Можам да направам се што може еден маж. Се борам за поравда особено кога непрвдата му е нанесена на некој мој близок без разлика дали е од семејството или ми е пријател. Сите ми велат демек мн грубо сум се поналаша, но не можам јас сум таква и тоа не можам да го сменам кај мене. Сметам дека сите бе разлика дали се машки или женски треба да сме исти бидејќи се што можат мажите да направат можеме и ние жените
Феминизмот го разбирам како почитување на правата на жените во секое време и од секого, без разлика на полот.
Грешно го разбираш, сестро, феминизмот е нешто многу полошо од тоа особено третиот бран кој претставува канцерогено движење.
Деновиве на социјалните мрежи е доста актуелно видеово со сексистички ставови на еден полски европратеник. За тие што досега не сте го гледале, ќе го оставам тука. И уште мислите дека не треба феминизам? Да, во 2017 година не би требало сè уште да е потребно докажување на нормалниот и здраворазумен став за еднаквост на половите воопшто на глобално ниво. АМА, сè додека за жал уште постојат вакви катастрофи од луѓе (и тоа за уште поголема жал - влијателни и „некој и нешто“ во општеството како овој) - и тоа како ќе треба феминизам, deal with it. Секоја чест за женава што на ниво го „утепа“!
http://prizma.mk/skandalozna-kampana-za-emantsipiranite-zheni/ Спојлер „Оваа кампања е наменета за сите прееманципирани жени кои трчајќи по пикирани кариери ја загубија својата женственост и газат се пред себе. Еманципирани жени со доминантни фрустрации, освестете се, станавте мажи“, се вели во кампањата на трите радио мрежи, Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, додека во позадина тече песната „You’re such a crazy woman“ (превод: Ти си толку луда жена). „Еманципирани кучки“, „Имаш се, само немаш секс“, е само дел од реториката која се споменува во кампањата на радијата, со цел да се доведе во корелација како може да заврши една „прееманципирана жена“ на која ѝ е најважна кариерата. „Лош пример за еден добар љубовник – кога еден ден од нејзиниот кревет ќе завршиш пред олтар. Опасноста нејзиното его да те исфрли на улица е многу веројатна. Секоја сличност со Бред Пит е случајна. Размисли на која ќе и бидеш љубовник“, се вели во една од кампањите. Во друга, пак, се наведува успешна жена, унапредена во „стратеџик акаунт систем асистент оперејш аналист“. „Wow! Па ти успеа! Конечно си како него. И сега, што е следно?“, иронично се вели во спотот. На кое ниво се спуштиле Сити и Метрополис радио, и тоа мојот омилен глас од радијата кои идиотизми стигнал да чита... Ептен сум разочарана. Ете до каде сме со напредокот во општеството. Катастрофа!
Ова беше толку разочарувачко што се изнамачив да го прочитам до крај. Срамота. Не ми е јасно како при толку вработени луѓе на никој не му текнало колку лоша идеја е кампањава. Што е всушност поентата на ова?
City Radio, Club fm и Метрополис Радио Мрежа, Ја повлекуваат кампањата за пре-еманципирани жени која неколку дена одеше во етер на овие три радиа. Овие медиуми воопшто немаа намера да го навредат интегритетот на жената, нити пак некого да дискриминираат. Напротив, целта на овој, за нашата публика нов, медиумски наратив беше сите кои претеруваат, со посебен акцент на оние кои газат се пред себе (за кои впрочем е и наменета кампањата) да се потсетат што е етичко, што сакаат, колку можат и колку треба. Овие медиуми имаат огромна публика која ја разбира, ја поддржува и се забавува со нестандардната реторика на овие џинглови но, почитувајќи ја и останатата публика, која јасно и се спротивстави на кампањата, медиумите одлучија да одговорат со извинување до сите кои се почувствувале посочени и навредени. За таа цел City Radio, овие три радиа ја повлекуваат кампањата од етер. Со почит City Radio, Club fm и Метрополис Радио Мрежа За да им биде јасно каква штета прават со вакви идеи, бидејќи очигледно уште не им е, еве малку информации за просветлување: Што е еманципација - Процес на ослободување од правни или политички ограничувања Што е еманципирана жена - Жена која е слободна од било какво влијание на застарени социјални верувања, ограничувања или обичаи, задршки, контрола, власт или зависност од друг. Што е патријархат “Начин на општествено организирање и сет од верувања кои ја овозможуваат и ја одржуваат доминацијата на мажите врз жените и децата”. Што треба да знаете за патријархатот 1. Патријархалната структура настојува да ја задржи економската, политичката, сексуалната и идеолошката контрола на мажите врз жените. 2. Жените во патријархалната структура се помалку вредни и за нив се претпоставува дека ја имаат потребата од супервизија, заштита или контролa. 3. Секогаш кога машката идентификација на вредносните аспекти е пореметена, одговорот на патријархатот е зголемување на степенот на контрола 4. Обидите за спротивставување на оваа контрола се осудуваат, а секој чин на излегување од однапред дефинираните рамки и улоги се санкционира со физичко или психичко насилство. 5. Парадокс: Жените добиваат задачка активно да учествуваат во одржувањето на односите на моќ.
За мене навистина е апсурдна помислата дека едно човечко суштество би можело да смета дека друго човечко суштество е е на пониско ниво од него. Сепак и не сум изненадена од патетичниот стремеж на човештвото да изнаоѓа нови начини со кои ќе се смета за различен и посебен од останатите по некоја класификација, бидејќи се додека јас сум загрижена, сите луѓе во мои очи се еднакви. Сето ова започнало со појавата на матријархатот и патријархатот. Верувам дека кога самиот човек решил да се оддели од природата и живеењето со другите животни, тогаш започнале да се менуваат улогите на мажот и жената. Имено, матријархатот прво преовладувал во раното човеково општество, односно кога луѓето сеуште живееле во орди и кога нашите далечни предци најмногу ја почитувале божицата- мајка, која ја сметале за прародителка на живиот свет на земјата. Од тогаш, култот на жената станал почитуван и така жената била главната во општеството но овде се поставува кога матријархатот се заменил со патријархатот. Одговорот на ова лежи во самиот процес и причините на менувањето на улогите. Првично, функцијата на жената да раѓа деца и да се грижи за домаќинството било од големо значење но тоа било поради тоа што единствено на тој начин се обезбедувала личната егзистенција на семејството. Но со развивањето на општеството и со појавата на работата, се сфатило дека мажите поради нивната телесна сила и физичка развиеност биле поспособни да работаат потешки физички работи и со тоа да го издржуваат семејството. Односно, во овој период важело правилото дека оној кој го носи лебот на масата има главна улога во семејството,а и ужива високо место во самото општество. Од овој момент па натака жените биле потчинети врз волјата на мажите и главно служеле за задоволување на потребите на машкиот пол.
Да, јас сум феминистка,во граници на здравиот разум. Идејата е жените да престанат да бидат во служба на мажите,да имаат право на став,образование,кариера ,животен правец.Друго,еднакво плаќање за еднаков труд. Работна позиција да се добива врз основа на способности а не на полот. Една жена да може да бира дали ќе се одава или не, дали ќе раѓа или не,да абортира или не.Женско кое често менува партнери од лично задоволство,не би требало да се нарекува курва,пошто таков назив не постои за машко кое го прави истото. Реков во граници на здравиот разум, пошто понекогаш имам впечатот дека движењево станува ептен радикално. Јас разбирам дека постои преголема огорченост од полната дискриминација,ама не можеме сепак сите мажи да ги ставиме во ист кош и да ги мразиме пошто не угнетуваат. Кај нас најмногу ваквата полова дискриминација мислам најмногу е застапена преку домашното насилство. Скоро секоја втора жена е злоставувана и физички и психички,пошто сеуште владее она просто патријархално сфаќање и пошто ете му се може на мажот пошто физички е подоминантен. Лично јас имам пример,осетив на своја кожа. Имав 19 години работев во еден кафиќ како шанкерка и сосема одговорно си ја вршев работата.Еден ден на газдарицата и текна дека требала машко да стави за шанкер пошто работата не била за женско,требало да се креваат гајби и машко боље ке се снашло. Иако дотогаш јас го правев сето тоа,фала богу не сум свилена,физички сум јака , никогаш се немав пожалено зошто јас како женско кревам гајби пошто не ги делам работите на машки и женски.Ама ете по некоја логика бидна и тоа. Едит: Уште еден пример. После тоа, на друго место прашувам за работа,ми вели 10 000 плата,а за истата работа на другар ми му понудија 14 000. Кога прашав зошто, ми рече ајде ајде ти си женско тоа ке го надополниш со бакшиш. Вакви работи не смее да се дешаваат. Е заради ваквите неправдини,постои движењево и треба уште многу многу работа и проекти за да се искорени простутилукот од оваа затуцана средина.
Јас сум за феминизам, а и секој нормален човек би требало да се залага за мажите и жените да имаат еднакви права на секое поле. Гледано од денешен аспект, жените имаат многу поголеми права од минатото, кога се сметало дека нивните задачи се само да раѓаат, да чуваат деца, да чистат и да готват. Образование? Нема шанси зошто ти е, само трошок плус. Денес секоја жена се образува, и можи да работи и заработува. Ми се грози кога некој, без разлика дали е маж или жена, ќе речи "Жените припаѓаат во кујната". Не, жената треба да го има секое право како и мажот, па ако сака ќе гради кариера, ако не ќе седи само дома, нејзин избор. Исто така ја имаме и другата крајност, оние радикални феминистки што мразат се што има пенис. Ги ставаат жените над мажите. Тие одат до толку што секоја жена која сака да има маж во животот ја нарекуваат срам за женскиот род. Да не зборуваме за работите како мажот да ја отвора вратата од колата за жената, да побараш негова помош за нешто што тој го можи и знае. Таквите се неспособни не знаат да живеат без маж. Недајбоже да примиш цвеќе од мажот. Сум среќавала секакви коментари по фб. Феминист сум кога станува збор за еднаквоста на двата пола, ниеден пол да е над другиот. Двата пола заслужуваат еднакви права и слободи. И мажот може да готви и жената да брка кариера. Или уште поубаво, двајцата заедно да прават се, и да си помагаат околу слабостите.
Го погодиле векот и делот од светот овие за да си играат револуционерки и сега нашле па зашле, општеството ќе им исполнува каприци, нема друго. Не сум феминистка, се повикувам на своите индивидуални права како граѓанин и човек.
Не постои жена која не е феминистка. Апсурд! Види што пиша во тема за насилство врз жената Кога би ти се случило ова тебе, да видиш каква феминистка ќе станеш.
Така само мислиш. Издвојуваш мал дел од цел пост и врз негова база изведуваш заклучоци кои и одговараат на твојата теза. Јас велам дека жената е генерално земено, послаба од мажот, дури додадов дека жените поединечно речиси секогаш бираат партнери посилни од нив самите. Не може таквиот став да ме прави феминистка, кога феминизмот заговара потполна еднаквост меѓу половите.
Издвоив мал дел за да укажам дека си против насилство врз жената и да ти го наведам како пример што би било кога истото би ти се случило тебе. Физичката јачина нема апсолутно никаква врска со рамноправност. Дали сметаш дека си инфериорна во однос на мажот само затоа што е физички појак од тебе?
Нема таков пример, јас никаде не напишав што би било кога нешто би ми се случило мене. Јас можеби се разбирам од боречки вештини, тоа воопшто не е предмет на дискусија. Напишаното од мене на таа тема повеќе се однесува на машко џентлменство и добри манири, не на феминизам. Јас не чувствувам потреба од феминизам, ниту застапувам иста страна со современите феминистки за голем број нешта. Рамноправноста меѓу граѓаните, без разлика на пол е гарантирана во општеството, не се среќавам со ограничувања затоа што сум жена и тоа е одамна завршена работа, пред воопшто да се родам.