...Треба да си морално дно на дното за да реагираш ужаснато на вакви трагедии (смрт на болни деца за кои фалеле пари за операција) политички селективно, т.е. само кога спротивната партија од твојата политичка определба е на власт. И за двете страни важи. Нека почива во мир девојчето.
Zalno za devojceto neka pociva vo mir greoticka samo neznam dokoga narodot ke trpe a tie od vladata tamu ke se luksuziraat bez razlika od koja partija I da se dokoga ke se ima pari za razni luksuzi a za lecenje na bolnite deca ke nema
https://24info.mk/семејството-било-застрелано-со-пишто/ Кој е поводот за да се стори вакво нешто ?! Помор на цела една фамилија ! Понекогаш незнам што да мислам, што се крие во главата на некои луѓе. За една педа земја, за дрвотот на меѓата, за тоа ,,капката,, во чии двор паѓа, за обични комшиски несогласувања...се убива
Катастрофа станавме нелуѓе веќе.Матријалното пред се Стварно жално.Човек да не знае од кој да се плаши од роднина или од туѓинец Лека им земја на луѓето , а убиецот нека се казни со максимачна казна.
Кај нас, прва причина за вакви работи се имотно-правни односи. Затоа не треба делење на децата: машко-женско, заслужил-не заслужил. Или на сите исто, или никому ништо.
Според сознанија на граѓани на Дебар, пак, убиец е нивен роднина, зет за сестра на убиениот А.П., а причина била банална, расправија околу пат за проаѓање меѓу нивните две куќи.
Кај ќе ја носат таа земја, каде ќе одат со тие 30 см?! Страшни работи се случуваат. Ќе речат- такви времиња дојдоа ! Ма не е до времињата, туку до луѓето.
Никогаш не е банална.. Тоа било капаче, ама сигурно се 'јаделе' со години уназад. Има еден куп такви семејства во Македонија.. Не зборуваат браќа со сестри, се караат, не се канат едни со други на свадби.. И еден ден.. ситна расправија.. пример гласна музика, и едниот на другиот ќе му го тргни пиштолот... И после сите: Еј.. како, зошто.. Е зошто де?? Долгогодишни зајадливости и префрлања.. што мислите:.. кај водат??
толку му беше...сега едно 20тина год нема да пројде по тој пат. после ако излезе жив може..а може и не.
Да... конкретниот чин, самиот излив е глупав и непотребен. Ама луѓето се и емоции, не само разум. Се чувствува едниот повреден, се чувствува другиот повреден, се акумулира незадоволството со години-децении... и ете ти беља. Затоа најдобро е да се решаваат вакви работи со време. А не да се оставаат недовршени работи, неправедни поделби итн. Треба секој од нас да има на ум, дека чиста сметка-долга љубов - не е само проста поговорка, туку дека сите треба да ја почитуваме, за да не развиеме подоцна негативни емоции, едни спрема други, и да испустиме и туѓ, а и нашиот живот.. и на еден куп луѓе околу нас... Заборавив да додадам: Овој тип, се афектни убиства. Афектните убиства и насилства, најлесно можат да се избегнат и спречат, и не се рецидивни.
Од кога едно парче земја е поскапо од човечки живот? Од секогаш овие имотно- семејни односи во мене предизвикуваат бес и лутина, тој сегмент од фамилијарните односи секогаш го покажува вистинското лице и лакомијата во луѓето Нека земат да се тепаат за нешто сами што си создале, не за нешто што некој друг го создал или купил
Не е лакомија. Натрупани фрустрации и незадоволство се во прашање. Затоа треба да си ги чукнат главите сите. Многу лесно се решава ова.... најлесно е... Како настинка.. Може да се спречи!
Ради вакви работи,оставив една куќа во Блеград,на мајками браќата и сестрите се направија лом,и не зборат повеќе од 15 год никој со никој,и решија мене да ми ја препишат,но јас не ја прифатив.Фала не ми треба такви проблеми,нека ја продаде државата и нека им подели пари и ајт чао.Овие работи за жал доведуваат до вакви лудости.
Ете.. тоа е тоа.. И во мојата фамилија има синџир од нерешени имотно правни основи... И туку се јадат едни со други. Затоа и јас се имам откажано од дел. И мислам дека во повеќето фамилии во Македонија има вакви проблеми.. скоро во секоја. Порадо мир дома, отколку нервози, кавги и трауми
За жал мојата мајка не е повеќе жива,а кога беше жива она се откажа судски од имот и дел од имот.И немаа на кој да ја препишат куќата а да не се караат меѓу себе,затоа што стварно многу долго трае сето ова,јас реков не сакам чим мајками не ја сакала таа куќа,не ја сакам ни јас.Што сакате правете со неа,мене такви проблеми не ми требаат,и ете ја така си стои куќата а они суште не прават муабет меѓу себе,еден брат и две сестри се останати,и никој со никој не збори,нит контакт имаат децата едни со други.
Од прабаба има дел, 3 соби мувлосани, се караат двајца во канада и еден тука, со години.. Нездрава работа Чекај па на дедо ми нивите и куќата на село ко ќе дојдат За еден трактор ќе се заколеја Јас се откажав од 150 квадрати куќа, ганц нова.. за со брат ми да не се карам...