Хуман зодијак

Discussion in '„Другата“ наука' started by rici.aaaaa, Mar 4, 2013.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    3,403
    Сите зодијачки знаци, без оглед на тоа дали се одликуваат со материјалистичка природа или не, се способни за великодушност и добри дела.
    Овен

    Овните поседуваат голем број на социјални врски и контакти и можат да бидат одлични потпароли за правата на сиромашните или маргинализираните групи. Доколку застапувате некоја хуманитарна организација за помош и ви е потребен човек кој ќе ги убеди големите фирми да се вклучат во најновата акција која ја спроведувате, без двоумење одберете го Овенот. Исто така, припадниците на овој знак се меѓу најбројните кои помагаат при природни катастрофи и елементарни непогоди. Одлично можат да се снајдат и со организирање на телефонски аукции за помош, дури и во последен момент.

    Бик

    Бикот се одликува со голема приврзаност кој децата и животните, па затоа не изненадува што е водечки активист во сите ситуации каде што треба да се усвојуваат незгрижени миленици или деца. Одлични готвачи се и умеат своите кулинарски способности да ги искористат на хуманитарни аукции од отворен тип. Исклучителни се во организирање на локални или маалски хуманитарни приредби и настани. Машките Бикови се одлични домаќини, додека жените припаднички на овој знак се исклучителни организаторки зад сцената.

    Близнаци

    Близнаците се едни од хуманитарно најангажираните знаци. Голем број од нив се талентирани музичари, актери, актерки и писатели и токму поради тоа се исклучителни во осмислувањето на хуманитарни настани при кои ќе ги искористат сите свои таленти за да соберат финансиски средства. Меркуровите деца се извонредни и во ширењето на одредена хуманитарна кауза - никој не умее да пренесе и рашири порака брзо како нив, особено на социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук.

    Рак

    Раковите се одлични хуманитарни организатори. Пожртвувани се и ако веруваат во некоја хуманитарна мисија, ќе сторат се, само за да ја остварат зацртаната цел. Па така, неретко ќе ги видите како се нафатиле за нешто што речиси никој друг не би – проверување на финансиски извештаи, пресметки на даноци или сметководство, се со цел да се минимизираат трошоците и да се соберат што повеќе парични средства. Особено се активни во организациите кои се занимаваат со деца жртви на семејно насилство, или оние кои ги таргетираат зависниците од наркотици и дроги. Припадниците на овој знак се великодушни и не очекуваат никакво јавно признание за својата хуманост.

    Лав

    Кога се работи за донирање финансиски средства, или посветување време на некоја хуманитарна кауза, Лавовите се едни од највеликодушните зодијачки знаци. Притоа, нема лудорија која Лавот нема да ја направи само за да ја оствари зацртаната мисија. Меѓу останатото, тоа подразбира играње на некој имагинарен лик (како на пример Дедо Мраз), се со цел да ги забавува спонзорите и да им извлече уште некоја пара од џебот. И да, никој нема да успее во тоа подобро од него!

    Девица

    Девицата ќе посвети многу време и енергија на хуманитарни цели. Сепак, мал проблем настанува кога таа треба да донира, бидејќи и е потешко да се раздели од сопствените пари, отколку да ги извлече туѓите.

    Припадниците на овој знак не сакаат да се експонираат, па затоа неуморно ќе работат во позадина со цел успешно да се реализира хуманитарниот настан. За својот труд очекуваат пофалба и признание и умеат да се налутат ако на крајот бидат заборавени.

    Вага

    Вагата е сама по себе великодушна душа, многупати дури и на своја штета, бидејќи умее да ги жртвува сопствените интереси за сметка на туѓите. Со неа владее Венера, па затоа ќе ја најдете на сите манифестации каде се собираат средства за изградба или обнова на музеи, уметнички галерии или театри. Вагите исто така обожуваат животни и за спасување на некоја дива егзотична врста или улично животинче ќе го дадат и последниот денар од џебот. Голем број Ваги се волонтери во хуманитарни и животнински невладини организации. Не очекуваат јавни пофалби за трудот и работат анонимно.

    Шкорпија

    Учеството на хуманитарен настан е некој вид социјален престиж за Шкорпиите кои неретко преку тоа се обидуваат да ја покажат и својата подобра страна која малкумина ја знаат. Шкорпиите се одлични организатори зад сцената, харизматични се, убедливи и можат да извлечат огромни суми пари од останатите луѓе. Припадниците на овој знак најчесто ќе ги сретнете на манифестации на кои се спонзорира науката, медицината и вселенските истражувања.

    Стрелец

    Стрелецот е активен на повеќе хуманитарни полиња, почнувајќи од собирање средства за подобрување на животот во неразвиените земји, па се до антикорпорациски протести, со кои се бори против корпорациската или политичка контрола врз човековите права или околината. Голем број Стрелци се талентирани писатели и режисери кои неретко ќе ги употребат сите свои таленти за снимање документарни филмови со цел да се подигне јавната свест околку некое глобално или политичко прашање, како и загадување на околината, но и евентуална неправда врз луѓето.

    Јарец

    Јарците имаат природна тенденција да собираат парични средства, а потоа да ги донираат истите, за да се ослободат од данокот, но и за да изгледаат социјално великодушни (како и Шкорпијата). Со оглед на тоа дека овој знак го цени социјалниот престиж, ќе се појави на најгламурозните хуманитарни настани. Јарците сакаат да посетуваат вечери или манифестации на кои се собираат средства за медицински или културни каузи. Ако пак се во улога на организатор на таков настан, очекуваат пофалба и признание на својот ангажман.

    Водолија

    Овој визионерски знак е вистински вљубеник во природата и ќе стори се за зачувување на природната флора и фауна. Водолиите се исклучителни во организирањето еколошки настани, потоа случувања со кои се борат против разноразни навидум неизлечиви болести или санирање на еколошки катастрофи. Водолијата може да делува малку неорганизирано и хаотично, но исто како и Близнаците е одличен гласник и може навистина брзо да ги рашири вестите на социјалните платформи. Да не ги заборавиме и уметничките фотографии, кои се одлична форма на изразување за овој знак.

    Риби

    Пожртвуваната Риба ќе работи неуморно за доброто на целата планета, луѓето и животните на неа. Рибите особено ги привлекуваат акции кои имаат за цел заштита на дивиот свет и поради тоа ќе работат се - од административна работа, па се до најтешките задачи на кои ниеден друг активист не би се нафатил. Припадниците на овој знак неретко и ќе отпатуваат на местото на проблемот со цел да добијат вистински увид во ситуацијата, па потоа дома да рапортираат и дадат свое видување за решавање на проблемот. Овие луѓе се неверојатно спиритуални и скромни, па затоа не очекуваат благодарност ниту јавни пофалби за своето залагање.
     
    tessie likes this.
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2012
    Messages:
    2,360
    Likes Received:
    1,252
    Gender:
    Female
    Хуман Зодијак

    ама грешно за рак
     
    rici.aaaaa likes this.
  3. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Joined:
    Jul 13, 2012
    Messages:
    526
    Likes Received:
    361
    Gender:
    Female
    Хуман Зодијак

    За близнаци се е точно... :) Близнаци

     
    rici.aaaaa likes this.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Хуман Зодијак

    Подзаличувам на описот за Стрелец...убаво, убаво...
     
    rici.aaaaa likes this.
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    2,261
    Likes Received:
    1,347
    Вага

    Вагата е сама по себе великодушна душа, многупати дури и на своја штета, бидејќи умее да ги жртвува сопствените интереси за сметка на туѓите. Со неа владее Венера, па затоа ќе ја најдете на сите манифестации каде се собираат средства за изградба или обнова на музеи, уметнички галерии или театри. Вагите исто така обожуваат животни и за спасување на некоја дива егзотична врста или улично животинче ќе го дадат и последниот денар од џебот. Голем број Ваги се волонтери во хуманитарни и животнински невладини организации. Не очекуваат јавни пофалби за трудот и работат анонимно.

    Сосема точно,особено делот за спасување на животинките.Најмногу ги сакам!
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,306
    Gender:
    Female
    Делумно точно.
     
  7. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Joined:
    Dec 6, 2012
    Messages:
    1,531
    Likes Received:
    4,182
    Gender:
    Female
    Точноо :rofl:
     
  8. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Joined:
    Jan 31, 2012
    Messages:
    559
    Likes Received:
    160
    само првиот дел е точен
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,696
    Likes Received:
    38,365
    Gender:
    Female
    Рак

    Раковите се одлични хуманитарни организатори. Пожртвувани се и ако веруваат во некоја хуманитарна мисија, ќе сторат се, само за да ја остварат зацртаната цел. Па така, неретко ќе ги видите како се нафатиле за нешто што речиси никој друг не би – проверување на финансиски извештаи, пресметки на даноци или сметководство, се со цел да се минимизираат трошоците и да се соберат што повеќе парични средства. Особено се активни во организациите кои се занимаваат со деца жртви на семејно насилство, или оние кои ги таргетираат зависниците од наркотици и дроги. Припадниците на овој знак се великодушни и не очекуваат никакво јавно признание за својата хуманост.

    Не е точно. :^)
     
  10. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Joined:
    Jan 27, 2013
    Messages:
    665
    Likes Received:
    316
    Не е точно, не е. :|
    Навистина сум великодушна и хумана али до толку, да бидам опседната со тоа...не! :shake:
     
  11. girl.heart

    girl.heart Активен член

    Joined:
    Jun 29, 2013
    Messages:
    103
    Likes Received:
    4
    Девица

    Девицата ќе посвети многу време и енергија на хуманитарни цели. Сепак, мал проблем настанува кога таа треба да донира, бидејќи и е потешко да се раздели од сопствените пари, отколку да ги извлече туѓите.

    Припадниците на овој знак не сакаат да се експонираат, па затоа неуморно ќе работат во позадина со цел успешно да се реализира хуманитарниот настан. За својот труд очекуваат пофалба и признание и умеат да се налутат ако на крајот бидат заборавени.
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    Јарец делумно точно.
     
  13. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2011
    Messages:
    1,314
    Likes Received:
    737
    Gender:
    Female
    Близнаци

    Близнаците се едни од хуманитарно најангажираните знаци. Голем број од нив се талентирани музичари, актери, актерки и писатели и токму поради тоа се исклучителни во осмислувањето на хуманитарни настани при кои ќе ги искористат сите свои таленти за да соберат финансиски средства. Меркуровите деца се извонредни и во ширењето на одредена хуманитарна кауза - никој не умее да пренесе и рашири порака брзо како нив, особено на социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук.
    Abe nie :D
     
  14. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Joined:
    Jul 24, 2013
    Messages:
    1,002
    Likes Received:
    247
    Gender:
    Female
    Погодено! :D
     
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Joined:
    Mar 23, 2012
    Messages:
    1,187
    Likes Received:
    2,413
    Gender:
    Female
    Бик

    Бикот се одликува со голема приврзаност кој децата и животните, па затоа не изненадува што е водечки активист во сите ситуации каде што треба да се усвојуваат незгрижени миленици или деца. Одлични готвачи се и умеат своите кулинарски способности да ги искористат на хуманитарни аукции од отворен тип. Исклучителни се во организирање на локални или маалски хуманитарни приредби и настани. Машките Бикови се одлични домаќини, додека жените припаднички на овој знак се исклучителни организаторки зад сцената.
    Точно е :)
     
  16. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2013
    Messages:
    592
    Likes Received:
    1,862
    Gender:
    Female
    Близнаци

    Близнаците се едни од хуманитарно најангажираните знаци. Голем број од нив се талентирани музичари, актери, актерки и писатели и токму поради тоа се исклучителни во осмислувањето на хуманитарни настани при кои ќе ги искористат сите свои таленти за да соберат финансиски средства. Меркуровите деца се извонредни и во ширењето на одредена хуманитарна кауза - никој не умее да пренесе и рашири порака брзо како нив, особено на социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук.

    Се е погодено. :)
     
  17. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Joined:
    Apr 6, 2013
    Messages:
    566
    Likes Received:
    912
    Се` е точно за вага :)
     
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2014
    Messages:
    2,420
    Likes Received:
    9,612
    Gender:
    Female
    Се е тoчнo зa вaгa :)