Дали знае некој да ми објасни подеално за циститисот.Јас тој проблем го имам многу поодамна скоро пред една година прво ,се случуваше ретко и не обратив внимание пред 6месеци добив перманентни болки ,честа потреба од мокрење,урината мирисаше лошо,болки при мокрењето,нервоза исто и преголема желба за мокрење а всушност ништо.Отидов на гинеколог мислејки дека е инфекција ми зедоа мокрача и ми рекоа дека имам инфекција ,земаа и брис и показа дека имам габина инфекција.се лекував со едни таблетки увин цај и канестен заврси терапијата а мене 5 дена потоа не ми беше баш поминато.И баталив понекогаш ми се појавуваше па го сменуваше но,секогаш при мокрње имав болки и пецкање.Пред 1 недела при бришење после мокрење забелезав линија крв и се испласих многу,се јавив на гинек.и бев таму ме испратиј на уринокултура утре треа да го земам резултатот.Бев и на ехо и показа дека имам здебелен инфлаторен ѕид што всушност значело бактериска инфекција на бешиката.Ми дадоа терапија од увин,брусница,два вида на вагиналети,едно апценце за запирање на размнозувањето на габицната инфекција за бело прање,спазмекс и цитерал.Ме загрижува тоа што диолго време скоро 1 година не знаев дека имам всушност циститис дали неој со искуство од оваа болка може да ми помогне и да ми даде некој совет или како б можело тоа да го пребродам ,дали ке има последици ..помогнете ве молам ..поздрав
Јас имав ваков проблем на 2 пати до сеа, истите симптоми како што си ги опиша и ти со тоа што јас немав линија крв туку баш онака убаво си имаше крв во секое мокрење. Правев и ехо на бубрези бидејќи неможев навечер да спијам ужасно ме болеа ! на крај искочи дека е бактерија некоја си pyogenes која беше утврдена со уринокултура. Пиев цитерал ,палин и секакви чаеви и помогна. Потоа пак се јави по една година, ама се повлече со една кутија цитерал....од тогаш немам ништо веќе 2 години,меѓутоа секоја вечер си пијам различни чајчиња само природни. Ти препорачувам и тебе што повеќе чаеви,го прочистуваат организмот и делуваат превентивно. совет плус-по секој сексуален однос правец вц на мочкање,така ги исфрлаш сите бактерии... се надевам брзо ке се откачиш од овој проблем !
Благодарам многу сепак утре ке се знае точно што е тезултатот од уринокултурата и ке писувам пак.Само ме интресира дали тие бактерии се исчистуваат или вечно ке имаме проблеми читав низ форумот и сите влат многу биле досадни искрено едвај чекам да помине и нормално да мокрам.Уште еднаш благодарам поздрав
Станува збор за инфекција на уринарниот тракт што го зафаќа и мочниот меур. Главен причинител за оваа женска болест е бактеријата ешерикија коли или други патогени бактерии што се развиваат во дебелото црево. Инфекцијата најмногу ги напаѓа младите девојки од причина што се сексуално активни. Жените со јак имунитет се соочуваат со инфекцијата еднаш во животот, но има и такви што страдаат 4 до 5 пати во годината. Секојдневно треба да се пие многу вода, околу 1,5 литар. Исто така, задолжително на дневната листа да биде и една чаша чај или сок од брусница, секако со вистинска брусница. Избегнување на носење танга, особено со тесни панталони. При туширање, да се користат нови крпи и внимавајте да бидете чисти пред и по секој сексуален однос. Користете лубриканти за да не го оштетите делот кој бил инфициран со циститис. Избегнувајте капење во полна када, користење парфимирани крпи или марамчиња за бришење, како и пудра. Секогаш мокрете се додека не го испразните мочниот меур до крај. Исто така, не чекајте тој повторно целосно да се наполни.
симптомите на ешерикија се цистит,често мокрење со болку и печење на бешиката... јас ја имам со години а наводно секоја 3та зена ја има. Она што го знам за бактеријата е дека жените се ризична група поради краткиот уринарен канал кој доведува до побрз влез на бактеријата во бешиката. бактеријата се ствара во изметот и опстојува во анусот, па затоа најчесто се пренесува во бешиката преку секуален однос но можно е и партнерот да ја има и директно да ви ја пренесе.Исто така се заразуваме и преку загадена вода(ја има во вардар,билјанини извори,охридско...) па при ослабен имунитет лесно се јавуваат симптомите. Досега испив цел тон антибиотици кои акутно ми ја лечеа состојбата. Најлесно се разболувам во зима и лето, во зима поради ладното време и настинките а во лето поради потењето поради што гакичките ми се мократ и така влажни ми допираат на бешиката.Па затоа често носам хигиенски влошки, во зима со подебели гаки за поголема топлина а во лето секојдневните влошки кои сепак дополнително топлат и предизвикуваат потење знам да ги заменам со парче тоалет или палома ставена во гаките во пределот на бешиката. Она што ми го кажаа докторите е дека е ова е досадна бактерија и дека тешко се лекува, па затоа подобро е со алтернативна медицина и чаеви(брусница) но тие само ги ублажуваат симптомите а не лечат. Кога ми е ослабен имунитетот ако пијам алкохол и јадам благо одма ми се активира циститот па затоа ова треба да се избегнува(алкохол и шекери) инаку брусницата одлично ми го смирува циститот а јадам и дехидрирана брусница што ја има на пазарите а се наога и во големите маркети (на виталија) во пакување од 100гр и чини околу 80ден. Циститот ми се јавува најчесто наутро (па се затоплувам со шалови во предел на половината) но понекогаш и исчезнува за неколку саати. Сум имала и јаки остри болки што ме довеле и до солзи ...сеуште не сум нашла лек и трајно решение а сум пробала доста лекови,денес ги ублашувам болките само со чај од брусница ми ја препорачаа др-ката Марија Партикова планирам да ја посетам па ке ви го пренесам моето искуство . дотогаш поздрав
Порано Палинот ептен ми помагаше, едно до две апчиња и ми поминуваше (сепак треба да се испие цела доза, нормално). Но последните два пати, не сака ни да чуе со цела доза, а не пак со едно до две. Увин пијам само кога ептен морам, ептен ми е гаден, не знам зошто, дали дека од мала морам да го пијам, и не можам да го смислам. Последните два пати ми беа најболни, цела недела ме држеше болката, и како отечен ми беше долниот дел од стомакот, постојано бев со појаси, топли термоси... Плачев дури од болка. И овие апчиња ептен ми помогнаа Тука не знам, не сум сигурна дали ги има, мене од Бугарија ми ги донесоа. И секаде си ги носам, постојано се со мене во ташна.
Девојки дали имате пробано Фуролин? Тоа се грцки антибиотици и мене многу ми помогнаа.Претходно испив 3 дози цитерал и сеуште ја имав ешерихија и тоа 1000000.Од една доза фуролин бактеријата ја снема.
Го имав истиот проблем. Ептен гадна работа, буквално мава на психа. Најпрво го пиев палинот, ми помина но по две недели пак ми се врати. Овој пат палинот не ми помогна, пробав со чај од брусница но ни тоа не помогна и дури по две недели ( се навикнав да спијам со тоа чувство дека ми се моча) отидов на лекар. Ја испитав мокрачата, и ми пронајдоа бактерија. Лекарот ми препиша терапија соодветна на бактеријата што ја имам. За 4 дена потполно го излекував циститисот. Совет од мене: Не пијте ништо на своја рака! Посетете лекар доколку имате ваков проблем пошто е ептен заебана работа. Поздрав цури
Zlatusko ми ги препорача, ми се појавуваше едно време на секој секс, земв палин ама пак и пак исто. Е од овие се спасив, досега не е појавено, фала му на бога. Малку се поскапички околу 500 денари ама вреди.
Често чувствував пецкање при мокрење, па потоа силна болка и нагони за мокрење и само 2-3 капки. ама ајде си викам сигурно е циститис ,со увин чај па течности ова она и ке се смиреше и така една година. Пред некој ден направив уринокултура и испадна дека имам бакретија во мокрача КЛЕБСИЕЛА , дали некој имал искуство со оваа бактерија? ми препиша матичната антибиотици ама сакам да знам дали подолго време се лекува и се јавува повторно? и некој чај за отстранување на истата? фала однапред
equip, циститисот не се лекува само со чаеви. Е сега штом си била на лекар и ти препишала апчиња, пробај да ги пиеш во комбинација со чај од брусница без шеќер и тоа нон стоп. Мораш да внесуваш што е можно повеќе течности за да ги исфрлиш бактериите од тебе.
И јас го имам истиот проблем. Почнав на своја рака да пијам Пелин и денеска (4ти ден како пијам) почнав да имам несакани дејства и ги прекинав. Инаку си пијам и увин чај и можам да кажам дека сега се е во ред.
Интимна нега Кои препарати можат да се користат за интимна нега?Затоа што веќе 2 недели чуствувам печење при мокрењето?..Ве молам за одговор
Интимна нега Ти имаш цистит не е до интимната нега работава , стави малку алкохол на грпа и стави го на долниот дел од стомакот , преспиј со него до утре ќе немаш ни болки ни ништо
Devojki uste eden sovet od mene loga imate golemi bolki na uloska stavete rakija i dve casi uvin cas na eks pominuva za 15 min.. No privremeno
Знам дека е старо мислењево, ама морам да ги пофалам капсуливе, значи мака мачев со пречесто мокрење доста долго време и се испробав, чај од брусница, увин чај, палин, апчиња препишани од гинеколог... Ништо не ми помогна. Чајот од брусница и палинот можеби ми помогнаа со постојаното непријатно чувство долу, и чувство дека цело време ми се мокри на 2 мин (иако тоа само два пати ми се случи, примарниот проблем ми беше пречестото мокрење). Инаку пак одев во вц на 40-45 минути, некогаш и за пола час ми се одеше, а премија ми беше ако издржам до 1 час и нешто без мокрење. Дури од што толку ми удираше на психа, цело време гледав на саат пред колку време сум била и дека наскоро пак ќе ми се приоди. Капсуливе ги прочитав прв пат од оваа тема, и си реков ќе дадам ако треба 600 денари, само да делуваат. Ги пијам веќе една недела и од вчера почнав да забележувам подобрување, почнав да одам на 2 саати, а понекогаш и до 3-4 саати не ми се оди. Ќе ја довршам дозата и се надевам дека бар на 3-4 саати ќе ми се стабилизира одењето.
По шемата се пијат ,и најмалку 1 месец ,пауза па пак ,и од есен тој преоден период и пролет повторно се пијат , и јас сум задоволна од нив ги препорачувам
@petunija77 Таман ги пофалив, пак ми се зачести мокрењево сега. Инаку како, значи сега фактички две дози треба да испијам? Зошто во едно пакување има доза за 2 недели. Или после овие 2 недели пауза месец дена па пак? Страв ми е да не ми се врати искрено..