Дај боже и тука да се погоди така некој. Од една страна се плашам многу ама од др едвај чекам зошто имам баш тешка бременост.
Тимот си прават муабет меѓу себе, лабава атмосфера е, ќе се опуштиш, секако ништо не осеќаш. Јас ги слушав што зборат. И само памтам ладно ми беше . Ама сестрите како да памтам на страна седат за време на операцијата, можеби ако ги замолиш ќе ти прават муабет. Ама и јас бев извадена од памет, на почетокот ме опуштаа, после си ги слушав инструментарките со докторот се смееја. На ГАК ова.
Јас не се плашам од боцкање спинална, ама затоа се плашам од самиот момент така да лежам и да гледам во плафонот а никој да не е до мене да ми напраи било каков муабет. Инаку одамна се породи ти? И дали можеби знаеш колку временски трае операцијата?