Е и јас бев иста, со разликата што сите само проаѓаа и ми викаа мајка зошто не доиш, кога ќе им ги покажев градите усвет фаќаа, бебе немаше теорија да фати од такви топки. Чудо е што не фатив маститис, збудалена бев. Среќа дома ме пуштија во најкраток можен рок па некако се оправав. Со првото дете па природно се породив, 1 ден бев таму, уште немав млеко кога си заминав, не ми покажаа ништо, само ми викаа вовлечени брадавици имаш земи силиконски. Среќа си имала стварно, не ни знам дека има лактантка таму, на одмор била за мене изгледа.
Majki pravena sum carski vo Septemvri ,pominati se 7 meseci jaas sum seuste so trudnicki stomak izduvan I tvrd, jadam bidejki dojam. Samo stomachot mi e golem , praveni se ispituvanja ok e so matka I abdomen ,samo sto mi otkrija helicobacter pylori vo krv
Здраво, Породена сум со втор царски пред точно еден месец, имам така некоја болка од папокот лево па се надоле кон резот како по една линија да оди болката. Таа болка претежно е при движење и станување.На ќјошот од резот еден прст над резот до тука оди болката и тука местото е како потврдо , на тоа место и при допир ме боли и како да имаше некое топче кое е тврдо, при допир некогаш можам да го осетам некогаш не. Ова го осеќам од десната страна. Сакам да прашам дали некоја се соочила со ваквно нешто, како поминала дали потоа било се во ред без компликации? Убав ден на сите
Породена сум царски точно пред 1 месец и конците ми стојат уште, не сум била на преглед па ме интересира за колку време ќе паднат
Ако беше на преглед и ти рекоа дека се е во ред со раната, може. Јас после два месеци бев, но внимаваше на раната депилаторката.
Здраво, ме интересира дали после царски рез на контролата после еден месец, се прегледува само раната или и вагинално те прегледуваат?
Какви влошки која фирма да земам ми препорачувате за со царски и мрежести гаќи исто од каде се зимаат какви се најдобри?
Обични бони земи си со мрежичка, јас мрежести гаќи не користев, мислам и не ги препорачуваат за царски зошто чачка на раната.
Мене најдобри влошки ми беа на Галеника, а мрежести Тото мислам беа. Од Зегин ги зимав. Околу три недели дома носев мрежести, попријатни ми беа од обичните гаќи.
Да ми кажете работи кои ке ми олеснат во однос на царски? За раната, закрепнување и болки. .. пример некаде видов се става перница на раната при кашлање или станување( ги намалува болките вајда) Работи кои ке ми значат
Мислам дека помага перничка да се става ете при кашлање и слично но јас не го практикував тоа. Боли да, но навистина по неколку дена намалува болката. Јас имам два царски, вториот многу поболен од првиот, но да речам дека после една недела бев со многу подносливи болки, без никакви медикаменти. Она што можам како најголем совет да го дадам за сите е да станувате почесто. Многу боли, ама навистина со секое станување, се помалку ќе боли колку и да првите денови изгледа невистинито. Станувајте колку можете, убедувајте се што почесто макар 5 чекори. И ако имате болки барајте си повеќе терапија не трпете.
Исто и јас, два царски , тазе вториот нема ми медец. Јас сум човек што лично ни апче за глава не пие скоро никогаш, но сега си барав кетонал и си пиев секој ден една недела после излегување од болница. Задолжително станување во секој момент, по можност да се истушираш и првиот ден. Мене контракциите ми беа неподносливи вториот ден, како најтежок ќе го посочам. Од друга дтрана па, вториот пораѓај ми беше неспоредливо поубав,спокоен и побезболен. Со среќа!
Мене не ми е јасно како се одвива целиот процес при закажан царски. Како со таква рана се бањате? Како воопшто со крварење може да се стане и движи? Дали апчињата за болка може да го успорат доењето? Ме фаќа паника ...
Нека не те фаќа паника, кога ќе дојде моментот ќе бидеш похрабра од цел живот. Се најнормално се прави, само полека.