Конечно нови актери. Досега ми се едни од најдобрите и само заради нив и ја гледам. Вечерва е 85-та епизода. Само доцна ги вадат, некаде кај 23 часот. А таман до пола бев со откажување љубов на турските. Уште оваа, па да си го изодам патот. Вие тука ќе ме избркате за полесно да ми оди..
Почнав да ја гледам, но не сум воодушевена. Стандард приказна, веќе видено. Доаѓа дечкото да се свети и се заљубува во ќерката на тој кому му се свети.
Понеделникот започна нова серија Приказната за Севда. Јас ја почнав и први впечатоци, ми се допаѓа, планирам да ја завршам.
Јас ја имам изгледано. Многу убава е серијата, со современо дејство, го опишува секојдневието низ кое поминуваме како општество. Серијата изобилува со доста тажни, но и доста комични моменти. Ми се допаѓа тоа што пораката на серијата е дека жените можат да победуваат и дека не се ништо помалку вредни од мажите. Ептен добро е скоцкано сценариото и се е добро прикажано преку главните глумици, а и преку споредните ликови.
Ја загледав Лејла, не сум им фан на главните глумци, ама серијата е интересна, на моменти доста тажна, посебно како се прикажани судбините на децата кои немаат никого на светот... Ја гледа некој?
Сакам да прашам имаше некои гласини дека ќе нема веќе да има турски серии дали знае некој нешто за тоа?
Ама они ако не снимаат веќе како ние ќе гледаме? Освен тие што биле сакав и новите да ги гледам. Се по ред. Жал ми е ако престанат со тоа.
Од толку серии во Турција, каналиве ги купуваат очигледно најевтините, оние кои ни во Турција никој не ги гледа и имаат рејтинг во рамките на статистичка грешка. Кога ќе ја видам програмана на Канал 5 особено со оние Грешници и Цвеќето и тоа во прајм тајм, до ручек репризите а после ручек нови епизоди се си мислам како може да ги исполнуваат условите за национална фрекфенција. И Сител кои порано ги даваа најгледаните серии сега спаднаа на второкласни. Буквално не можеш асална серија да загледаш и да сакаш, а само тоа и се нуди, нема веќе странски серии. Затоа и не уклучувам више наши канали. Се надевам ја купиле 3-тата сезона на Женкар, тоа е единственото според мене гледливо, модерно, без мафии, тепања и претерана агресија.
Српски портал објави погрешна информација, па нашиве наседнаа. Станува збор за 13 серии кои ќе ги има, но ќе бидат пократки од планираното бидејќи продукциите немаат заработено доволно пари.
И јас ја чекам 3-тата сезона да почне, треба да заврши онаа серија од 22 часот. Следам на инстаграм некоја страна и мислем дека во Турција не е при крај, во тек е третата сезона и ќе се снима до мај/јуни. За четврта не се знае зошто не е многу висок рејтингот таму ама пак е најгледана и најпродавана турска серија во светот (140 земји ја купиле) па има шанси и да продолжи. Денес прочитав дека глумицата што ја глуми Сејран не сакала да глуми во 4-тата сезона па барале алтернатива, нешто пишуваше за глумицата од Херцаи мислам Рејхан беше или Илдиз од Јаболкото, не им ги знам вистинските имиња зошто последниве 10 години Женкар е единствена сум ја загледала од турскиве серии, добро освен Забрането јаболко во карантините и короната што ја гледав.
Да и јас мислам дека им падна рејтингот.Гледав кога Ферит и сестрата на Сејран имаа блиска средба,па сестрите се степаа