Малку е. Сигурна сум дека им е изговор тоа со непресметливоста, и сигурна сум дека психијатрите ќе потврдат дека биле свесни што прават. Не може тројца наеднаш да станат психотични во исто време. Се надевам дека максимална казна ќе добијат. И да биде ова пример, за секој во иднина, кој ќе помисли да претепува или убива некој, оти 'се изнервирал во моментот', или 'му бил лут' на некој.
И јас мислам дека ќе одат со најстрога казна, за да не им даваат аргументи на лешинарите да вадат политички поени од случајов.
Иначе дечки, уште една родилка почина од Гевгелија откако си дошла дома и паднала во кома. Не знам колку е ова објавено ама ситуацијата е страшна, дури им барале пари за тоа што лежела на апарати во кома а нивна грешка била заради грешна инекција при царскиот рез.
Значи, нема ден, да не му се крени притисокот на човек!! Во 21 век, родилки ни умираат! Катастрофа сме... невидена
Добро е што го прекфалификуваа делото, сега треба да се направи вештачењењ дека е направено при 3драв ра3ум и да им се додели најстрога ка3на.
Леле, греота. А за случајот со дечково, редно беше да се преквалификува делото. Само строга казна за тие монструми.
30годишна здрава права породена им почина, Оти се глуви докторите ,кога ќе се пожали пациент наместо да го прегледа сослуша ,докторот те откачува со изговор дека си разгалена и не трпиш болка нормално било да боли абе не знам како така од око од извиџење даваат заклучок без преглед ... За жал Не верувам дека ќе стигне случајот до пошироката јавност се замолкна медиумски и случајот од пред 3год за родилката во Гевгелија ....
Сигурна си дека "здрава и права " ? Жената не се пожалила на никакви болки . После втор ден посакала да си оди дома . Се чувствувала спремно . Третиот ден се вратила во болницата жалјќи се на вртоглавици и повраќање .Основни испитувања направени во Гевгелија ,толку колку што имаат апаратура и можности . Крвна слика чиста , ЕКГ мирно ,црп мирно . Но жената се жали на вртоглавици упорно .Никој од докторите не ја откачи во Гевгелија . Прегледана ина лице место од невролог,психијатар,интернист и гинеколог. Не еенајдена причината ,а жената упорно се жали .Истиот ден е пратена во Скопје со брза помош , во комбето пратена од тројца доктори со неа ( невролог,анестезиолог и гинеколог ) . Веднаш направена магнетна на глава . Чиста ! Веќе следниот ден паѓа во кома . Осум дена била на апарати. Никој во Скопје не барал пари за да ја држат уклучена на апарати . Им кажале на домашните дека мозокот откажал и треба да ја исклучат ,домашните одвај после 4 дена се сложиле да потпишат . Обдукцијата ќе покаже дали е точна претпоставката на сите доктори дека исходот е таков каков што е ради самата спинална анестезија . Жената била алергична скоро на се и сешто . Бог да ја прости . Ја познавав Многу ми е жал . Но да не плукаме само по здравствените работници . Некогаш не е се во нивни раце . Во случајов направија се што е во нивна моќ Едит: Жената не паднала дома во кома . Третиот ден после пораѓајот кога дошла во болницата да се пожали на повраќање и вратоглавица кажав веднаш и биле направени основнноте прегледи и анализи. Бидејќи било се чисто докторите заклучиле дека можно е и е лошо од тотхемата . После ручек по примените инфузии и се смирила состојбата ,но ноќта пак се вратила со исти тегоби . Натаму раскажав
Баш пиши што ќе испадне на крај. Не треба од прва да се суди. Не знаеме ни дали е до доктор ни дали е до неа.
Чекаат резултати од судска медицина . Сношти ја донесоа дури од Скопје . Тврдам дека докторите направија се што можат . Досега немало случај НИКОГАШ со брза помош пациент да биде придружуван од тројца доктори специјалисти и мед сестра . Жената е однесена за Скопје во два часот по полноќ . И тоа само зашто се жали на вртоглавици . Значи не смее да се напише дека не е изреагирано како што треба .
Neznam i zenive kaj trcaat odma doma i toa posle carski pa jas 3 dena terapija primav 4ti den pocnav da jadam po malce oni sakaat odma doma ne im se lezi pa na svoja odgovornost potpisuvaat i si odat.
Ќеркичката е супер . Операцијата рутинска ,без никакви компликации. Бебето оценето со 10/9 Што се случило после тоа со жената ќе каже обдукцијата . Многу жално,многу