Те разбирам само што и јас сум тажна и изреволтирана кога гледам и читам вакви работи од не луѓе без разлика за која националност се работи.
Точно, трагедија е, ужасна трагедија, особено за оние кои остануваат зад нив во солзи и тага. Како што пишав, што веројатно си прочитала. И никогаш не му доаѓа на врата на тој што е виновен. Секаде е пренесено дека е (близу) Карпалак. Еве на мапа, веднаш спроти е. Да, Ванковска, лично и персонално. Ти требаше нешто? Малку да беше Џон Сноу, ќе ја разбереше разликата во нејзиното ситење и моето жалење. Си се преценил. Вабковска сега ја прочитав, па дури и она е извадена од контекст од оние кои секогаш глумат длабоко сочувствителни, а жеден преку вода би те пренеле. Не е негативен призвук, ниту наситка, ако алудираш на тоа, напротив. Туку е претажно и ужасно. И не, нема тука ништо за разбирање. Патем, имам блиска роднина меѓу повредените, така да без погрешни идеи и конотации. Еден албанец кои бил меѓу тие кои ги влечеле и ваделе, полни очи солзи сам го зборувал истото, кога на крајот очигледно е дека си требаме едни на други. Камелија, работиш во здравство, знаеш што е триажа, на најгласните во барањето помош најмалку им треба помош. Епа така нешто и со жалопојките - оние најдраматичните во исказите и потребата да глумат потресени и да укажуваат на другите дали се доволно потресени и како го искажуваат (најисправно како се искажува тага зошто само они знаат), веројатно не се и ништо не задржуваат во себе, за нив утре веќе ќе е нов ден и тоа е, живот, поминало. Ако препознавате омраза, веројатно така вие гледате на работите и го препознавате, јас воопшто не чувствувам ниту омраза, ниту ситење. Напротив. А кога ќе поминеш и сам низ низа животни трагедии веројатно ќе го разбереш и тоа што некогаш не си го разбрал и ти делувало глупо. Ако некој нешто констатира од своја перспектива, не значи дека се сити. Имате потреба ли од такво нешто да докажувате дека сте потресени големи луѓе? А дополнително е што многу македонци и навистина се ситат, но нели човечно е да глумат дека сочувствуваат зошто тоа се очекува, инаку јавно ќе покамат дека не се со сите. Мизерно и ниско. Тажно и трагично е тоа што се случи, а вие не морате да бидете особата што се издерава во тешки моменти зошто се смета за посвесна од останатите, па ги опаметува. Јасно е - потресно е, тажно е, трагично е, неправедно е, ужасно е. Предизвикува потресеност и вознемирување и да си од камен дури.Треба уште нешто да набројам? Но во човечката природа е почесто да глуми потресен кига трагедијата се случува, а подзаборава да биде човек и е себичен
И јас ќе ја ставам секаде. Срамота! И она патриот се нарекува. Ни ,,П'' од патриотизам нема кај неа. И сите што се ситат со смртта на луѓето нек не се нарекуваат повеќе луѓе, Жално ова што се случи. За секунда снема 14 луѓе. И тоа млади што е уште потрагично. Жално и за нивните семејства.
Јас не алудирав на ништо. По Карпалак се ориентираат, океј, иако на Карпалак не е. Прашав само на каква "некоинциденција" се мисли. Ниту пак местово е црна точка, напротив, баш тој дел е навистина добар за возење и ретко воопшто има незгоди. А ако алудираш на мерење животни трагедии, јас своите не сум ги споделила, така што... не би можела да знаеш.
Такво видео немам видено каде што се гледа лице на починат, всушност освен на еден жив и малку повреден, друг не видов.
Na alsat tv na fb pusti go videoto od nekoi 56-60 min u prvite 15 min 3 tela vadatvi gi turat na krajot na patot na zemjata a kamermanite odblizu mu gi snimaat licata
Не би рекла дека е особено убав дел за возење. Особено во тој дел. По три пато во неделата поминувам(в) од таму, и ретко кога не начекувам по нешто, за среќа не со црн исход. А особено задолжително секогаш кига и да поминам има евидентни траги од кочење и особено лошо е што не е воопшто рамен патот. Ај не коментирам за трагедиите. Не ми се навлегува и нема потреба. Ти вака потресен продужи да коментираш во дали има разлика тенок или дебел, такви чувствителни и повеќе интелектуални теми ти се на ниво. И сјаши ми скурца. Добро? Зошто не можам да разберам баш како има човек расположение за такви теми после ваква тема и обратно, ама тоа е ваљда некоја фабричка грешка, управо опишана во мојот три пати едитиран пост. Или дополни со кого сакаш да имаш секс, зошто и онака за тебе трагедијава е само уште еден муабет и ќе продолжиш во следна тема за полови органи, а утре веројатно најдлабоко мислење ќе ти биде - тоа е брат, живот и веќе ќе биде минато свршена тема. Срамота.
Такоѓе, едно 5 години патував секој ден. Мојов муабет се докажува, просто нема многу сообраќајки - посебно не со смртни исходи - во овој дел, да речеме на пат за Берово имаш знаци за 2 или 3 црни точки кои знаеме што значат. Што се однесува до локацијата, чим често си натака белким знаеш каде беше масакрот, а каде е селово, еве ако има збунети, оти вака со шокантниве вести ќе испадне дека автобусов може се забил во спомен плочата. Белата стрелка е местото на масакрот.
Цела месност се вика Карпалак, не мора буквално да биде баш баш баш таа точка, без претерувања сега. Не одам сега така често, веројатно наредната недела ќе одам натака. Но состојбата верувам дека е непроменета. И се вози безобразно во тој дел. Летото и есента, не се случуваше да поминам во тој дел, а да нема некој подчукнат, застанат да менува гума или едноставно некој да ти пресече пат и да кочиш во последен момент. И Новоградишка е досаден и прав пат, па е црна точка. Како и да е... мачно...
@Lilit Во првичното мислење разбрав дека сакаше да кажеш дека животот е секогаш неправеден и секогаш невини човечки животи страдаат, за што и се согласувам, само само мислата ти беше сумирана во малку лоша изразена форма. Во второто мислење искрено, го изгубив трагот на поентата. Не верувам дека некој тргнал да глуми дека му е жал само за да се вклопи. Апсурдно ми е воопшто да се разглобува. И го напаѓаш @John Snow зошто коментирал во друга тема, но еве и јас не можам да разберам како човек има расположение после оваа тема да коментира за поставен Албанец на функција во Политичките теми. Му доаѓа едно те исто. No offense.
Клисурата е Карпалак, проблемот не е во тоа, него во шпекулациите и неточните информации. Возењето е друг муабет, дека возат крајно безобразно, ама сепак не е патот лош, а не верувам дека со автобусов можел нешто пребрзо да се движи... Скопје-Тетово не е досаден и прав пат, башка за разлика од примерот со Новоградишка нема проблем со магла и "облаци" на пат. Освен лудачко возење, нема реално друг проблем со самиот автопат. А лудачкото возење е 100% човечки фактор.
Страшно... Бог да ги прости мртвите, живите да преживеат без посериозни последици и силни да бидат семејствата... Секоја чест за брзата и одлучна помош од страна на луѓето што живеат или се нашле таму во тој момент. Исто така добро е што некои домови јавно се понудија да излезат во пресрет на семејствата за ноќевање во близина на болницата 8-ми Септември. ...
Навистина жално и болно. Со двајца од починатите лично се знаев. Нека почиваат во мир сите починати,и брзо опоравување на сите повредени.
Многу трагично. Пред животот сите сме на колена. Со тие автобуси секое патување за Скопје ми беше. И сите што ги знам, а патуваат на таа релација се возат со Дурмо. Се избезумив кога прочитав. Нема зборови. Болката и загубата е исто еднаква и голема за секое семејство. Нема потреба да се прави сензација од одредени вести и коментари уште помалку има потреба да се споделуваат и овде. Да не потпаѓаме лесно на провокации. Нека им е лесна земјата...
Страшно, трагично, ужасно! Сочувство до семејствата на загинатите, брзо опоравување на преживеаните. Сите што коменираат дека ова е заслужено, треба да се сместат во Бардовци, за таму им е местото. Луѓето се делат на добри и лоши, не по национална, верска или расна припадност. Крај. Таквите што се ситат на трагедии се дното, џганот на секое општество.
Жално Бог да ги прости.Јас само што прочитав се наежив целаВидеото не сакам да го видам.Како некој и снамал