Едно е да лаПкаш на државно . За жал имаше и има многу што лапкаат . Ама да лаПкаш у Систина , нит гледам начин како ќе лапка ,нит зошто да лапка ,ниту пак како некој од сопствениците ќе му дозволи да лапка
Лапкаат сите... никој не мора да им 'дозволи'. Пари никогаш не е доста, а по менталитет, граѓаните на државава, многу си сакаат и поштоваат мито и корупција.
Колку начини си има ехее. Он ако сака да земе плус пари ќе најде начин. На државно нема доктор што не лапка и не носи дома пијалоци еден маркет да снабди. Мислам дека и платите да ум бидат 1000 евра пак исто ќее.
Збориме конкретно за Систина . Ме интересираше како еве Лозанче зима пари на страна од пациенти . Пијалок и кафе според мене не е лапкање. Зборувам според мене . Да ме "натера " некој да му однесам кафе и пијалок можеби би рекла дека лапка . Ама јас лично не сум чула дека доктор "бара " пијалок . За во државна слушам ,гледам ,знам дека за жал имаат и тарифи некои доктори за ако сакаш да те оперираат конкретно они и во скоро време За во Систина мисла дека нит врски ти требаат ,нит мито . Одиш закажуваш кај кој Др сакаш . Дали преглед ,дали операција .. не сум слушнала некој да вратат од Систина . Поготово па не да му бараат мито
И ако народот не носи пијалоци и паричиња, туку пријавува ако доктор му ги побара. Не е само до докторите. Немојте да се изолирате од одговорност. Кој ги корумпира докторите? Народот!
За жал иста е ситуацијата и во Битолската болница, башка поради дефицит на лекари во Прилепската болница во определени денови дежураат и таму за +1000ден/дежурство, без платени патни трошоци и сл. Стратегија за специјализација нема, а специјалистите се речиси пред пензија, приморани да работат до 67год!
Ќе видиме.. А и не би ме изненадило да има пак тепачки, после сите гадотии што си ги изнарековте едни на други, по убиството на Никола. Нема да ми е чудно, дека сте ги затруле и нас'скале децата, пак да се тепаат меѓу себе.
Лозанче си зимаше 100 пати повише пари во државна кога беше од колку сега во Систина логички дека си ги надополнува останатите и таму. А дека бараат бараат а народот е глуп се лаже си дава пари нешто што е незаконски.
Ко прво нит ти се обратив тебе нешто лично нит па те нападнав да ми се обратиш со бе. Кажувам тоа што знам тој доктор ја има оперирано мајка ми 5 пати значи 5 пати и го знам како оче наш. Кај и да одиш си истиот не се мењаш.
Еми кој го знае ЗаШо се маче у Систина ? Ваљда не му е текнало дека у секое време може да се врне на клиника . Не верувам дека нема да го вратат на работа . Ме интересира ,имаш претстава колку плата зема еве он и Угриновски у Систина ? Зборам за плата преку сметка . Со платени придонеси со се
Епа јас знам за случај и нема врска дека Угриновски бара мито сега откако е во Систина. Блиски ми се тие.
@monik55 Дали за секој починат човек после операција се објавува на вести? - Не,на вести не објавуваме ама на порталите најчесто објавуваат
Јас си кажав поготови за Лозанче. Колку и да зима во систина плата си зимаше повише ваму. Толку од мене на таа тема. Седи мирна сега и со тебе ли да се закачам? Вести така го кажав како вест дека е.
Чисто мое мислење. На државно земаат мито еве пр.случајот со д-р А.Чапаровски. Иако по овие случаи на јавна обзнана поретки се случаите на парично мито,пишувам за голема сума пари. На приватно немаат потреба од мито. Докоторите парите ги прават во приватните болници преку детални прегледи и понатамошни упатувања на пациентот за и што треба и што не треба. А таму богами си кошта услугата. Чист пример хсг на ГАК беше 700ден. во Систина околу 4000ден,епа кошта. И на 4000ден. сигурно нема да ми побара мито да ме земе за процедура во тој и тој термин зошто знаеме дека е врзано со одреден број денови по циклус. Ако не дојдеш на ред на државно ќе си чекаш следен месец,друг термин.
Ама и ние пациентите ќе слушниме дека Трајко е најдобар во неговата област и ќе сакаме кај него . Одма и тоа ! Па кај него ќе биде зафатено . Ќе ни ја дадат Митра на термин . Е кај неа не сакаме ,не е добра она ,нема искуство ,лоша е , намќор е ..... Па ќе се окозиме од врски барање за Трајко да не оперира , па софри ќе нудиме , пијалоци ќе носиме , па волку пари ќе понудиме . И се така у круг . И после докторите ни се криви . А реално Трајко денес може 2 операции да направи . За кој попрво ?! И јас и Вале и Весна сме исто итни
Па напишав и предходно, дека народот ако не корумпира, не дава мито, а пријавува ако некој доктор му бара, нема да има такви ситуации. Читај со ред, да нема вакви забуни