никогаш не можам да гледам за мајки терези многу приказни. па на крај и лепра
Hема шанса да ја гледам! љубовта и казната, бурните времиња, и зетов сум ги гледала, и тие се последни турски серии во мојот живот веќе Hема да прогледам друга
Их, јас прв пат слушам за серијава. Нема шанси да ја гледам, лето е, да се изнауживам, нема да капам дома и да следам турски серии. Може една епизода да изгледам да видам што чудо е. Кога почнува?
Јас мислам дека е прекрасна серијава Едвај чекам да ја дадат.Но го сменија терминот во Сабота и Недела ќе ја даваат. Девојкава се откажува од својата љубов,ја одби понудата за брак само за да продолжи со факултетот,да стане докторка и да им помогне на сиромашните луѓе. Стварно е супер
Кратка е,ја загледав онака,ми се допадна,ионака немам некој стаж со гледање турски серии. Интересна е,имам слушано за женава,според вистински лик е правена па така ја загледав. И поради тој асистентот Орхан,како Бенисио дел Торо е во младо издание згоден е
Колку ми е само најубав професорот Орхан... Инаку не е лоша серијава, интересна е .... И кратка, само 26 еп. има.