Феминизам

Discussion in 'Општи дискусии' started by Trendafilka, Jun 24, 2011.

  1. teddi

    teddi Истакнат член

    Joined:
    Dec 4, 2011
    Messages:
    187
    Likes Received:
    202
    Gender:
    Female
  2. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Joined:
    Nov 25, 2014
    Messages:
    683
    Likes Received:
    455
    Gender:
    Female
    :muscle::muscle::muscle:Можам да направам се што може еден маж. Се борам за поравда особено кога непрвдата му е нанесена на некој мој близок без разлика дали е од семејството или ми е пријател. Сите ми велат демек мн грубо сум се поналаша, но не можам јас сум таква и тоа не можам да го сменам кај мене. Сметам дека сите бе разлика дали се машки или женски треба да сме исти бидејќи се што можат мажите да направат можеме и ние жените:muscle::muscle::muscle:
     
  3. celineparis

    celineparis Популарен член

    Joined:
    Feb 11, 2014
    Messages:
    930
    Likes Received:
    2,576
    Феминизмот го разбирам како почитување на правата на жените во секое време и од секого, без разлика на полот.
     
    Lolo5 and Gosh like this.
  4. CuteSugar

    CuteSugar Истакнат член

    Joined:
    Aug 9, 2016
    Messages:
    118
    Likes Received:
    232
    Gender:
    Male
    Грешно го разбираш, сестро, феминизмот е нешто многу полошо од тоа особено третиот бран кој претставува канцерогено движење.
     
    Lolo5 and Anon like this.
  5. celineparis

    celineparis Популарен член

    Joined:
    Feb 11, 2014
    Messages:
    930
    Likes Received:
    2,576
    Прв пат слушам за тој бран? А и реков дека јас вака го разбирам, а не како сите го разбираат.
     
    Lolo5 likes this.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,765
    Gender:
    Female
    Деновиве на социјалните мрежи е доста актуелно видеово со сексистички ставови на еден полски европратеник. За тие што досега не сте го гледале, ќе го оставам тука.



    И уште мислите дека не треба феминизам?
    Да, во 2017 година не би требало сè уште да е потребно докажување на нормалниот и здраворазумен став за еднаквост на половите воопшто на глобално ниво.
    АМА, сè додека за жал уште постојат вакви катастрофи од луѓе (и тоа за уште поголема жал - влијателни и „некој и нешто“ во општеството како овој) - и тоа како ќе треба феминизам, deal with it.

    Секоја чест за женава што на ниво го „утепа“! :bow:
     
    Ketchup, Lolo5, Nausicaa and 5 others like this.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Joined:
    Jun 27, 2015
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    32,782
    Gender:
    Male
    Третман на жените vs. третман на мажите од страна на медиумите:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    Indiegurl, WildMk, Ketchup and 9 others like this.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    3,386
    Likes Received:
    42,103
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,765
    Gender:
    Female
    http://prizma.mk/skandalozna-kampana-za-emantsipiranite-zheni/
    „Оваа кампања е наменета за сите прееманципирани жени кои трчајќи по пикирани кариери ја загубија својата женственост и газат се пред себе. Еманципирани жени со доминантни фрустрации, освестете се, станавте мажи“, се вели во кампањата на трите радио мрежи, Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, додека во позадина тече песната „You’re such a crazy woman“ (превод: Ти си толку луда жена).

    „Еманципирани кучки“, „Имаш се, само немаш секс“, е само дел од реториката која се споменува во кампањата на радијата, со цел да се доведе во корелација како може да заврши една „прееманципирана жена“ на која ѝ е најважна кариерата.

    Лош пример за еден добар љубовник – кога еден ден од нејзиниот кревет ќе завршиш пред олтар. Опасноста нејзиното его да те исфрли на улица е многу веројатна. Секоја сличност со Бред Пит е случајна. Размисли на која ќе и бидеш љубовник“, се вели во една од кампањите.

    Во друга, пак, се наведува успешна жена, унапредена во „стратеџик акаунт систем асистент оперејш аналист“.

    „Wow! Па ти успеа! Конечно си како него. И сега, што е следно?“, иронично се вели во спотот.

    На кое ниво се спуштиле Сити и Метрополис радио, и тоа мојот омилен глас од радијата кои идиотизми стигнал да чита... Ептен сум разочарана.
    Ете до каде сме со напредокот во општеството. Катастрофа!
     
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    3,386
    Likes Received:
    42,103
    Не му дала жена му или швалерката на Брејк, оти била уморна од работа,и сеа сите ќе страдаме... :(
     
    WildMk, Ketchup, Nausicaa and 4 others like this.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Joined:
    Dec 14, 2011
    Messages:
    4,052
    Likes Received:
    52,523
    Gender:
    Female
    Ова беше толку разочарувачко што се изнамачив да го прочитам до крај.
    Срамота.

    Не ми е јасно како при толку вработени луѓе на никој не му текнало колку лоша идеја е кампањава. Што е всушност поентата на ова?
     
    WildMk, Ketchup, Lolo5 and 4 others like this.
  12. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2012
    Messages:
    479
    Likes Received:
    3,168

    City Radio, Club fm и Метрополис Радио Мрежа,

    Ја повлекуваат кампањата за пре-еманципирани жени која неколку дена одеше во етер на овие три радиа.

    Овие медиуми воопшто немаа намера да го навредат интегритетот на жената, нити пак некого да дискриминираат.

    Напротив, целта на овој, за нашата публика нов, медиумски наратив беше сите кои претеруваат, со посебен акцент на оние кои газат се пред себе (за кои впрочем е и наменета кампањата) да се потсетат што е етичко, што сакаат, колку можат и колку треба.

    Овие медиуми имаат огромна публика која ја разбира, ја поддржува и се забавува со нестандардната реторика на овие џинглови но, почитувајќи ја и останатата публика, која јасно и се спротивстави на кампањата, медиумите одлучија да одговорат со извинување до сите кои се почувствувале посочени и навредени.

    За таа цел City Radio, овие три радиа ја повлекуваат кампањата од етер.

    Со почит

    City Radio, Club fm и Метрополис Радио Мрежа






    За да им биде јасно каква штета прават со вакви идеи, бидејќи очигледно уште не им е, еве малку информации за просветлување:
    Што е еманципација - Процес на ослободување од правни или политички ограничувања
    Што е еманципирана жена - Жена која е слободна од било какво влијание на застарени социјални верувања, ограничувања или обичаи, задршки, контрола, власт или зависност од друг.
    Што е патријархат
    “Начин на општествено организирање и сет од верувања кои ја овозможуваат и ја одржуваат доминацијата на мажите врз жените и децата”.
    Што треба да знаете за патријархатот
    1. Патријархалната структура настојува да ја задржи економската, политичката, сексуалната и идеолошката контрола на мажите врз жените.
    2. Жените во патријархалната структура се помалку вредни и за нив се претпоставува дека ја имаат потребата од супервизија, заштита или контролa.
    3. Секогаш кога машката идентификација на вредносните аспекти е пореметена, одговорот на патријархатот е зголемување на степенот на контрола
    4. Обидите за спротивставување на оваа контрола се осудуваат, а секој чин на излегување од однапред дефинираните рамки и улоги се санкционира со физичко или психичко насилство.
    5. Парадокс: Жените добиваат задачка активно да учествуваат во одржувањето на односите на моќ.
     
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    За мене навистина е апсурдна помислата дека едно човечко суштество би можело да смета дека друго човечко суштество е е на пониско ниво од него.

    Сепак и не сум изненадена од патетичниот стремеж на човештвото да изнаоѓа нови начини со кои ќе се смета за различен и посебен од останатите по некоја класификација, бидејќи се додека јас сум загрижена, сите луѓе во мои очи се еднакви.

    Сето ова започнало со појавата на матријархатот и патријархатот. Верувам дека кога самиот човек решил да се оддели од природата и живеењето со другите животни, тогаш започнале да се менуваат улогите на мажот и жената.

    Имено, матријархатот прво преовладувал во раното човеково општество, односно кога луѓето сеуште живееле во орди и кога нашите далечни предци најмногу ја почитувале божицата- мајка, која ја сметале за прародителка на живиот свет на земјата.

    Од тогаш, култот на жената станал почитуван и така жената била главната во општеството но овде се поставува кога матријархатот се заменил со патријархатот.

    Одговорот на ова лежи во самиот процес и причините на менувањето на улогите.

    Првично, функцијата на жената да раѓа деца и да се грижи за домаќинството било од големо значење но тоа било поради тоа што единствено на тој начин се обезбедувала личната егзистенција на семејството.

    Но со развивањето на општеството и со појавата на работата, се сфатило дека мажите поради нивната телесна сила и физичка развиеност биле поспособни да работаат потешки физички работи и со тоа да го издржуваат семејството.

    Односно, во овој период важело правилото дека оној кој го носи лебот на масата има главна улога во семејството,а и ужива високо место во самото општество.

    Од овој момент па натака жените биле потчинети врз волјата на мажите и главно служеле за задоволување на потребите на машкиот пол.

    [​IMG]
     
    WildMk, Someonespecial, teddi and 4 others like this.
  14. lovestonedd

    lovestonedd Истакнат член

    Joined:
    Jan 3, 2018
    Messages:
    59
    Likes Received:
    412
    Gender:
    Female
    Да, јас сум феминистка,во граници на здравиот разум. Идејата е жените да престанат да бидат во служба на мажите,да имаат право на став,образование,кариера ,животен правец.Друго,еднакво плаќање за еднаков труд. Работна позиција да се добива врз основа на способности а не на полот. Една жена да може да бира дали ќе се одава или не, дали ќе раѓа или не,да абортира или не.Женско кое често менува партнери од лично задоволство,не би требало да се нарекува курва,пошто таков назив не постои за машко кое го прави истото.

    Реков во граници на здравиот разум, пошто понекогаш имам впечатот дека движењево станува ептен радикално. Јас разбирам дека постои преголема огорченост од полната дискриминација,ама не можеме сепак сите мажи да ги ставиме во ист кош и да ги мразиме пошто не угнетуваат.
    Кај нас најмногу ваквата полова дискриминација мислам најмногу е застапена преку домашното насилство.
    Скоро секоја втора жена е злоставувана и физички и психички,пошто сеуште владее она просто патријархално сфаќање и пошто ете му се може на мажот пошто физички е подоминантен.

    Лично јас имам пример,осетив на своја кожа. Имав 19 години работев во еден кафиќ како шанкерка и сосема одговорно си ја вршев работата.Еден ден на газдарицата и текна дека требала машко да стави за шанкер пошто работата не била за женско,требало да се креваат гајби и машко боље ке се снашло. Иако дотогаш јас го правев сето тоа,фала богу не сум свилена,физички сум јака , никогаш се немав пожалено зошто јас како женско кревам гајби пошто не ги делам работите на машки и женски.Ама ете по некоја логика бидна и тоа.

    Едит: Уште еден пример. После тоа, на друго место прашувам за работа,ми вели 10 000 плата,а за истата работа на другар ми му понудија 14 000. Кога прашав зошто, ми рече ајде ајде ти си женско тоа ке го надополниш со бакшиш. :)
    Вакви работи не смее да се дешаваат. Е заради ваквите неправдини,постои движењево и треба уште многу многу работа и проекти за да се искорени простутилукот од оваа затуцана средина.
     
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,187
    Likes Received:
    56,904
    Gender:
    Female
    Јас сум за феминизам, а и секој нормален човек би требало да се залага за мажите и жените да имаат еднакви права на секое поле. Гледано од денешен аспект, жените имаат многу поголеми права од минатото, кога се сметало дека нивните задачи се само да раѓаат, да чуваат деца, да чистат и да готват. Образование? Нема шанси зошто ти е, само трошок плус.
    Денес секоја жена се образува, и можи да работи и заработува. Ми се грози кога некој, без разлика дали е маж или жена, ќе речи "Жените припаѓаат во кујната". Не, жената треба да го има секое право како и мажот, па ако сака ќе гради кариера, ако не ќе седи само дома, нејзин избор. :!:

    Исто така ја имаме и другата крајност, оние радикални феминистки што мразат се што има пенис. Ги ставаат жените над мажите. Тие одат до толку што секоја жена која сака да има маж во животот ја нарекуваат срам за женскиот род. Да не зборуваме за работите како мажот да ја отвора вратата од колата за жената, да побараш негова помош за нешто што тој го можи и знае. Таквите се неспособни не знаат да живеат без маж. Недајбоже да примиш цвеќе од мажот. Сум среќавала секакви коментари по фб. :|

    Феминист сум кога станува збор за еднаквоста на двата пола, ниеден пол да е над другиот. Двата пола заслужуваат еднакви права и слободи. И мажот може да готви и жената да брка кариера. Или уште поубаво, двајцата заедно да прават се, и да си помагаат околу слабостите. :)
     
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,199
    Gender:
    Female
    Го погодиле векот и делот од светот овие за да си играат револуционерки и сега нашле па зашле, општеството ќе им исполнува каприци, нема друго.

    Не сум феминистка, се повикувам на своите индивидуални права како граѓанин и човек.
     
    Rama, Aquamarine93, Outlook and 4 others like this.
  17. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Joined:
    Dec 15, 2011
    Messages:
    661
    Likes Received:
    3,606
    Не постои жена која не е феминистка. Апсурд!
    Види што пиша во тема за насилство врз жената

    Кога би ти се случило ова тебе, да видиш каква феминистка ќе станеш.
     
    WildMk, Lolo5 and Someonespecial like this.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,199
    Gender:
    Female
    Така само мислиш. Издвојуваш мал дел од цел пост и врз негова база изведуваш заклучоци кои и одговараат на твојата теза. Јас велам дека жената е генерално земено, послаба од мажот, дури додадов дека жените поединечно речиси секогаш бираат партнери посилни од нив самите. Не може таквиот став да ме прави феминистка, кога феминизмот заговара потполна еднаквост меѓу половите.
     
    Last edited: Mar 26, 2018
    baba Rada likes this.
  19. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Joined:
    Dec 15, 2011
    Messages:
    661
    Likes Received:
    3,606
    Издвоив мал дел за да укажам дека си против насилство врз жената и да ти го наведам како пример што би било кога истото би ти се случило тебе.
    Физичката јачина нема апсолутно никаква врска со рамноправност. Дали сметаш дека си инфериорна во однос на мажот само затоа што е физички појак од тебе?
     
    WildMk, Ketchup, Lolo5 and 4 others like this.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,199
    Gender:
    Female
    Нема таков пример, јас никаде не напишав што би било кога нешто би ми се случило мене. :D Јас можеби се разбирам од боречки вештини, тоа воопшто не е предмет на дискусија. Напишаното од мене на таа тема повеќе се однесува на машко џентлменство и добри манири, не на феминизам. Јас не чувствувам потреба од феминизам, ниту застапувам иста страна со современите феминистки за голем број нешта. Рамноправноста меѓу граѓаните, без разлика на пол е гарантирана во општеството, не се среќавам со ограничувања затоа што сум жена и тоа е одамна завршена работа, пред воопшто да се родам.
     
    Rama, kikkki and blonde_supergirl like this.