Е и јас бев иста, со разликата што сите само проаѓаа и ми викаа мајка зошто не доиш, кога ќе им ги покажев градите усвет фаќаа, бебе немаше теорија да фати од такви топки. Чудо е што не фатив маститис, збудалена бев. Среќа дома ме пуштија во најкраток можен рок па некако се оправав. Со првото дете па природно се породив, 1 ден бев таму, уште немав млеко кога си заминав, не ми покажаа ништо, само ми викаа вовлечени брадавици имаш земи силиконски. Среќа си имала стварно, не ни знам дека има лактантка таму, на одмор била за мене изгледа.
Majki pravena sum carski vo Septemvri ,pominati se 7 meseci jaas sum seuste so trudnicki stomak izduvan I tvrd, jadam bidejki dojam. Samo stomachot mi e golem , praveni se ispituvanja ok e so matka I abdomen ,samo sto mi otkrija helicobacter pylori vo krv
Здраво, Породена сум со втор царски пред точно еден месец, имам така некоја болка од папокот лево па се надоле кон резот како по една линија да оди болката. Таа болка претежно е при движење и станување.На ќјошот од резот еден прст над резот до тука оди болката и тука местото е како потврдо , на тоа место и при допир ме боли и како да имаше некое топче кое е тврдо, при допир некогаш можам да го осетам некогаш не. Ова го осеќам од десната страна. Сакам да прашам дали некоја се соочила со ваквно нешто, како поминала дали потоа било се во ред без компликации? Убав ден на сите
Породена сум царски точно пред 1 месец и конците ми стојат уште, не сум била на преглед па ме интересира за колку време ќе паднат
Ако беше на преглед и ти рекоа дека се е во ред со раната, може. Јас после два месеци бев, но внимаваше на раната депилаторката.
Здраво, ме интересира дали после царски рез на контролата после еден месец, се прегледува само раната или и вагинално те прегледуваат?
Какви влошки која фирма да земам ми препорачувате за со царски и мрежести гаќи исто од каде се зимаат какви се најдобри?
Обични бони земи си со мрежичка, јас мрежести гаќи не користев, мислам и не ги препорачуваат за царски зошто чачка на раната.
Мене најдобри влошки ми беа на Галеника, а мрежести Тото мислам беа. Од Зегин ги зимав. Околу три недели дома носев мрежести, попријатни ми беа од обичните гаќи.