Нема причина за паника. Мајка, ќе имаш многу повеќе сила отколку што можеш да замислиш. Јас имам поминато и лапароскопија и царски рез. Царскиот многу полесно го поминав. После царскиот веќе следниот ден се движев, додека после лапароскопијата многу повеќе лежев дома... Не дека нема болка, но во болница редовно ќе примаш терапија и болката се контролира со лекови . Ако чувствуваш поголема болка, ќе им кажеш на сестрите и ќе ти дадат дополнителна терапија. Најтешки се деновите додека си во болница, но таму сепак си под надзор. За доење би ти препорачала перница и дома да организираш пресоблекување на бебето на повисоко место — комода, фиокар или нешто слично, за да не се наведнуваш и да не правиш притисок на раната. И верувај, се што ќе те интересира е бебето, ништо друго нема да ти биде важно. Не знам каде ќе се породуваш, но многу значи кога сестрите се достапни и помагаат за сè. Јас додека бев во болница, на домашните цело време им велев - добро е што има кој да помогне во секој момент.
Мајка не се секирај. Нулти ден имаш катетар и не стануваш. На терапија си цело време ам мируваш и во главно го носат бебе само да се стимулира млеко. Први ден, вадат катетар и стануваш сама да се шеташ, има и лепенка врз раната. Пробуваш да се избањаш. Веќе од втор ден активно треба да одиш, барем 2-3 мин во интервал. Пред да си заминеш дома, мора задолжително да одиш по голема нужда за да се осигураат дека се е ок. Исто и прашуватт гасови дали имаш. Џвакај мастика, помага многу. Јас имав и перница за доење што си ја ставав врз раната за да можам бебе да држам. Исто така носиш од оние бони огромни улошки и мрежасти гаќи, а крварењето не е воопшто драматично, искрено пострашни менструации сум имала
Дали го ставаат бебето веднаш на гради кај мајката,контакт кожа на кожа,да цица ? Сегашните царски резови се прават со спинална,треба да има таква можност ,јас немав избор пред 16години,бев со целосна анестезија.
Мене одма ми ја ставија до лице и после ја однесоа да ја средат. Ја видов пак тек од кога ми го извадија катетарот. На ГАК е така, додека имаш катетар не носат бебе.
Мислев додека е во операциона сала мајката. Верувам дека позитивно влијание има и врз мајката и врз бебето ,таквиот прв контакт. Gentle cesarean section
Не, додека е во операциона не ги ставаат така, само ти ја носат до лице да се осетите, барем на ГАК е така. Искрено коа ќе ми текне, нема ни како, зашто кога го носат бебето за средување, тебе ќе те сошијат и средат а тоа оди на прегледи, само ти кажуваат дека е се супер. И после во соба ти го носат и си е со тебе цел ден. Јас имав премногу млеко, извирав значи и ми се посветија, зашто мастит ќе фатев, ми помагаа да го ставам на града, ама не дека се посветуваат премногу за цицање. Ти викаат да го ставаш, ама дека ќе седи нешто посебно да ти објаснува, за жал не. Јас после дома си ја викнав Јасна и заради нејзе доев до 15 месеци. Иначе на толку млеко, можев да донирам буквално, штета ќе беше да не дојам.
Епа нели си била со два царски реза, како тоа со првиот знаеш со вториот не знаеш. И после не си лажни вести хахахаха
Здраво, имав царски рез во петокот. Во понеделник ми ја извадија лепенката и од тогаш едната десната страна на раната страшно ме пече. Шприцам спреј фитостимулин ама џабе....при седење лежење не ама кога се движам баш ме пече. Дали има некој такво искуство
Јас. Со третиот царски, на десната страна ми беше многу стегнат конецот. Кога се движев осеќав тегнење и печење ми беше страшно нелагодно. И одвреме навреме имав капки крв на гаките баш на тоа место. Раната во тој дел не можеше да ми заздрави оти конецот беше многу стегнат и буквално чворот ми беше влезен во кожата и имав дупче. Кога го извадив конецот по некоја недела, прскав редовно октени септ и се среди. Види дали можда тоа е случај и кај тебе.
Не знам дали си породена до сеа, ако не си, имаш право да бараш бебето да е до тебе. Во Германија даваат меки еластични корсети, оти не можеш самата да го држиш нели рацете мора да се пружени. Корсетите ни ги облакаат уште пред да почне операцијата и кога го вадат бебето одма го ставаат на гради додека се заврши. Не можеш да го гушнеш, ама можеш да го мирисаш и бацуваш, а и самото бебе одма се смирува на градите. Не знам дали ќе дозволат, ама ти секако имаш право да го побараш тоа.
На кој конец мислиш? Мене ми ги засекоа конците пред да си одам завчера тие што висеа...Има некои други конци што може да се извадат?
Не. На тоа мислам. Странично се засечени да не висат, ама се подврзани во чворови. Можеби десниот е повеќе стегнат. Се случува еден да е стегнат поише и тоа да прави болка при движење.
Еве и јас да кажам тоа што знам. Секогаш едната страна повеќе затега, зависи како шиел докторот односно дали е левак или деснак. Јас сум со два царски и точно се сеќавам дека прашував зошто едната страна повеќе ме пече буквално, рекоа од конците ама дека ќе попушти. Такво е чувството кај резот баш ко печење. Тазе си секако, дај си барем една недела, ќе намали и болка и печење и се. И најголем совет, станувај што почесто.
Во приватните доктор шие изгледа, во државниве специјализанти. Мене ме шиеше специјализант ама докторот го учеше како. Добра сум, да не се жалам, како можеше да биде
Мене ми е предобро сошиено, дури и неколку гинеколози ми рекоа дека ретко добро сошиена рана. Ептен задоволна од специјализантите.
Па не е ни важно кој те шиел, доктор или друг што бил во сала. Ама така ми објаснија, дека од конците внатрешно што се нормално било да затега повеќе на едната страна. И навистина олабавува тоа чувство по некое време. Ако е нешто неподносливо секако треба да се праша и прегледа.