Zdravo dietalci Nova sum na forumov , a voedno i prv den UN dieta ! Se nadevam deka so vasata druzba polesno ke se prdrzuvam kon site pravila na dietava i konecno ke uspeam da namalam min. 10 kg Dobredojdeni se site predlozi za dnevno meni 1 den - proteinski pojadok - 2 portokali rucek - dve vareni jajca i nekakva salata vecera - polovina od rucekot NAJISKRENO SE NADEVAM DEKA KE GO IZDRZAM OVOJ PRV DEN
30/91 ете ме се најадов конечно која арија ми ја испејаа цревава макјо мила... ама ете ги средив 2 портокала за доручек за ручек имаше тава со месо и си изедов една чинија со кинеска салата мммм сега ке си пијам кафенце едно забраев да се мерам неделава така да ќе почекам до недела за мерење поздрав
7ден-јагленохидратен доручек: 2 банани ручек: севн дејс мини кроасани вечера: 2колачиња и ред чоколада утрово вагата шо ме израдува -2кила
7/90 Скробен ден Појадок: едно тањирче малини замрзнати Ручек: леќа со цвекло салата Вечера: салата од цвекло
не и требаше ама си вечерав салатка кинеска со парче сиренце посно кравјо ништо мрсно утре скробен не ми е најомилен ама тоа е поздравче
27 jх д. 2 јаболки р. 2кришки леб со ајвар, 5-6 маслинки и една чаша томатело в. сникерс и малку грицки плус ред чоколадо навикна стомаков на храна па денес баш ми беше тешко, инаку водениот дефинитивно го скокам, не смеам....па така утре ке се јаде овошје и салатки, а задутре протеини
Се вратив и јас, по успешна УН диета, по не толку успешно но задоволувачки добро одржување и по убаво опуштање за празнициве, од вчера почнав нов циклус со УН. Имам кг за симнување и сега но сигурно ќе оди побавно од првиот пат бидејќи најстрашниот дел го симнав од себе. Не ми е криво што се опуштив за празнициве, бидјќи сега имам повеќе сили и повеќ кг за симнување
Девојки јас само да се најавам дека од 16ти и јас ја започнувам диетава ... до тогаш да си се снабдам со потребните продукти и да го спремам организмот (таман среда убав ден ) Инаку досега ја имам држано, но немам пишувано на темава. Планирам паралелно да вежбам на орбитрек и плус некои вежби со пилатес топка. Јаглехидратниот ден нема да ми биде со благо навечер туку исто како за ручек со плус 1 ред темно чоколадо. Лебот ќе го елиминирам целосно, а водените денови ќе си ги држам бидејќи минатиот пат со нив најмногу изгубив. Тоа е тоа.... Имам силна волја и добар вишок килограми , па се читкаме од наредната среда Поздравче и нека е со лесно
52/91 Протеински, вчера имав успешен Овошен, се повеќе ми се успешни, изедов малку повеќе банани, но ако не јадам банани не знам за кај ми е крајот, тоа е страшно што се дешава со моите црева после овошен ден, па така денот почна со една банана, една кива и една мандарина, истото после 4-5 часа, за ручек околу 6 салата од Брокула и Морков, зачинета исклучиво со лимон и сол, немам маслиново и не ја ни зачинувам со обично масло, за вечера каснав 2 банани, не можев некако да трпам и да си легнам гладна, имам ужасни болки во синусите па уште глава да ме болеше од глад, не иде. Појадок - 2 киви, кафе и водичка, знам деко вие киви баш и нема да ме држат, па затоа порано ќе ручам, се друго би ме држело ама не и киви Ручек - сендвич во домашно лепче со кашкавалче и салатка Вечера - најверојатно пак некое кашкавалче, може во комбинација со ајварче и маслинче Морам да кажам, ова Турбово сто пати позабавно ми е од класичното УН, некако побргу ми идат деновите, дали дека ми е овошниот во последно време омилен или дека ете нешто се промени конечно после месец ипол. И да, се мерев во обем сабајлево, 19 см точно, со празен стомак и сеуште неотечена од циклусот кој со почетокот на Плодните започнува чуда да се случуваат со мојот стомак 8 кила и 19 см не се воопшто малку за половина диета, очекувано и задоволна скроз Иде пролет, повеќе физички активности и повеќе килца намалени
Ја почнувам од поново,овоа зимо стаив + 11 кг,сеа за празниците дури + 3 сум стасал леле Почнувам по стара нова година и сум решен да терам негде 1 месец па еднап турбо Ун и таман
Nutricionist, здравеј за тебе, пак ќе се дружиме во темава . Јас вчера 1/12 протеински ден од Турбо Ун. Го истерав ептен добро, си пиев јогурче за ручек и вечера. Денеска скробен, компири варени ќе јадам + салата од зелка и морков. Утре едваааај чекам овошен, да се прочистам од сите ујдурми што ги правев Резултати планирам да пишам за 12 дена, кога ќе бидат целосни.
Нутриционист заедно ќе ја тераме диетава од 14ти Имам и јас накачено некое килце за празнициве и плус иде лето мора во форма да се биде уште малце да се потстопли времево ќе почнам и на кеј да си трчкам и диетава и ќе си збогувам со слончево од мене што несака да излезе Spoiler И ви се извинувам на сите што досега пишував на латиница. Нема веќе да се повтори!
Најпрво на сите да ви посакам срекни празници, да сте живи и здрави, па во новава година сите тенки и витки да си бидеме Не сум пишала оддамна, па сега на кратко за да надокнадам. За празнициве поминав ОК, имав мали прекршувања али не беа страшни, еве вчера ми помина и вториот воден ден, кој патем го обожувам и денес вагата покажа уште 6 кг помалку, што значи вкупно 10 сега за сега, се надевам дека до крајот ќе изгубам барем уште 5 - 6 кг. 59 Ден Протеински Д.. 2 јаболки + чај + кафе Р .. марула салата + риба В .. може малку салата
3 ден -јх доручек : чоколатце и кафенце ручек : тестанини со мало парче сирење вечера : овошје Ги сменив доручекот и вечерата ама некако душичката ми бараше благо, а тестанините без сирење не ми се слатки така да утре ќе намалам на бананите и на оревчињата Инаку, среќни празници на сите диеталци , со среќа на сите и пролетта сите да сме во топ форма !
Е ке си пукнам Од утре почнувам, јас ја ако не ослабам до свадбата! доручек - ке видам што овошје има во продавница, тоа ке земам ручек - копан или подкопан и салата вечера - пола од ручекот Ај чао, и да знаете ке си залепам сега еден тооооооооооооооооолкав голем лист на врата кога ке станувам да ме потсека дека сум на диета Ај сега чао.
Како го чекав денов да знајте, швркав со стапче да ми остане торта за мене Цел Божиќ трпев, трпев, и трпев, и еве ме, сега го јадам второто парче торта вечерва, намерно си го чував за сега, на раат да си ја засладам душава Јас сум можела бре, изненаЃена сум од себеси, при крај сум со диетава, успешно симнав доволно килограми, сеа не сум чачкалица, ама откако ќе ги завршам овие 90 дена, ќе одморам малце, секако ќе внимавам на внесот на храна, ама малце ќе си пуштам душа, оти ми се плаче по сочен хамбургер со плескавица и компирчиња и мајонез и лепче со сусам и крастајче и патлиџан и кечап и пиперче и кашкавал (еден ќе биде, ветувам ), и после кај март ќе си почнам пак Битно задоволна сум од постигнатиот резултат, и повеќе нема да си дозволам да се сторам гуце Е така
28 овошен кај мене излезе квази протеински п. 3 јаболки и малку урми р. 2 јајца, 1 лепче, ајвар и морков со цвекло в. јогурт и кашкавалче леле, сега кога читам, далеку било од овошен, ама ај утре го скокам водениот па ке ми биде 29ти протеински п. јаболки / портокали (од 8ч до 14) р. плескавици со зелка салата в. јогурт ако има промени дополнително ќе се исповедам