https://bukefal.club/2018/08/08/na-...ha-tretoosomnicheniot-za-smrtta-na-sazdovski/ На сајтот на Интерпол ниту трага од потера по Јетон Љужа, третоосомничениот за смртта на Саздовски.
Си отворил на сајтот на МВР да видиш колку потерници има, кои со години стојат таму? И секаде во светот има криминалци по кои има потерници и со години не можат да ги најдат.
https://www.24.mk/tatko-pretepal-dvegodishno-dete-onesvesteno-doneseno-vo-bolnica Не можам да читам вакви работи Како ли родител крева рака на толку беспомошно суштество? Не затвор, мачење и тортура секој ден за ваков лик.
Е неможам повеќе да слушам за деца Темава намерно ќе ја одбегнам, немам ни што да пишам ни што паметно да кажам. Животни да сме, ќе научевме нешто за животот.
Имаме закони кои НЕ можат да се спроведат во пракса -немаат услови и ресурси за да ги згрижат и заштитат децата! Домовите и шелтер службите се хаос , ма се е хаос у принцип. Во ЦСР барав да се направи психолошко вештачење врз нас како родители и детето, ма било што само да си го заштитатм детето од вербална психичка и емотивна тортура . Одговорот можете да го замислите , разубедувања како тоа бил сложен тежок процес за моето дете можело уште повеќе да му се влоши состојбата од трауми , па таткото од бес ќе го малтретирал вербално детето уште повеќе мислам ?! WTF Па им реков ќе ви го носам тогаш вам детето тука ВИЕ како психолози и стручњаци да работите на ментално емотивно закрепнување додека не е доцна - они не биле стручни , приватно да сум си барала детски психолог! И сега се мислам кога јас би почнала да ги решавам проблемите на своја рака , тогаш за мене ќе има закон кој функционира за да ме казни ! Еве за пијаницава "татко" треба да се причека за детали Оти тоа е многу сложена постапка неможат да утврдат за што точно е виновен по член и став ?!? Можам да замислам и "колкава " казна ќе му одредат . И така немаат каде да го згрижат кутриот дете а тек другите 3... Ќе го издржава државата у затвор година ипол и ќе им го врати пак дома назад- Оти детето ИМА право на ДВАЈЦА родители! - така вели Законот
Ме потресуваат вакви вести, веке ни отварам ни читам, зошто стварно после сум растревожена и насекирана. Душички мали . Стока, стока од човек...Ма народот треба да ја земе правдата во свои раце и да му пресуди. Дај бе батковци некои нека го пречекаат да го пребијат од ќотек! Тука ја наоѓам и мајката крива и те како! Како бе дозволила децата да и живеат со ваков психопат?! Како можела да ги осуди на ваква тортура и иживување...Не секој заслужува да биде родител, не.
Облаче може барала помош жената , ама кутрата каде да оди ?? Ете пишува дека работи сигурно не работи за да се коцка за децата ринта да им обезбеди. Мислиш државата помага ?! Отвори во теми развод семејно насилство итн ќе читаш и ќе плачеш колку е тешко да се избави човек од ваква судбина во нашава држава .
Уште еден случај каде институцииве целосно потфрлиле. Било познато дека татково ги тепа, не било прв случај. Кој е тој доктор кој не пријавил насилство, посебно врз дете. Кој е тој полицаец кој го игнорирал фактор дека еден насилник се изживува врз цела фамилија. Каде биле социјални работници кога било приложено физичкото насилство. Не само “таткото” во затвор, туку и другиве што дремеле и не си ја вршеле работата, а со тоа и детски живот се ставил во опасност, треба санкции. Не знам за мајката. Се надевам од љубов не седела и не го трпела сето тоа.
@tambelina Никаде не пишува дека пријавила претходно, туку дека сега кажала во разговор со полиција, по случкава. Не треба да ја осудувам, можам да замислам и на неа како и е, ама ни да ја оправдам. Мајка треба да направи се да ги избави децата од таква голгота, никогаш, ама никогаш не би дозволила да гледаат насилство, а уште помалку да трпат од било кого. Ако таткото е ненормален, мајката треба да ги заштити.
@danichap Страшно...Претпоставувам само, од текстот така разбрав. Затоа велам дека подеднакво треба да сноси одговорност. Требало ли да се онесвести детенцето од ќотек за да пријави и да го однесе на лекар?! Да не се случело можеби пак ке си ќутела и трпела, а и децата осудени од двајцата родители на истото.
http://javno.mk/pijan-tatko-besvest-go-pretepal-svoeto-dvegodishno-sinche/ Овој на бесилка ако го пуштат исто ќе прави.
Многу вакви насилници се толерираат прво во семејството, постои насилство но се молчи се додека не дојде до еве ваков сериозен случај. А потоа, на некои ќе им се прогледа низ прсти и ќе завршат без казна. Епа така не може. Тоа не чини. Не смее да се дозволи вакви личности да шетаат слободно без да си ја добијат казната што им следува. Не може секогаш некој да страда заради нечиј болен ум.
Какви суштества има на планетава? Тоа во никој случај не смее да се нарече татко,ни сопруг,деспот подобро би било.Со кое срце си го мавал детето? 2 годишно детенце трауми да му направиш,и другите деца да си ги малтретираш,и пред нивни очи и нивната мајка да ја злоставуваш.Како смееш да кренеш рака на дете? Како на жена? Тоа е твојата машкост,ја користиш за да тепаш послаби од тебе? Не можам да си поверувам какви идиоти има по планетава.И за жал,монструмите се секогаш од наше блиско опкружување.Оние со кои најнормален муабет си правиш,е тие се некој други личности.Загрижувачки е фактот,ваквите лица мора да се третираат соодветно.Кој им дава право на овие да мислат дека се супериорни, не знам.Користат сила за да ги заплашат другите,ниво на интелигенција-празнина,не постои.
Соживот а? Урнат ѕид на семејна куќа, искршено ветробранско стакло на автомобил, навреди и закани дека ќе бидат убиени. Две стари и тешко болни лица со ужаснување ја раскажуваат мачната приказна за тортурата која со години, секојдневно ја преживуваат во својот роден Гостивар и тоа директно од општинската власт, која, како што тврдат, напросто сака да ги избрка од доминантно албанското соседство. https://alfa.mk/етничка-дискриминација-или-обична-не/
Ако е навистина без дозвола, воопшто не би ме изненадило. Западна Македонија и Северно Скопје, нема власт повеќе од деценија наназад! Само на бабава некој да и' објасни што значи геноцид, и дека на Маите никој не им извршил геноцид... Ах.. чекај... ѕидот на општинско земјиште на диво му бил изграден.. Тоа скроз го менува муабетот. Е ако е на диво, нека не квичат.
Само што сакав тоа да го пишам.Кој е жртва? Соживот Ајде сега законот нека важи и за нив... Или за нив анархија,не важи ништо.Очекувам да се спроведе правдата.Ова е етничка дискриминација,и тоа во сопствената земја.За ова и Уставен суд е должен да реагира,се кршат основни слободи и права.