Царски рез

Discussion in 'Бременост' started by hrizantema007, Mar 20, 2012.

  1. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Joined:
    May 9, 2024
    Messages:
    284
    Likes Received:
    414
    Gender:
    Female

    Нема причина за паника. Мајка, ќе имаш многу повеќе сила отколку што можеш да замислиш. Јас имам поминато и лапароскопија и царски рез. Царскиот многу полесно го поминав. После царскиот веќе следниот ден се движев, додека после лапароскопијата многу повеќе лежев дома...

    Не дека нема болка, но во болница редовно ќе примаш терапија и болката се контролира со лекови . Ако чувствуваш поголема болка, ќе им кажеш на сестрите и ќе ти дадат дополнителна терапија. Најтешки се деновите додека си во болница, но таму сепак си под надзор.

    За доење би ти препорачала перница и дома да организираш пресоблекување на бебето на повисоко место — комода, фиокар или нешто слично, за да не се наведнуваш и да не правиш притисок на раната.

    И верувај, се што ќе те интересира е бебето, ништо друго нема да ти биде важно. Не знам каде ќе се породуваш, но многу значи кога сестрите се достапни и помагаат за сè. Јас додека бев во болница, на домашните цело време им велев - добро е што има кој да помогне во секој момент.
     
    tambelina likes this.
  2. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Joined:
    Apr 13, 2022
    Messages:
    476
    Likes Received:
    207
    Мајка не се секирај. Нулти ден имаш катетар и не стануваш. На терапија си цело време ам мируваш и во главно го носат бебе само да се стимулира млеко. Први ден, вадат катетар и стануваш сама да се шеташ, има и лепенка врз раната. Пробуваш да се избањаш. Веќе од втор ден активно треба да одиш, барем 2-3 мин во интервал. Пред да си заминеш дома, мора задолжително да одиш по голема нужда за да се осигураат дека се е ок. Исто и прашуватт гасови дали имаш. Џвакај мастика, помага многу. Јас имав и перница за доење што си ја ставав врз раната за да можам бебе да држам. Исто така носиш од оние бони огромни улошки и мрежасти гаќи, а крварењето не е воопшто драматично, искрено пострашни менструации сум имала
     
    tambelina likes this.