Здраво, правев хормонски статус и ми излезе пролактинот висок 67,85 а референтните вредности се до 35. Го правев на приватно(3ден од циклус) бидејќи на државно немаа реагенси за него. Дали може општ матичен да ми даде упат за да го испитам повторно по некој ден или мора да барам гинеколог? Другите хормони не знам како ми се, немам уште резултати.
Здраво, ме интересира дали некој има исто искуство. Уште од средно почнав да ми излегуваат влакна по лицето, прво многу светли, а со текот на годините потемнеа и се појавија и на вратот и брадата. Пред неколку години веќе направив хормонски испитувања и тогаш еден хормон беше малку покачен. Циклусот ми е редовен, немав проблем со зачнување, но со текот на времето влакната се зголемуваат и стануваат пошироко распространети. Дали некој знае како барем да ги изретчам освен со ласерска епилација
Дечки ме интересира дали може да отидам да испитам хормони на приватно без упат? И ако може,каде и ако знаете цена
Можеш во секоја биохемиска лабораторија ако имаат реагенси, треба да прашаш. Околу 800-1000 е еден хормон. Јас на приватно испитував пролактин-800ден и ФСХ-1030 ден ми зедоа бидејќи го праќаа за Скопје во синлаб.
Биотек има пакет за оспитување на репродуктивни хормони, 3000 беше ама можно е да е поскапено. Јави се во контакт центарот за точна цена.
Дали некој бил набрзо да испитува на државно на клиника, дали ги имаат сите реагенси за репродуктивниве хормони?